MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.405
Поени од реакции
590
Само да кликнам на ОК, и потоа стрелката за десно, и толку е, ќе замрзне

Sent from my phone using Tapatalk
стисни пак ОК и ќе се одмрзне
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.477
Поени од реакции
823
Овде пише дека првиот и вториот уред се беспари...ако човек побара втор уред туку така ќе му го дадат или?
 

Attachments

Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Овде пише дека првиот и вториот уред се беспари...ако човек побара втор уред туку така ќе му го дадат или?
Не знам дали ќе ти го дадат вториот рисивер во салон, можеби ќе ти го дадат, а можеби не.

Не знам кои им се правилата за новата опрема за новата Магента ТВ платформа.

Можеби ако им кажеш дека дома имаш подготвена инсталација и дека знаеш како самостојно да ја поврзиш и конфигурираш опремата, ќе ти дадат рисивер во салон.

Во спротивно ќе треба да поднесеш барање за втор рисивер и ќе треба да чекаш да дојде техничар за да го намести уредот.

И да, за вториот рисивер никогаш не се плаќаше дополнително за MaxTV, а истото важи и за Магента ТВ.

Единствено за MaxTV наплаќаа еднократно 990 денари за вториот рисивер, но и тој еднократен трошок го укинаа поодамна.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.617
Поени од реакции
769
па никогаш не ни бил залепен преводот во хбо апликацијата , и откако памтам постои опција за избор на преводи , како и за големина и боја на фонтот .
јас зборам за МахТв
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
953
Поени од реакции
971
Овде пише дека првиот и вториот уред се беспари...ако човек побара втор уред туку така ќе му го дадат или?
Бесплатен е втор ресивер со новата Магента ТВ, нема повеќе наплаќање еднократен надомест за втор ресивер. Е сега од трет натаму наплаќаат по 139 ден/ месечно, ама секој сигурно ќе земи само 2 што е сосема доволно за 2 телевизори.
Не знам дали ќе ти го дадат вториот рисивер во салон, можеби ќе ти го дадат, а можеби не.

Не знам кои им се правилата за новата опрема за новата Магента ТВ платформа.

Можеби ако им кажеш дека дома имаш подготвена инсталација и дека знаеш како самостојно да ја поврзиш и конфигурираш опремата, ќе ти дадат рисивер во салон.

Во спротивно ќе треба да поднесеш барање за втор рисивер и ќе треба да чекаш да дојде техничар за да го намести уредот.

И да, за вториот рисивер никогаш не се плаќаше дополнително за MaxTV, а истото важи и за Магента ТВ.

Единствено за MaxTV наплаќаа еднократно 990 денари за вториот рисивер, но и тој еднократен трошок го укинаа поодамна.
Бесплатна е инсталацијата на било што со потпишување на договор на 2 години, нема врска, може да и сам да си го инсталира нема некоја филозофија голема. Има туторијали на интернет за инсталирање на новата Магента ТВ.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.477
Поени од реакции
823
Муабетот ми беше ако побарам уште еден ресивер дали ќе ми дадат онака или пак ќе проверат дали имам уште еден тв или не...За инсталација може и сам човек да инсталира аман не е филозофија...aishtajn- третиот уред е 99ден за магента а 139 е за макств..така барем пише во пдф документот
Автоматски споено мислење:

Не знам дали ќе ти го дадат вториот рисивер во салон, можеби ќе ти го дадат, а можеби не.

Не знам кои им се правилата за новата опрема за новата Магента ТВ платформа.

Можеби ако им кажеш дека дома имаш подготвена инсталација и дека знаеш како самостојно да ја поврзиш и конфигурираш опремата, ќе ти дадат рисивер во салон.

Во спротивно ќе треба да поднесеш барање за втор рисивер и ќе треба да чекаш да дојде техничар за да го намести уредот.

И да, за вториот рисивер никогаш не се плаќаше дополнително за MaxTV, а истото важи и за Магента ТВ.

Единствено за MaxTV наплаќаа еднократно 990 денари за вториот рисивер, но и тој еднократен трошок го укинаа поодамна.
Тоа ме интересираше дали треба посебно барање за втор ресивер или не треба (не дека ми треба плус ресивер туку само меи интересираше дали ќе ми дадат уште еден ако побарам).
За макс тв се наплаќало 999 за втор приемник..така пише во пдф документот од сајтот
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.674
Поени од реакции
8.103
Вчера и денес пробувам на MaxTV да премотам наназад и не успевам. Имам ресивер од оние првите сивите Media reciver 100.

Значи ми остана вклучено на Канал 5 подолго време и пробав да вратам наназад не возможно во моментов пишува.

