Сами си се закопаа во последната година кога немаа право на грешка они направија милион.
Поклонија министерства, лошо организираа промена на документи, ДУИ буквално правеше што сака, свиркаа, пееја, родендени славеа во државни институции, скандираа УЧК кај стигнат без реакција на државен орган а луѓе тромозат за коментари на ФБ против Бугарија и Грција или хејт коментар против функционер, немаше една капитална инвестиција, се покакаа со автопатот за Охрид уште повеќе + потпишаа скандалозен тендер со Бехтел Енка.
Буквално се спротивно од тоа што требаше за да амортизираат негативен ефект од договорите и неуспехот за отпочнување преговори со ЕУ. Затоа метлата што си ја поклонуваа меѓу себе за чистење, сеа ќе ја искористат за да одлетаат од сите функции.
Како неутрален гласач воопшто немам доверба во ВМРО бидејќи сеќавањата ми се свежи а кадровски промени и не направија пак ги гледам Ѓорчев, Милошовски и компанија тука некаде се шуњаат што би кажале србите. Ама па СДСМ покажа тотална неспособност за владеење каква што не замислував дека може да се оствари.