Каков човек може да состави економски план за крајно-левичарска партија!? Пак и тој ќе биде од ист калап, горе-долу истите политики ќе ги имаат, таа е идеологијата.
И јас не верувам во такво нешто, затоа и не би ги гласал и да се последна партија на свет.
Сепак, колку и да не ми се допаѓа таа идеологија, може да ослабат на глупостите и да напишат некој поасален план. Со нив уште не разбирам што би правеле, планираат да ја прават индустриски центар, да носат корпорации, да ги бркаат и тековните?
Како планираат да се борат против корупција, ама буквално план до чистач во институција? Како би подобриле стандард, или национализација на се и пак ќе глумиме братство и единство?
Дипломатијата каде им е учена, нели само за тоа се буни Димче, камо потврда дека тој знае што прави. Во која држава ја учел дипломатијата, секако нашата никогаш немала знаење на оваа тема?