Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.994
Поени од реакции
5.853
Шансите вакво нешто да се случи се минимални. Максо може да ги даде своите гласови на СДСМ под услов во наредните 10 дена да го постават за претседател на СДСМ, што нема да се случи.

Гласовите на ВМРО во Куманово му помогнаа на Максо да стане градоначалник минативе избори, за што овој им даде на ВМРО директорски места низ Куманово, така да, веќе има соработка меѓу него и ВМРО. Верувам дека ке имаат доволен број на пратеници со кои би формирале влада со ВМРО.

За СДСМ е најголем пораз што меѓу народот владее перцепција дека глас за СДСМ е глас за ДУИ. Неколку луѓе ме замолија само да излезам да гласам, знаејки дека шансите да им дадам глас на СДСМ се никакви, без да ме убедуваат да гласам за одредена партија, што ми говори дека има некој договор сите да коалицираат. Затоа и верувам дека СДСМ ке доживеат катастрофа во втор круг.
Гласовите на Максо ќе одат кај Гога бидејки позади Максо стои Бранко и цело негово гласачко тело кое е најзаслужно за катастрофата на СДСШ на последните локални а Гога е негов човек и беше министер во неговата влада во 1994 кога беше премиер во онаа криминална приватизација а за возврат пратениците на Максо ќе одат во коалиција со Мицко за формирање на идната влада плус групата на Таравари со кој ќе се договорат максимално да ги распоредат гласовите на мнозинството македонци и албанци за да извлечат максимум пратеници според донтовиот модел и со тоа ДУИ да го исфрлат.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.772
Поени од реакции
5.709
Секој кој мисли ДУИ нема да е во наредна влада е наивен.
ДПМНЕ се наполни со наивни дечишта, изгубија допир со реалноста, изкомплексирани, растени со албанскиот етнички терор од 2001 наваму, па даваат емотивни пораки, за среќа нема да имаат сила заради резултатот да ги претворат во одлуки.
Мицковски е еден од тие деца.
Секој обид за ставање на ДУИ надвор од власт при нивна победа во албанскиот блок е увод во етнички инциденти и дрмања за секоја наредна влада.
Со 500 гласа во Радовиш ДУИ е победник кај Албанците? Во кој свет живееш ти? Влен се апсолутно победници кај Албанците, Груби и ДУИ кога провоцираат со митинг на плоштад Македонија кога им викаше на албански да спуштат знамињата публиката го гледаше како теле, па почна да се дере на македонски и да прашува како се вика на турски да се симнат знамињата. Пола знамиња беа со Ромското знаме.
Тие се победници кај Албанците?

А 2017 ние Македонците не требаше да правиме криза? Или само Албанците можат? Или пак 2020 кога сдс пак изгуби кај Македонците но беса ги извади.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.994
Поени од реакции
5.853
Секој кој мисли ДУИ нема да е во наредна влада е наивен.
ДПМНЕ се наполни со наивни дечишта, изгубија допир со реалноста, изкомплексирани, растени со албанскиот етнички терор од 2001 наваму, па даваат емотивни пораки, за среќа нема да имаат сила заради резултатот да ги претворат во одлуки.
Мицковски е еден од тие деца.
Секој обид за ставање на ДУИ надвор од власт при нивна победа во албанскиот блок е увод во етнички инциденти и дрмања за секоја наредна влада.
Ако вкупниот број на пратеници на СДСШ и ДУИ е 39 Аца Антиќ може да го спаси само американската амбасада и никој друг.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Каков човек може да состави економски план за крајно-левичарска партија!? Пак и тој ќе биде од ист калап, горе-долу истите политики ќе ги имаат, таа е идеологијата.
И јас не верувам во такво нешто, затоа и не би ги гласал и да се последна партија на свет.
Сепак, колку и да не ми се допаѓа таа идеологија, може да ослабат на глупостите и да напишат некој поасален план. Со нив уште не разбирам што би правеле, планираат да ја прават индустриски центар, да носат корпорации, да ги бркаат и тековните?
Како планираат да се борат против корупција, ама буквално план до чистач во институција? Како би подобриле стандард, или национализација на се и пак ќе глумиме братство и единство?
Дипломатијата каде им е учена, нели само за тоа се буни Димче, камо потврда дека тој знае што прави. Во која држава ја учел дипломатијата, секако нашата никогаш немала знаење на оваа тема?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.170
@lazar31
Дај дојди објасни му на членовите што е следно.
Следно е математичарот да пресмета од каде ке и најде на бабата 720000 излезност во вториот круг за Македонија да биде горда.... некаде ке мора да попуши, дилемата му е дали сечен или партизански...
 
  • Хаха
Reactions: A__
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.772
Поени од реакции
5.709
Следно е математичарот да пресмета од каде ке и најде на бабата 720000 излезност во вториот круг за Македонија да биде горда.... некаде ке мора да попуши, дилемата му е дали сечен или партизански...
А кој вика дека треба некој да се моли да не бојкотира? Слободно нека бојкотираат, искрен да бидам навивам Албанците и комуњарите да бојкотираат, да бидеме на чисто веќе.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.752
Поени од реакции
6.495
А зошто па некои тука сте убедени дека мицко ке коалицирал со дуи ако се они победници во албанскиот блок ?

Па ја цело време гледам сега дека мицко го напаѓа ахмети и вика дека дуи е криминална партија , ако влезе со нив во влада тогаш ке разочара огромно македонско гласачко тело и ке се доведе во лажен политичар ..

Ако бројките покажат мицко+максим = 61 тогаш мицко може комотно без притисок да ја земе албанската опозицијата и ја ви гарантирам дека ке добие голем плус од народот , незнам зошто мислите дека дуи мора да биде во влада па макар и бил победник кај албанците ..
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.772
Поени од реакции
5.709
Далеку е ДУИ од победник кај Албанците, па затоа Груби прави егзибиции, тече низ ногавици.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.994
Поени од реакции
5.853
А кој вика дека треба некој да се моли да не бојкотира? Слободно нека бојкотираат, искрен да бидам навивам Албанците и комуњарите да бојкотираат, да бидеме на чисто веќе.
Следно е математичарот да пресмета од каде ке и најде на бабата 720000 излезност во вториот круг за Македонија да биде горда.... некаде ке мора да попуши, дилемата му е дали сечен или партизански...
Забораваш дека вториот круг на претседателски ќе биде истиот ден кога ќе се гласа и за парламентарни така што ако СДСШ и ДУИ не излезат на гласање тој ден автоматски ќе немаат и пратеници во парламентот.Значи они кога ќе излезат да гласаат за парламентарни автоматски прават цензус за претседателски без разлика дали ќе гласаат на ливчето или ќе го пречкртаат.Не може да гласаат за парламентарни а да бојкотираат за претседателски и тука е стапицата за нив.
Автоматски споено мислење:

Далеку е ДУИ од победник кај Албанците, па затоа Груби прави егзибиции, тече низ ногавици.
Денес Мицко јавно му ја честита победата на Таравари и се надева дека ќе формира влада со него што индиректно кажува дека ќе прави пазар за оние средини кај што има малку македонци и малку албанци правилно да ги распоредат гласовите за да извлечат максимум пратеници и за едниот и за другиот и тоа ќе го направат само ДУИ да го шутнат.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.170
Забораваш дека вториот круг на претседателски ќе биде истиот ден кога ќе се гласа и за парламентарни така што ако СДСШ и ДУИ не излезат на гласање тој ден автоматски ќе немаат и пратеници во парламентот.Значи они кога ќе излезат да гласаат за парламентарни автоматски прават цензус за претседателски без разлика дали ќе гласаат на ливчето или ќе го пречкртаат.Не може да гласаат за парламентарни а да бојкотираат за претседателски и тука е стапицата за нив.
Апсолутно можат. На гласањето гласачот ќе има право на избор дали ке гласа за претседател или само за пратеници или и за двете... излезноста може да биде различна за претседателските и парламентарните избори. Тоа е убаво објаснето и од дик.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.994
Поени од реакции
5.853
Апсолутно можат. На гласањето гласачот ќе има право на избор дали ке гласа за претседател или само за пратеници или и за двете... излезноста може да биде различна за претседателските и парламентарните избори. Тоа е убаво објаснето и од дик.
Сакаш да кажеш дека според ДИК не е задолжително да се земат двете гласачки ливчиња за парламентарни и за претседателски туку може само едно а другото да не го земе и со тоа да не се брои тој гласач во цензусот за она ливче што не го зел?
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.772
Поени од реакции
5.709
Сакаш да кажеш дека според ДИК не е задолжително да се земат двете гласачки ливчиња за парламентарни и за претседателски туку може само едно а другото да не го земе и со тоа да не се брои тој гласач во цензусот за она ливче што не го зел?
Да
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.170
Ок и во тој случај претседател ќе избираат идните пратеници во собрание?
Не. За тоа треба да се смени уставот. Во случајов треба веднаш да се распишат нови избори.... и се така додека не се избере претседател на избори на кои ке има минимална излезност од 40% од вкупниот број на гласачи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom