Фан Клуб: Арсенал

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
Нек им е честито титула на Сити, се надевам дека Артета и управата ќе научат од грешките овие две сезони и ќе направат исчекор кога е најпотребно. Зимскиот преоден рок не се преспива кога клупата е тенка.
Иако не е се завршено, ама ме интересира, кои се грешките во сезона каде што потенцијално можеме до 89 бода?
Автоматски споено мислење:

+ од тој зимски преоден рок што се спомнува, само една ебана утакмица имаме изгубено во ПЛ. ЕДНА.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
560
Поени од реакции
1.020
Иако не е се завршено, ама ме интересира, кои се грешките во сезона каде што потенцијално можеме до 89 бода?
И сепак некој е подобар и од тоа :toe:

Пак ќе кажам, зимски сон кога клупата е тенка :)
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.054
Поени од реакции
6.715
И сепак некој е подобар и од тоа :toe:

Пак ќе кажам, зимски сон кога клупата е тенка :)
Не играме фудбал менаџер па да можеме да трошиме ненормални пари и за клупи. Тимот ќе биде составен со еден WC напаѓач и 2-3 ротациони играчи. Тоа не можеше се да се земе минатото лето
Автоматски споено мислење:

1716139044394.png
 
Последно уредено:

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.778
ќора шпекулација нема за некој трансфер
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
382
Поени од реакции
294
ќора шпекулација нема за некој трансфер
Мислам прво се чека да се очисти тоа што не е потребно после да се пазари нешто имаме доста отпадок што треба да се шитни а не не бива многу за тоа.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.237
Ете го и првиот трансфер го откупија Раја, ама нешто тивки сте како сите да очекувавте да тргнат по Лунин како прва опција. Од друга страна и Калафиори се очекува да биде следен кој ќе дојде. Еберечи Езе, Доминик Соланке и двајцата Украинци од Џирона се споменуваат.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Верувам дека што решиле да купат ќе биде добро за клубот. Со добрата работа до сега ја освоија довербата.
Ете се спомнуваа секакви бекови, на крај ако го земиме Калафиори ќе биде супер.
Топ дефанзивец е, добар техничар, знае да повлече напред, знае да даде добар пас, баш тоа што му треба на Артета. Верувам одлично ќе се вклопи и ќе биде голем апгрејд на што и да остане лево (Томијасу, Тимбер). Веројатно Зинченко и Кивиор ќе се кешираат. Добра одлука. Единствено ме плаши е што сме слаби во продавање, никако да извадиме океј сума, додека други клубови продаваат леви играчи за 40 милиони како од шала.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Calaffiori odma go zedov na fantasy, za EURO 2024.

Super talent, sega za sega. Kje vidime kako kje se odviva, karierata za nego. Obicno Italijani vo Anglija nekako e nevoobicaeno, osven nekoj cat pat koj se pokazhal :)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Една од најинтересните саги летово е трансферот на 30 годишниот Dan Bentley кој наводно сакаме да го купиме од Wolves како 3 опција голман.

Wolves го проценуваат на 1м, а го купија за £49 000.
Арсенал испрати понуда која беше експресно одбиена. Wolves се жалеа дека сакаме да им го купиме за многу евтино.
Денес, излезе информацијата колку сме понудиле:

www.standard.co.uk

Arsenal have £50k bid rejected for Wolves goalkeeper Dan Bentley
Gunners are looking for back-up options for David Raya
www.standard.co.uk
www.standard.co.uk

Класика венгеровка. Следна понуда 50+1£ :D
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.778
Трансферов на Калафиори е заглавен во административен лавиринт, Болоња треба да му даде на Базел 50% од сумата, а Базел треба да и даде на Рома 40% од тие 50% шо ќе ги добијат од Болоња и тиквариве не можат да се договорат. :popce:

Сме потпишале некое младо голманче од Ајакс за 1м евра. Томи Сетфорд

 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.761
Поени од реакции
39.698
Една од најинтересните саги летово е трансферот на 30 годишниот Dan Bentley кој наводно сакаме да го купиме од Wolves како 3 опција голман.

Wolves го проценуваат на 1м, а го купија за £49 000.
Арсенал испрати понуда која беше експресно одбиена. Wolves се жалеа дека сакаме да им го купиме за многу евтино.
Денес, излезе информацијата колку сме понудиле:

www.standard.co.uk

Arsenal have £50k bid rejected for Wolves goalkeeper Dan Bentley
Gunners are looking for back-up options for David Raya
www.standard.co.uk
www.standard.co.uk

Класика венгеровка. Следна понуда 50+1£ :D
Постов очигледно нема добиено доволно внимание на форумов. :D
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Постов очигледно нема добиено доволно внимание на форумов. :D
Сагата продолжува иако го потпишавме младиот голман од Ајакс, сеуште сме заинтересирани за Бентли.
После тешки преговори, Еду реши да го одврзе кесето и да понуди £300.000.


Сепак и оваа понуда е одбиена од Волвс. Уште си бараат 1м. А во меѓувреме и му понудија нов договор. :D


Класика циганската. Одиш во Фешн груп и лупаш 3000 ден како од шала на некоја маица направена во Бангладеш и залепено евтино лого. А на пазар се ценкаш за 5 денари. :D
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.256
Ова со голманот е поради тој условот за регистрирање играчи во ЛШ да имаме 4 играчи кои од 8 до 18 години прошле младинска академија на Арсенал. Овој бил дел од тимот од академијата на Арсенал од 2001 до 2008 (не го памтам искрено). Алтернативата е да промовираат некој голман од академија, затоа и не се расфрлаат со пари и затоа и еден милион им е многу, бидејќи формалност е трансферов. Е сега можеби нема квалитетни голмани од академија зрели за прв тим, а планираат Ремсдејл да си оди и овој директно да е втор голман, што е многу посериозно од трета опција (И Дени наш беше своевремено трет голман), во тој случај и не е толку сеедно кој ќе го земеме.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.237
Ремсдејл претпоставувам дека не го планираат и дека наскоро ќе си замине. Не знаат кај тераат кога се голманите во прашање последните сезони. За една сезона и Раја претпоставувам дека ќе добие клоца. Лено и Мартинез ги продадоа, сега Ремсдејл иако е донесен како проект за во иднина. За Мартинез не ми е криво, тој и онака не беше арен во главата без разлика на квалитетот што го поседува. Таков нарцис не им треба секако. Ама за Ремсдејл ми е криво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom