Ако бојкотираат СДС, тоа ќе им биде пирова победа, дури и да направат со ДУИ криза и околу избор на новата влада. Ќе следуваат брзи избори на кои ќе поминат уште полошо и само ќе си го отежнат животот во опозиција и консолидирањето после поразот, а за година дена треба да одат и на локални избори.
Со таков исход може да профитира ДУИ и Левица, каде што исто постојат размислувања за бојкот. Но, тој бојкот мора да биде навистина тивок, инаку и Левица ќе навлече гнев.
ЗНАМ и Влен нема да бојкотираат, иако кај Албанците прашање е колку ќе има мотивација за гласање.