Изгледа експресно ќе биде избришана таквата изјава, па да ја копираме навреме Интернет страницава.
АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?
https://telma.com.mk/2024/05/08/ahmeti-evropskiot-front-e-vtora-sila-vo-drzhavata/
Мислам дека не ме прочитавте кога реков дека на државата и треба стабилност и иднина – Ахмети за евентуално одење на ДУИ во опозиција
08.05.2024 23:19
Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата „Европски фронт“ е втора сила во државата по денешните избори.
„Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ“,
рече Ахмети.
Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите и отворање на меѓувладините состаноци за официјален почеток на членството во ЕУ.
„Остануваме силен фронт на мисионерите до реализација на финалните цели за членство во ЕУ“,
рече Ахмети.
Лидерот на „интегративците“ ја честита победата на Христијан Мицкоски.
„Честитки. Утре е 9 мај, да го оставиме назад фолклорот, да го оставиме назад потценувањето и да се зафатиме за работа за стабилноста на државата, за иднината на државата. Затоа што само ако сме рационални, можеме да го гарантираме мирот, стабилноста во нашата земја“,
порача Ахмети.
Запрашан дали победата на ВМРО-ДПМНЕ значи дека ДУИ оди во опозиција и доколку е така, каква опозиција ќе биде партијата, Ахмети одговори:
„Мислам дека не ме разбравте кога реков дека на државата и треба стабилност и иднина“.