Не кркори, секако дека ќе се гласаат уставните измени и ќе се внесат Хрватите, Црногорците и Бугарите во Преамбулата, со одложена правна важност. Дополнително ќе се бараат гаранции од ЕУ и останатите Западни фактори. Што значи сето тоа ќе биде условено.
Зошто тоа не го изведоа квинслизите СДСМ со промената на името на "нашата држава"?
Да го направеа договорот условен. Името да се смени непосредно пред членство во ЕУ...
Kаде е СДСМ да реагира на неисполнувањето на Преспанскиот договор од грчка страна?
Секоја погубна политика што ја има реализирано СДСМ на меѓународен план, сакало или не ВМРО е должно да ја следи.
ВМРО беше против промена на името, па истото тоа ВМРО денес ќе биде обврзано да носи Северна Македонија беџ и да држи пресконференции позади параванот Влада на Република Северна Македонија. - Нема враќање назад од тоа.
Исто како што нема враќање назад од Внесот на бугарите во Уставот. ВМРО не го потпиша тоа, СДСМ и ДУИ го потпишаа. 10 луѓе во државава одлучуваа за 1.8 милиони.
Разликата е во попустливоста.
А во ЕУ не колективно не идеме едно наредни 20 години. освен индивидуално секој сам по сам чистејќи се од ова парче земја.