Шансите вакво нешто да се случи се минимални. Максо може да ги даде своите гласови на СДСМ под услов во наредните 10 дена да го постават за претседател на СДСМ, што нема да се случи.
Гласовите на ВМРО во Куманово му помогнаа на Максо да стане градоначалник минативе избори, за што овој им даде на ВМРО директорски места низ Куманово, така да, веќе има соработка меѓу него и ВМРО. Верувам дека ке имаат доволен број на пратеници со кои би формирале влада со ВМРО.
За СДСМ е најголем пораз што меѓу народот владее перцепција дека глас за СДСМ е глас за ДУИ. Неколку луѓе ме замолија само да излезам да гласам, знаејки дека шансите да им дадам глас на СДСМ се никакви, без да ме убедуваат да гласам за одредена партија, што ми говори дека има некој договор сите да коалицираат. Затоа и верувам дека СДСМ ке доживеат катастрофа во втор круг.