Не дозволува сеуште Телеком да сами си ја инсталираме опремата ,нивните техничари тоа го прават и бидејки боксовите ги најавуваат во централа
Опремата слободно можат да ја најават во систем во било кој салон.
Проблемот е во тоа што дури и ако корисникот е запознаен со техничкиот процес и знае како да го направи поврзувањето, сепак кога станува збор за оптички телекомуникациски приклучок мора да се провери сигналот, кој можеби е одличен, а можеби е ослабен поради превиткување или истегнување на кабелот, или па ако влегла прашина во приклучокот или во завршниот кабел, поради што мора да се провери сигналот и да се поправи доколку има потреба од поправка.
За волја на вистината поголемиот дел од татините и мамините синчиња вработени во Македонски Телеком кои никогаш во животот немаат заковано шајка, а не па да имаат спроведено и поврзано оптички кабел, воопшто не се замараат да го проверат сигналот, но ако ги начека искинат или оштетен приклучок со лош сигнал или без никаков сигнал, ќе се чешаат после минимум половина час додека да го откријат изворот на проблемот и да го поправат.
Но затоа ќе избегаат како глувци од мачка и експресно ќе го префрлат налогот за монтажа кај надворешен подизведувач доколку откријат дека никогаш немало постоечки оптички телекомуникациски приклучок кај крајниот корисник и дека допрва ќе треба да се буши, да се спроведува и да се фиксира оптички кабел, да се постави завршен оптички телекомуникациски приклучок, па да се прави поврзување во катното сандаче, па завршно поврзување во надворешниот уличен ормар, а сето тоа трае 60 до 90 минути за монтажа, ако не и повеќе, во зависност од должината на релацијата и условите кои ги диктира теренот, а татините и мамините синчиња вработени во Македонски Телеком не се родени, воспитани и израснати за таква вистинска работа.
За ден два доаѓаат
Sent from my phone using Tapatalk
Зависи од тоа кај кого пристигнал налогот за монтажа.
Доколку пристигне налогот кај некој кој слабо стои со налози, а сака да работи, можеби ќе го контактира корисникот истиот ден.
Доколку пристигне налогот кај некој кај кого врие од налози и едвај успева да постигне, веројатно ќе го контактира корисникот во текот на неделата.
Ама ако налогот пристигне кај некои од татините и мамините синчиња вработени во Македонски Телеком, кои не се родени, воспитани и израснати за вистинска работа, налогот може да дреме повеќе од недела дена, а може да им текне и да го дадат налогот за откажување со оправдување дека корисникот не бил достапен. Ретко прават такви глупости, но кога ги прават ич око не им трепнува бидејќи знаат дека многу се мали шансите корисникот да се нафати редовно да шета секој ден по салоните и да прашува каков е статусот на неговото барање, а истовремено неговите поплаки да пристигнат до некој раководител, па тој раководител да ги праша детиштата зошто барањето сеуште не е реализирано.
А ако налогот за монтажа пристигне кај надворешен подизведувач, вообичаено доаѓаат за еден до два дена, понекогаш доаѓаат дури и истиот ден кога е поднесено барањето.