Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.474
Поени од реакции
24.713
Идеално решение, што сум свесен дека нема да се деси, јер македонецот попрво би си ги извадил очите меѓу себе, него ли да се соедини, би било ВМРО некои 44-45 пратеника, Максим некои 8-10, Левица некои 8-10, да формираат влада, па после и Таравари нека го земат ако сакаат, аовие по резултативе, во таква ситуација би прифатиле, јер ДУИ ги шие и едина шанса да го победат на некои наредни избори ќе им биде од позиција на власт. Така ВМРО нема да може да се курчи и да прави што сака зошто ќе мора да носи одлуки во согласност со Максим и Левица, а шипците не би имале моќ за уценување. Пусти соништа, неостварливи за македонецот.
a sto moze da ponudat levica i makso? realno nisto... nula. che gevara bese del od sjo i kurton revolucijata a makso glasase za severna... sto ke kontroliraat tie koga i 2cata se za u zatvor.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
75
Поени од реакции
46
Мислејќи што да напишам, ќе ви кажам нешто. На 8 мај треба да излезат поголем број на луѓе и да заокружат за подобриот. А имаме шанса да го имаме најдобриот претседателски кандидат, иако е навредуван најмногу, демек стара била, баба била, заборавала и слично. А истите тие што навредуваат три чисти немаат од ништо или, пак, мислат дека ако е стара, не е способна. Па и Киро имаше првпат 75 години и не можеше да оди, ама успеа да ја направи државата. Дури и архиепископот, дедо Михаил, којшто најпрво требаше да биде кандидат за претседател, тогаш сѐ уште бил свештеник, бил постар од Киро Глигоров, ама доста образован, дури бил првенец во АСНОМ и го создавал македонскиот јазик заедно со Кепески и Конески, иако тоа како информација многу во јавноста го нема, затоа што сме секуларна држава. Сакам да кажам, не треба навреди, треба соработка и излезност за да се гласа за Гордана Силјановска Давкова, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа треба јасно да им биде на сите во Македонија. За претседател се гласа не за партија, туку за индивидуата и нејзините умствени способности. Иако ќе кажете, ама таа заборава. Па тоа јас роден 1995 година на моменти се закочувам и заборавам, а камо ли жена која има скоро 71 година за некој ден. Но тоа заборавање не е случајно, туку дека има доста читано, доста има знаење, доста информации и сака да одговори дословно на сите.

Што се однесува до Данела и Гордана за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тоа се два различни концепти. Прво Данела си е жена со менаџирање и нема некое политичко искуство, а Гордана има доста искуство од професорската бранша и воедно не е жена која е далеку од нормалата. Таа, ако ја гледавте и на дебатите, сакаше да соработува со сите други. Разговараше со Стево, со Билјана, со Стевче, со Максим, со Арбен, па и со Бујар, кого најмногу го критикуваше. Но сепак, мислам оти ќе соработува со власта, но и со сите останати. Таа ќе сака да биде политички коректна. И сметам оти, според психологијата на личноста, досега никогаш не ме има излажано, па дури сметав дека нешто ќе се случи во она време со Данела и не ме зачуди нештото, Гордана е одмерена, смерна, со став и строга кон секого. И да, некогаш нека не ве чуди ако застане против некои ставови на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ или кој и да е. Само тогаш не треба ВМРО-ДПМНЕ да гуга дека Гордана е против нив. Тоа никогаш не мислам дека ќе биде. Исто така, дај Боже да се освести народот од Македонец, Албанец, Ром или кој и да биде, па да ја изгласа, ќе видите дека таа на Водно нема да се заврти. Ќе биде навистина покрај народот. Не е учена таа таму стално. Иако ќе ѝ биде многу чудно, таа ќе направи нешто, што никој пред нејзе не направил, држете ме на овој разговор.

Исто така, немој да се чудите зошто одбегнува камери, зошто е некако чудна појава и слично, затоа што исто така, според психологијата на личноста, таа е една од ретките политичари кои не сакаат гужва, не сакаат врескање, лудување, популизам и слично. Сака мирно, со достоинство да се гласа, да се донесе точна одлука и навистина е подржувач на сите. Било тоа да се некои маргинализирани групи и поединци или некои на пиедесталот. И покрај сѐ, е културна, цивилизирана, компетентна, фигура сигурна во себе и борбена. И да додадам, сите жени треба да гласаат за нејзе и со тоа ќе покажат дека се ценат како жени.

А Стево Пендаровски го видовме како изиграва, за жал, царски шут и едно вели после одма менува мислење. И секој што гласа за него нема критичка мисла во себе и сметам оти греши. Немам ништо против, ама сепак мислам дека не сме до толку неписмени луѓе кои останале овде. И да, ќе биде интересно вториот круг, затоа што не очекувајте да имаат ВМРО-ДПМНЕ исто гласови како сега. Помалку ќе имаат. А Левица ќе има повеќе, Стевче Јакимовски ќе има можност да има повеќе од сега, а исто помалку ќе има Максим. СДСМ тука-така ќе биде, а ДУИ нека се надева на околу 100000 гласови, освен ако не дојдат од страна и да гласаат до кај 150000 Албанци за нив. Тоа го согледувам поради фактот што има 17 партии, што е ептен многу, а така се кратат гласовите на електоратот од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и слично, па ако се земе во обѕир и фактот дека дијаспората не гласа за парламентарните избори, тогаш јасно нека ви биде.

На крајов, да сумирам во овој долг текст така кажано, што се заборавив во пишувањето. :D За претседател треба да се гласа за најдобриот, но не партиска основа, туку личност. За партија ќе си гласате на парламентарните избори. И не заборавајте дека ни е потребна промена на претседателот. Доста го гледаме некој како е превртлив, а навистина ништо не направи. Навистина нема ништо премногу лошо, ама нема ич добро. Двапати врати некои закони и толку беше и тоа кога му кажаа дека повторно ќе го кандидираат, што значи следно потпишува сѐ откако ќе биде изгласан и како таков тој е истиот. Тешко човек се менува за 5 години. Треба 15 години да поминат, па малку од малку да се смени. Исто не го ставајте ВМРО-ДПМНЕ е на ниво на СДСМ или на времето пред 7 години и слично. Не знаеме, не се на власт. Исто така не кажувајте ништо за Левица или за Максим или кој и да е. Не се на власт. Исто не е исто гарант ДУИ и Вреди и слично. А за тоа кој ќе биде во коалиција, не се знае ништо. Сѐ се очекува. Не ги гледајте резултатите од вчера. И се надевам дека тие коишто гласаа за останатата опозиција, барем 80% ќе излезат и ќе го дадат гласот за таа која ја нарекуваа баба, ваква или таква.

* Нека админите ја сменат од утре анкетава овде за претседателски кандидат и ако можат две да стават и за парламентарните избори добро би било.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
Што знае просечниот Македонец
па заради и тоа што не знаат , во дупка сме состојба . Подобро да ги информираш отколку само ВМРО-СДС и така зачаран круг е и ништо друго нема . Од сељак кој џаболебарат во кладилници , нека зборат малку геополитика :LOL: Апасиев и Ванковска вчера како дадоа изјава , тука се во право . Малку промена и нови теми во политичката атмосфера . Нема само ЕУ , има и Исток . 40,000 луѓе гласаа за жена со таков став . Значи полека има семе поставено за таква тема . Мора да се почне со нешто . Левица колку и се лоши имаат и добри работи . Колку не ги сакам Вмро моментално и персонално јас , пак ги сакам зошто се шпицот на македонскиот блок.
Автоматски споено мислење:

Дали озбилно мислиш дека некој на светот го боли Стојко што мисли Македонија за Палестина?
Дали озбилно мислиш дека некој на светот го боли Стојко што мисли Македонија и променетото име и нејзината историја и дека се ништо освем Бугари ?

Да, озбилна тема е за нас внатрешно . Но и за Палестина од нивна страна . Како и Косово за Србија . Запад не ги боли , но од Арапски свет и Исток има силна подршка и затоа е политичка вест и битка моментално . Ние сме на средина и мора да се земе став . Левица зема став , Вмро не ги боли , препоставувам се за Израел заради Мизрахи . Сдс се никој веќе .
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.698
Не е тоа што јас верувам, туку дека се манипулира со јавното мислење.
И да нема албанска партија во власт пак неможе некој во администрација да бркаш баш поради рамковниот, но да тврдиш дека ако нема албанска партија во власт е дискриминација е лага, дискриминација се случува во северо западна Македонија каде што во општините не се почитува бадентер за Македонците.
Рамковниот договор важи само за албанците(ДУИ). Еве на овие избори Вмро има шанса да прави влада без Дуи, но на тоа несмеат ни да помислат, а не пак да го направат тоа.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.762
Поени од реакции
3.818
Америте си го прават своето на овие избори.
Колку и да изгледа добро, нема да биде на арно.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
ова му е многу добра работа . За поздрав е . Исто како Естонија

Комуникацијата помеѓу институциите во Македонија не е само помеѓу државните институции, вертикалната комуникација. Туку и помеѓу државните институции, општините. Помеѓу државните институции, општините и граѓаните, помеѓу државните институции, општините, граѓаните и бизнисот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.




 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
ова му е многу добра работа . За поздрав е . Исто како Естонија

Комуникацијата помеѓу институциите во Македонија не е само помеѓу државните институции, вертикалната комуникација. Туку и помеѓу државните институции, општините. Помеѓу државните институции, општините и граѓаните, помеѓу државните институции, општините, граѓаните и бизнисот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.




Можеа до 2016 да не трансформираат кога цел свет го правеше тоа ама тие вработуваа администрација и купија 100к компјутери за децата кои два пати не се вклучија.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.435
Поени од реакции
11.353
Математикава само во штаб на СДС поминува. Максим доби многу капитал со резултатот и со тоа има многу за размислување, како прво колку од неговите гласови директно ги контролира а колку се револт исл гласови. Доколку повика да се гласа за Х или У ризикува на парламентарни избори да му се случи фијаско, побезбедно би му било да биде неутрален по тоа прашање доколку сака да повтори слични резултати каде што ќе има значајна пречка во тоа што тој нема да биде центар на неговата партија туку некои анонимуси кои никој не ги знае. Смешно но неретко се случува рандом гласач да отиде да гласа за Х но на ливчето го нема него па заокружува друг, незнаејќи дека Х е кандидат во друга изборна единица.

Второ Левица освоија над 40000 гласа а не над 30000 - мала замерка, додека поголемата замерка би била дека се непозната во моментов, едно е Ванковска а друго се Апасиев, Крмов итн кои се веќе познати на просечниот Мкаедонец и оттука мислам дека ќе имаат минимум 50к гласа на парламентарни така да не би ги отпишувал се уште иако резултативе им се реално лоши.



По мене направија големи грешки со тоа што фураа идеологија а тоа на народот не му е воопшто важно. Поклонувањето на Хоџа, спамувањето за Палестина, однесувањето инфантилно за некои работи им беа многу лоши потези, имам чувство дека кај обичниот народ остава впечаток дека се несериозни.
Тоа со хоџа моџа мислам го фураа за да бидат зборени низ медиуми зашто буквално ги цензурираат секаде и мислам се водеа по тоа дека и лошата реклама е сепак реклама
 
Член од
7 април 2024
Мислења
24
Поени од реакции
39
Можеа до 2016 да не трансформираат кога цел свет го правеше тоа ама тие вработуваа администрација и купија 100к компјутери за децата кои два пати не се вклучија.
Да беа само компјутерите.... а книги што се преведуваа со милијарда грешки во преводот што скапуваат во депо, а медицинска опрема што скапува во магацини...резултат на сето тоа е што Паторот и Мијалкови имаат милијарда евра, а ти скенирај сметки. АМа ај да речеме дека надежта последна умира, па да му дадеме шанса на Мицко барем 100 дена
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
a sto moze da ponudat levica i makso? realno nisto... nula. che gevara bese del od sjo i kurton revolucijata a makso glasase za severna... sto ke kontroliraat tie koga i 2cata se za u zatvor.
Па ако гледаме така сите се за во затвор
Автоматски споено мислење:

Да беа само компјутерите.... а книги што се преведуваа со милијарда грешки во преводот што скапуваат во депо, а медицинска опрема што скапува во магацини...резултат на сето тоа е што Паторот и Мијалкови имаат милијарда евра, а ти скенирај сметки. АМа ај да речеме дека надежта последна умира, па да му дадеме шанса на Мицко барем 100 дена
Грујо имаше добри проекти ама НИЕДЕН не се реализираше професионално и ефикасно
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.774
Поени од реакции
5.710
Мене ми е битно Дпне додека е власт да спроведе попис како што ветуваше пред да повика да се попишеме, попис со сите аршини со фингерпринт и контрола на цел процес со мешан етнички состав. Доста е со лагите за бројот на резидентно албанско малцинство. На сите избори се гледа дека огромен број Албанци се иселени а се водат дека се тука, со тоа ние Македонците сме дискриминирани при вработување.

За пописот од 2021 кривични пријави.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
Можеа до 2016 да не трансформираат кога цел свет го правеше тоа ама тие вработуваа администрација и купија 100к компјутери за децата кои два пати не се вклучија.
Затоа и раководството е флегма на Вмро . Страв ми е за во иднина зборам, дека ќе нема ревидирање на грчки и бугарски договор,ќе нема судски процеси, туку едноставно ќе си стане новото нормално и Северна Македонија ќе стане нова реалност .
Убаво кажавте, зошто партиски клиентелизам , зошто немаат став и програма за ова од старт ? Зошто не прекинат одма ? Зошто се свесни за ова одлично и не сакаат да тргнат од оваа навика. Левица работи на оваа нивна слаба точка и си краде гласови . Прашање е дали и Левица ќе оди по овој пат. Дава знаци .
Поента ми е , партискиот клиентелизам е што не утепа како држава . Партиската мафија за глас за работно место уби и фамилии,бракови,семејства заради да си обезбедат подобро утро и место . Гарантирам дека 50 проценти од гласовите на ВМРО-СДС-ДУИ се неискрени членови и само за работно место или што должат услуги . Левица,Максим зборам за моментална ситуација , се искрени гласови заради незадоволство заради политика,идеологија и принципи . Максим земете пример , човеков е лицемер, а смкна 80,000 гласа како поединец,зошто, заради незадоволство на СДС членови заради ветувања итн .Ќе речете , па тоа не се искрени :LOL: па на некој начин се искрени оти гласале по своја воља а не по партиска наредба .
Автоматски споено мислење:

Тоа со хоџа моџа мислам го фураа за да бидат зборени низ медиуми зашто буквално ги цензурираат секаде и мислам се водеа по тоа дека и лошата реклама е сепак реклама
Ma брате , Левица тука затоа и ги сакам . Имаат јака пропаганда и знаат како да работат . Жута штампа . Едно поклонување уште се зборува . Една Дарја Мустафаоглу е уште актуелна и фатална жена по барање на нашите членови на овој убав и шарматичен Кајгана форум . Не ја вадат од уста :LOL: А јас сеуште не знам како уште е во таа партија со 20 години на пат да стане пратеник .Дали има родители кои се со јаки врски или трето ? А третото е не сакам да зборам ,го сервисирала Алфата на Апасијата .
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.384
Поени од реакции
7.017
a sto moze da ponudat levica i makso? realno nisto... nula. che gevara bese del od sjo i kurton revolucijata a makso glasase za severna... sto ke kontroliraat tie koga i 2cata se za u zatvor.
Може да конторлираат како и колку ќе го пуши Мицко кај Таравари или Ахмети и уште побитно, да не забегаат ко последните години на Грујо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom