Честити Царе
БЕТИ
- Член од
- 22 февруари 2024
- Мислења
- 885
- Поени од реакции
- 2.846
Се вратила северџанскава багра на чело со Ставро, со нови идентитети и си се јачаат меѓу себе.
Толку од неутралноста, жежи газето.
Тричковски ургирал во ДИК , кажа на фејсбук ,Коловозова рече дека официјално сме во изолација. Ме интересира Ненад Јовановиќ, жив ли е ? Да не премина во ислам , Неџат беше последен пат виден .
Nenad Jovanovic
Помина првиот круг од претседателските избори, резултатите како што „политичката јавност“ е информирана во земјата, си ги виде и поброи. Госпоѓата Силјановска ги собра најголемите „вмроовски“...
www.facebook.com
Помина првиот круг од претседателските избори, резултатите како што „политичката јавност“ е информирана во земјата, си ги виде и поброи. Госпоѓата Силјановска ги собра најголемите „вмроовски“ гласови, а нејзините претпоставени рекоа дека тоа биле „гласови на граѓаните“. Јок, море! Тоа се гласови спремни за нова власт, поточно тоа се гласови кои ќе ја „конституираат“ новата власт во земјата на граѓаните и граѓанките.
Христијан Мицкоски, барем од прес-конференцијата која ја слушнав, кандидатката за претседател(ка) ќе му биде фин декор, а нејзината улога ќе биде исклучиво за „помалку“ да ги плаши оние умерени гласачи и „центристи“ кои не се толку застранети кон десно. А земјата Македонија, после синоќешните избори, за жал, тргна десно-подесно. Тоа, драги мои, навистина е лоша околност. Пред сè за самите десни гласачи од тој „традиционалистички“ и „суверенистички“ базен. Сè што лаеше против „сдсмовците“ ќе се врати во својот традиционален синџир.
Беше за очекување, бидејќи последиците на таквото застранување в десно се покажаа уште далеку-далеку пред да се случат изборите. Предупредуваа луѓе, зборуваа и пишуваа за тоа, ама, ете, силите кои сакаа земјата да ја вратат на „фабричко подесување“, а тоа е национализам, укинување на институциите во корист на партијата, повеќе или помалку успеаја.
Стево Пендаровски, тој мил и фин човек, доби „само“ 180 илјади гласови, за разлика од Гордана Силјановска, која доби двојно повеќе. Останатите отцепени „сдсмовски“ и претпоставувам „демократски“ гласови, ги добива Максим Димитриевски наречен „максимилијан“ (Боже, каков претенциозен прекар!). Во албанскиот блок, пристојниот кадар на ДУИ, Бујар Османи, добива 120 илјади гласови, а гостиварчанецот Арбен Таравари добива 83 илјади гласови, барем толку покажува сајтот на Државната Изборна комисија