UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.605
Поени од реакции
22.610
Топ состав имаат шпанците, иако според многумина не е така.
Не знам само Лапорт во каква форма е, можеби требаше да повика и еден од Пау Торес / Кубарси, на сметка на еден од напаѓачите.
Втора слаба точка е десната бековска позиција, Хесус Навас има 100 години, практично ќе треба Карвахал да ги игра сите наптревари по 90 минути. Има забелешки зошто не е повикан Педро Поро, ама јас повеќе мислам дека не требаше да го изостави Маркос Љоренте (кој веќе беше во поширокиот состав).
Средината топ, нападот исто така. Мората ја имаше една од најдобрите сезони во неговата кариера (голгетерски), ако продолжи така и на ЕП, ќе бидат интересни за гледање.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.776
Ајде бе нека се гони, Љоренте со топ сезона позади него и играч кој можи да ги покрие сите позиции го изостави, исто и спрема Кубарси не е фер, мислев дека детето ќе добие повик и заслужи

Иако имаат добри играчи и очекувам многу од нив на ова првенство ама ова не му требаше
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.335
Поени од реакции
26.274
Ќе се отвара ли подфорум за ЕП или тука на оваа тема ќе ги коментираме сите утакмици?
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.100
Поени од реакции
25.147
Ќе се отвара ли подфорум за ЕП или тука на оваа тема ќе ги коментираме сите утакмици?
Мислам дека нема потреба, едвај оваа тема собра 8 страни.
Според мене подобро е овде да се коментира цело првенство.

Може посебна тема да се отвори за јаки пички на трибина, ама за тоа ќе го задолжам гуруто @Scirea.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.555
Поени од реакции
26.280
Ехехехехеххехенглеска првиот фаворит за освојување според рандом паб навивач
Screenshot_20240608_134758_Instagram.jpg
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.378
Поени од реакции
6.531
Го вратија назад уште непочнати.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.787
Поени од реакции
1.698
Како си добија непостоечки пенал Хрватите против Португалија, срамотно издание на Португал, се надевам ќе се поправат до Европското. Хрватите во подобро издание отколку против нас.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Како си добија непостоечки пенал Хрватите против Португалија, срамотно издание на Португал, се надевам ќе се поправат до Европското. Хрватите во подобро издание отколку против нас.
Можеби пеналот не беше, ама на крај Португалците треба да се среќни со 2-1 пораз само.
Не можам да разберам што магија фрла Мартинез на интервјуата за работа и му даваат златни генерации во раце. Ко да дадеш млазен авион на пилот од Арачиново....
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.939
Можеби пеналот не беше, ама на крај Португалците треба да се среќни со 2-1 пораз само.
Не можам да разберам што магија фрла Мартинез на интервјуата за работа и му даваат златни генерации во раце. Ко да дадеш млазен авион на пилот од Арачиново....
Па добро ги води за сеа бе, ќе видиме сеа на ЕП што ќе направат, за мене се главен фаворит уз Франција. Не е репер вчерашниот меч, со мешан тим играа.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Па добро ги води за сеа бе, ќе видиме сеа на ЕП што ќе направат, за мене се главен фаворит уз Франција. Не е репер вчерашниот меч, со мешан тим играа.
Ајде да не победуваш низ квалификации со таква екипа. Прв пат му е да налета на екипа од горен ешалон и одма јаловост. Плус и од Словенија 2-0 изгуби.
Ајде тек ќе му судиме за Португалија после првенствово, ама генерално неговата кариера може да се опише како failing upwards. Какви екипи добива во раце, златни генерации, со огромни договори, а освен еден ФА куп проследен со испаѓање нема ништо друго значајно во кариерата.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.226
Поени од реакции
14.523
Италија треба да си игра со тројца позади. Тоа многу повеќе одговара на нивните централни дефанзивци, па и на бековите. Спалети да не биде суетен и да препишува од Инзаги, особено во отварање, кога има фудбалери во одбрана и среден ред, кои се или биле во Интер.

Па и офанзивно ќе им одговара 3421, немаат некои крила да се ослонат, освен Киеза, кој може да игра нешто како втор напаѓач ики десетка, со Пелегрини.

По списокот што го направи Спалети, веројатно ова му е најсериозна опција


Голман Викарио (иако тешко), а во напад Скамака пред Распадори.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.390
Поени од реакции
4.352
Дајте листа на локали (пабови, кафичи, кафани) низ Скопје (а и низ другите градови) каде што ќе може на раат да се гледа ЕП, со глас со сите салтанати, без да врти Фешн ТВ или Балканика. Ова нека биде и слободно како промоција за таквите локали, бидејќи секако малку останаа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom