Македонска фудбалска репрезентација

Член од
17 април 2024
Мислења
591
Поени од реакции
1.372
да види кај 0,11 сек кај шо го туркат муслиу со двете раце
Абе тежок киксер е Висар на моменти, го памтам уште од Вардар ЛЕ групна фаза мама ни е** со пеналите, ама ова вчера беше престрого...
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
На Дарко Велковски му раскинале договор во Динамо Букурешт.
Како може да му раскинале кога дојде во јануари на 6 месеци договор/истечен и му е понуден нов договор но паднати се преговорите заради поголема плата .
Има интерес од тимот на Ѓоко Зајков,тимови од Полска и арапски тимови .

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.514
Поени од реакции
26.147

Добро Царе, од ова ќе помислиме дека Динамо Букурешт нема пари да се наддава за платата затоа што ПСЖ и Манчестер Јунајтед му нудат по 20 милиони по сезона а не дека е дрво што виделе дека не вреди ни 2000 евра плата да му дадат.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
Добро Царе, од ова ќе помислиме дека Динамо Букурешт нема пари да се наддава за платата затоа што
Сакам да си прецизен во информацијата , едно е избркан под наводници не продолжен договор и друго е кога добра сезона имал Велковски но заради немање пари и пропаднати преговори ,Даре го напушта клубот .
Крајова на Зајков е постабилен клуб и голема можност е дека таму ќе продолжи едино ако полски клубови не се јават со подобра понуда ,едниот е Краковија на Атанасов .

ги има овие информации на macedonianfootball.com и твитер на @footballmacedonia .
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349

Дали се овие нормални???

– У.О. на ФФМ донесе одлука за износот на цената на билетите за натпреварот на македонската А репрезентација против Ерменија од циклусот во Лига на Нации на 10. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Цената на влезница за натпреварот изнесува 200 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). 1500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

400 денари за да гледам Македонија-Ерменија на јужна или северна????
 
Ама не сфаќаш ти дека ќе имаш шанса да го видиш Мктаријан пред пензија. Тоа за фановите на Арсенал и Интер треба да биде доживљај столеќа.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.336
Реално толку се цените, 400 и 200 - ако единствена цел ти е да помислат дека играш пред празни трибини.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.784
Поени од реакции
1.698
Реално и не е многу 400ден, доколку не си од Скопје(како повеќето гледачи на стадион) секако ќе ти биде многу за гледање поради превоз и патарини, но за Скопје е ок цена.
 
Член од
13 јули 2024
Мислења
474
Поени од реакции
762
abe liga nacii e aj da e kvalifikacii nesto da dojde portugal england belgija aj ali ova znaeme sho ke bidne so parite ajt
 
Член од
17 април 2024
Мислења
591
Поени од реакции
1.372
Колку и да се нормални цените на билетите, сепак народов сака колку толку по симболична цена од некои си 150-200 денари, башка со оваа цена ќе биде поголема шансата да се наполни стадионот. Инаку прогнозирам да сме први во група, највеќе ќе се измачиме со Ерменциве со кој што секогаш во меѓусебните дуели сме 50% 50%.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.298
Поени од реакции
11.599
Гранеж е ценава и од Скопје да си и од Пехчево. При онакви лоши резултати што ги имаме последниве години треба да е 200 денари, и да се наполни стадионот и со чоро и сакато. 400 денари против Ерменија :sick:
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
Идете у три лепе ако еднаш дадете 200 или 400 денари за карта меч.Скупо ви било.
Бахато ви е коментирањето!
Немате проблем за кутија цигари или една пица ќе пропуштите или седење у Мартин паралелно коштање 200/400 денари.
 
Ако гледаш така нека ја стават ценава 2000? Хехеххее немате проблем да штракате на апарати на 100денари СКУПО ви е 2000 Бахато ви е коментирањето!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom