Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Како тогаш Талат ќе биде претседател?
Без албанските гласачи ќе нема цензус.
Талат станува в.д. Претседател.

Таравари и Али више разговарале и ги потврдиле 3те барања.
 
Без албанските гласачи ќе нема цензус.
Талат станува в.д. Претседател.

Таравари и Али више разговарале и ги потврдиле 3те барања.
Претседателот на Собранието станува В.Д. Претседател, друже. Талат не е Претседател на Собрание веќе, Премиер е. Јован Митрески ќе стане В.Д. Претседател, не Талат.
 
Само за една работа мора да се упати јавно извинување до СДСМ, значи навистина што беа во право е дека стварно анкетите не се реални и не даваат реална слика на изборниот резултат, сите анкети предвидуваа преку сила победа на ВМРО ДПМНЕ од 80 илјади гласови, тие го јачеа членството дека разликата е 100 , за на крајот да испадне дека таа е вртоглави 180 илјади разлика, значи навистина анкетите ги утнаа резултатите на изборите.
 
Следен круг на Максо гласовите идат во СДСМ
Гласови од ДПМНЕ идат во Левица
И пак ќе имаме ситуација СДСМ и Стево да ветуваат брда и планини на браќата, пошто од нив пак ќе зависат нештата
 
Следен круг на Максо гласовите идат во СДСМ
Гласови од ДПМНЕ идат во Левица
И пак ќе имаме ситуација СДСМ и Стево да ветуваат брда и планини на браќата, пошто од нив пак ќе зависат нештата
Или не. Зависи каде ќе добие повеќе. Пошто најверојатно е kingmaker за ВМРО, есапот ќе да му е поарен со нив.
 
Претседателот на Собранието станува В.Д. Претседател, друже. Талат не е Претседател на Собрание веќе, Премиер е. Јован Митрески ќе стане В.Д. Претседател, не Талат.
Не знам како е законот и дали по завршувањето на изборите се враќа на позицијата претседател у собрание се до назначување на ново собрание и влада или останува Јован Деспотовски.

А ако останува Јован, тогаш и он е од сдс.
 
@Zlatikevichius и Фуркан како тебе направил симулација од првиот круг но изгледа он си подлажува.
Прегледај го приврзокот 414364


Ќе биде битно како ќе се распоредат граничните мандати. Во прва изборна единица изгледа дека ДУИ и ДПМНЕ сс борат за таков, исто може да биде случај и во тројка. Таму ДУИ се надева за првпат да освои пратеник, не оди во нивна корист тоа што за две недели излезноста ќе буде уште поголема.

Но, изгледа дека на овие избори, албанските партии, поради тоа што се групирани во два блока, плус сега заедно со дел на турските, ромските и бошњачки партии, можат да освојат 31 пратеник.

Во Шуто Оризари (ромска општина) и во Врапчиште (турска), најмногу гласови има освоено Бујар.


Е, сега, на 8ми мај, би требало излезноста да биде поголема, албанските партии земаа околу 200к гласови. Бујар и Таравари вчера освоија толку, но мора пак да се споменат турските, ромските и бошњачките гласови, па имаат простор за уште нешто, но да видиме уште колку има во резерва и колку носат другите етнички заедници.

Кај нив е важно и дали после вчерашните резултати ќе завладее апатија и демотивација лај нивната опозиција, па ДУИ да освои уште некој пратеник плус на нивна штета.


Кај македонските партии, прашање е колку ќе може ДПМНЕ да освои плус на оваа еуфорија од вчера и колку нови СДС и неопределени гласови ќе собере Максо?!

По ова распределба ДПМНЕ, Максо и Левица делат 64 пратеници. Тоа е многу важно. После вчерашните резултати, можно е ДПМНЕ и Максо, заедно да имаат 61 пратеник.

Секое сценарио ДПМНЕ да оди испод овие 50, не ми делува реално, пологично ми е да одат накај некој пратеник плус, да се доближат до 55 (53 не звучи нереално). Се преку тоа би било за нив огромен, речиси неверојатен успех ( затоа што има четири мак партии што влегуваат во собрание). Тие муабети за 61 пратеник, се за поголема мотивација.

До сега на сите анкети, СДС имаше помалку гласови од Стево, ова исто може да биде битно.


Но, она што беше видливо веќе некое време, а вчера доби нов замав, ќе ја обележи кампањата во следниве две недели, главната битка не е помеѓу СДС и ДПМНЕ, туку помеѓу ДПМНЕ и ДУИ.
 
Овие новинариве што викаат Влен наместо Вреди, можно е да се толку глупи? Според таа логика, ДУИ треба да се вика БДИ. И после некој друг ни бил крив за македонскиот јазик. Не, самите си сме криви.
 
Следен круг на Максо гласовите идат во СДСМ
Гласови од ДПМНЕ идат во Левица
И пак ќе имаме ситуација СДСМ и Стево да ветуваат брда и планини на браќата, пошто од нив пак ќе зависат нештата

Шансите вакво нешто да се случи се минимални. Максо може да ги даде своите гласови на СДСМ под услов во наредните 10 дена да го постават за претседател на СДСМ, што нема да се случи.

Гласовите на ВМРО во Куманово му помогнаа на Максо да стане градоначалник минативе избори, за што овој им даде на ВМРО директорски места низ Куманово, така да, веќе има соработка меѓу него и ВМРО. Верувам дека ке имаат доволен број на пратеници со кои би формирале влада со ВМРО.

За СДСМ е најголем пораз што меѓу народот владее перцепција дека глас за СДСМ е глас за ДУИ. Неколку луѓе ме замолија само да излезам да гласам, знаејки дека шансите да им дадам глас на СДСМ се никакви, без да ме убедуваат да гласам за одредена партија, што ми говори дека има некој договор сите да коалицираат. Затоа и верувам дека СДСМ ке доживеат катастрофа во втор круг.
 
Многу напред заминавте вие, со комбинации за влада, а уште ништо не е завршено на претседателскиве, џабе еуфорија.

УЧК не дава така лесно власт. Можно е да одат на бојкот во втор круг. Ќе нема цензус. Ако нема цензус, претседател на држава ќе е претседателот на Собрание. Тој го дава мандатот за формирање на влада. За да го даде мандатот, ќе уценува со нешто. Претседател е комуњар, односно измеќар на ДУИ, така да...

Затоа, масовно во втор круг, да се обезбеди цензус без учкари.
 
Добар пост од фејсбук .


Ја сфатиле пораката, граѓаните ги казниле, но не наведнуваат глава и ќе се бореле.
Пошто не сум сигурен дека нешто сте сфатиле да се освежи меморијата :
1. П од правда во државава не донесовте - Треба да си надмен и страшно глупав на 2% поддршка на правосудство да носиш измени на кривичен законик со кои амнестираш криминалци и прекинуваш кривични постапки за кои се вложени труд и ресурси.
2. Ужасна понуда на кадар од директори, пратеници до министри - 11 години имавте во кои можевте да најдете соодветен кадар за секоја позиција
3. Насилно и нетранспарентно потпишување на Договори со Грција и Бугарија против волјата на мнозинството - прифаќање обврски за кои никој на избори не ви дал одобрение и притоа не успевање да се направи меѓупартиски консензус
4. Партизираност и корупција од ендемски видови - ако многумина мислеа дека не е можно уште повеќе да се тоне во корупција и партизираност успеавте само да го надградите она што беше пракса на претходниците пред вас. Речиси немаше ден без некаков скандал на функционер од владејачката гарнитура
5. Потчинување и дозволување на тотална доминација на ДУИ- Фудбалчињата во Влада незаборавен момент
6. ЕУ во секоја реченица, а однесувањето се само не европско
7. Неспособност за 7 години да се догради патот Кичево- Охрид- влегувате во Гинис
8.Неспособност да се изменаџира замена на патни исправи на граѓаните иако за истото имаше период од 5 години.
9. Дозволување поради его и каприц на Оливер Спасовски да изгубиш по 70000 гласови на локални и претседателски избори така што од Максим Димитриевски ќе направиш трета опција.
10. Разни други глупости

Game over...дајте нови ( стари ) деца.
 
Не знам како е законот и дали по завршувањето на изборите се враќа на позицијата претседател у собрание се до назначување на ново собрание и влада или останува Јован Деспотовски.

А ако останува Јован, тогаш и он е од сдс.
Јован Митрески, не Деспотовски. Нормално дека тој останува, Талат не е веќе спикер.
 
Каков човек може да состави економски план за крајно-левичарска партија!? Пак и тој ќе биде од ист калап, горе-долу истите политики ќе ги имаат, таа е идеологијата.
It's all fun and games дур не се појави македонскиот Денг Шаопинг па цел регион да ни завидува :icon_lol:
 
Кај овие поинаква е поделбата на пратеничките мандати.


1000012728.jpg
 
Тоа што Левица растура на сите интернет анкети како овде на форумот е само потврда дека активизмот на партијата е само онлајн, и стриктно насочен кон генерациите родени од 85та нагоре.

Сте го виделе ли Димитар на некое зелено пазарче во 7 сабајле да ги праша пазарџиите како прометот? Сте го виделе ли во некое село во Струмичко да праша земјоделци и сточари како откупот на доматите и млекото?

Се тоа изгледа убаво и кул на подкаст кај Лазаров со цитирање филозофи и рапување Чиста Околина, али не допира до просечниот средовечен сточар закопан до гуша во гомна од крави пробувајќи да извади некој денар. Многу ја потцени таа гласачка маса, а уствари е најлесна за убедување особено после 30 и кусур годишно тепање на нивните приходи од страна на дпмне и сдс. Ваљда неискуство во политиката и недостаток на финансии и кадар во партијата. Дпмне има моментално страшна машинерија во погон за агитирање, дури ги засени и милионските суми на власта која некако ептен лежерно влезе во кампањата. Жити се во Струмица изгубија 3000 гласови разлика, градот е преплавен од дпмне реклами и нивни активисти на терен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom