Напрај 3 - 4 деца и лади си го лесно е од форум да се пише, ако излегуваш на работна акција со пријатели и пример го чистиш Скопје или било кој град може до некаде да те сватам ама овие работи што ги набројуваш не се реални, Грците едно ембарго да ти стават, не ќе може државата гориво да донесе овдека и како ќе функционираш со камења и копја? Секој втор со кучиња и мачки седи дома и суфлира по форуми вака ќе правиме така ќе правиме..
Па тоа ти викам, 33 години живееме со страв, страв од ембарго, страв да не ни замери некој сосед да не блокира во Еу и Нато интеграции, страв од војна, страв да не ни замерат од калето па да не уценат со Србија сценарио, каде не доведе тоа? Дали пратиш каде стигнавме сега, да не може македонска партија влада да формира без албанска иако може од страв 2001 да не се повтори, да намерно ти прават опструкции на железницата за да отсечат села од Чашка и да се иселат луѓето, цела источна Македонија духови, Бугарски пасоши, останатото аплицира за грин кард, го чека денот да си замине од тука, куќна слава ќе го прогласи тој ден. Ете изгубивме државата од тој страв, дали уште 33 треба во страв да живееме за да се опаметиме, скроз да се избришеме од мапа ли чекаме? И не ти повикувам ниту на војни ниту на насилство, едноставно единствен начин да се врати патриотизмот, желбата да остане тука и вербата во државата кај Македончето е ако за промена покажеме карактер и научиме да кажеме НЕ на уцена/барање од соседите/западот, па нека се они негативците и лошите, ние нема да сме. Вака само губиме, кој е другиот план да престанеме да губиме ако ова не е?