Ни кажува дека немаат појма што сакаат.
Лани имавме процес во кој се установи дека етосот на Покетино, баш со овие зборови, било баш тоа што го барале. За после една сезона ради филозофски причини и застарени тренинг методи да го избркаат откако тимот се консолидира колку толку.
Сега пак имаме процес, пак имаме идеја за новиот тренер па здравје следно лето баш ме интересира кој ќе биде следен.
Од една страна сум среќен што не е Де Зерби, од друга страна, ова е огромна коцка и најверојатно ќе ни се удри од нос, ликот нема никакво искуство, one trick pony е, како и секој possession nerd тренер од школата на Пеп, Кројф ватевер. Знам дека фудбалот нема да ми се свиѓа пошто играње на посед, НИКАД не ми се свиѓало и ме сморува со тие странични и додавања назад ама тоа е, Управата тоа го сакаше уште лани, тоа и го доби.
Како и да е, ќе има цело лето да се спреми за почетокот на сезона, ќе има припреми, ако не почнеме добро со игра и резултати, овој ни Божиќ нема да дочека, а со него и тие дубидуси двајца до Управа што секое лето „процеси“ тераат.