Има некој ваков проблем?
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.617
Поени од реакции
769
Бесплатен е втор ресивер со новата Магента ТВ, нема повеќе наплаќање еднократен надомест за втор ресивер. Е сега од трет натаму наплаќаат по 139 ден/ месечно, ама секој сигурно ќе земи само 2 што е сосема доволно за 2 телевизори.

Бесплатна е инсталацијата на било што со потпишување на договор на 2 години, нема врска, може да и сам да си го инсталира нема некоја филозофија голема. Има туторијали на интернет за инсталирање на новата Магента ТВ.
Не дозволува сеуште Телеком да сами си ја инсталираме опремата ,нивните техничари тоа го прават и бидејки боксовите ги најавуваат во централа
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.477
Поени од реакции
823
Не дозволува сеуште Телеком да сами си ја инсталираме опремата ,нивните техничари тоа го прават и бидејки боксовите ги најавуваат во централа
Значи ако има некој една магентатв и посака друга треба да ги чека тие од телеком да дојдат и да му ја инсталираат? Губење време
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
955
Поени од реакции
629
Значи ако има некој една магентатв и посака друга треба да ги чека тие од телеком да дојдат и да му ја инсталираат? Губење време
За ден два доаѓаат

Sent from my phone using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Не дозволува сеуште Телеком да сами си ја инсталираме опремата ,нивните техничари тоа го прават и бидејки боксовите ги најавуваат во централа
Опремата слободно можат да ја најават во систем во било кој салон.

Проблемот е во тоа што дури и ако корисникот е запознаен со техничкиот процес и знае како да го направи поврзувањето, сепак кога станува збор за оптички телекомуникациски приклучок мора да се провери сигналот, кој можеби е одличен, а можеби е ослабен поради превиткување или истегнување на кабелот, или па ако влегла прашина во приклучокот или во завршниот кабел, поради што мора да се провери сигналот и да се поправи доколку има потреба од поправка.

За волја на вистината поголемиот дел од татините и мамините синчиња вработени во Македонски Телеком кои никогаш во животот немаат заковано шајка, а не па да имаат спроведено и поврзано оптички кабел, воопшто не се замараат да го проверат сигналот, но ако ги начека искинат или оштетен приклучок со лош сигнал или без никаков сигнал, ќе се чешаат после минимум половина час додека да го откријат изворот на проблемот и да го поправат.

Но затоа ќе избегаат како глувци од мачка и експресно ќе го префрлат налогот за монтажа кај надворешен подизведувач доколку откријат дека никогаш немало постоечки оптички телекомуникациски приклучок кај крајниот корисник и дека допрва ќе треба да се буши, да се спроведува и да се фиксира оптички кабел, да се постави завршен оптички телекомуникациски приклучок, па да се прави поврзување во катното сандаче, па завршно поврзување во надворешниот уличен ормар, а сето тоа трае 60 до 90 минути за монтажа, ако не и повеќе, во зависност од должината на релацијата и условите кои ги диктира теренот, а татините и мамините синчиња вработени во Македонски Телеком не се родени, воспитани и израснати за таква вистинска работа. :D

За ден два доаѓаат

Sent from my phone using Tapatalk
Зависи од тоа кај кого пристигнал налогот за монтажа.

Доколку пристигне налогот кај некој кој слабо стои со налози, а сака да работи, можеби ќе го контактира корисникот истиот ден.

Доколку пристигне налогот кај некој кај кого врие од налози и едвај успева да постигне, веројатно ќе го контактира корисникот во текот на неделата.

Ама ако налогот пристигне кај некои од татините и мамините синчиња вработени во Македонски Телеком, кои не се родени, воспитани и израснати за вистинска работа, налогот може да дреме повеќе од недела дена, а може да им текне и да го дадат налогот за откажување со оправдување дека корисникот не бил достапен. Ретко прават такви глупости, но кога ги прават ич око не им трепнува бидејќи знаат дека многу се мали шансите корисникот да се нафати редовно да шета секој ден по салоните и да прашува каков е статусот на неговото барање, а истовремено неговите поплаки да пристигнат до некој раководител, па тој раководител да ги праша детиштата зошто барањето сеуште не е реализирано.

А ако налогот за монтажа пристигне кај надворешен подизведувач, вообичаено доаѓаат за еден до два дена, понекогаш доаѓаат дури и истиот ден кога е поднесено барањето.
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.809
Поени од реакции
2.589
За ден два доаѓаат

Sent from my phone using Tapatalk
Кај мене конкретно, во исто време менував на две различни места. Во Кисела вода дојдоа за 2 недели како што ми рекоа во салон. Во Ново Лисиче еве веќе четврта недела уште абер немаат да се јават. А требаше од прилика истовремено. Зависи од реонот и кој работи на истиот.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.477
Поени од реакции
823
Кај мене кога се префлив на телеком (договор потпишан во петок, дојдоја понеделнк за местење). Прилично брзо, воопшто не очекував толку дека ќе се брзи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom