Мислејќи што да напишам, ќе ви кажам нешто. На 8 мај треба да излезат поголем број на луѓе и да заокружат за подобриот. А имаме шанса да го имаме најдобриот претседателски кандидат, иако е навредуван најмногу, демек стара била, баба била, заборавала и слично. А истите тие што навредуваат три чисти немаат од ништо или, пак, мислат дека ако е стара, не е способна. Па и Киро имаше првпат 75 години и не можеше да оди, ама успеа да ја направи државата. Дури и архиепископот, дедо Михаил, којшто најпрво требаше да биде кандидат за претседател, тогаш сѐ уште бил свештеник, бил постар од Киро Глигоров, ама доста образован, дури бил првенец во АСНОМ и го создавал македонскиот јазик заедно со Кепески и Конески, иако тоа како информација многу во јавноста го нема, затоа што сме секуларна држава. Сакам да кажам, не треба навреди, треба соработка и излезност за да се гласа за Гордана Силјановска Давкова, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа треба јасно да им биде на сите во Македонија. За претседател се гласа не за партија, туку за индивидуата и нејзините умствени способности. Иако ќе кажете, ама таа заборава. Па тоа јас роден 1995 година на моменти се закочувам и заборавам, а камо ли жена која има скоро 71 година за некој ден. Но тоа заборавање не е случајно, туку дека има доста читано, доста има знаење, доста информации и сака да одговори дословно на сите.
Што се однесува до Данела и Гордана за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тоа се два различни концепти. Прво Данела си е жена со менаџирање и нема некое политичко искуство, а Гордана има доста искуство од професорската бранша и воедно не е жена која е далеку од нормалата. Таа, ако ја гледавте и на дебатите, сакаше да соработува со сите други. Разговараше со Стево, со Билјана, со Стевче, со Максим, со Арбен, па и со Бујар, кого најмногу го критикуваше. Но сепак, мислам оти ќе соработува со власта, но и со сите останати. Таа ќе сака да биде политички коректна. И сметам оти, според психологијата на личноста, досега никогаш не ме има излажано, па дури сметав дека нешто ќе се случи во она време со Данела и не ме зачуди нештото, Гордана е одмерена, смерна, со став и строга кон секого. И да, некогаш нека не ве чуди ако застане против некои ставови на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ или кој и да е. Само тогаш не треба ВМРО-ДПМНЕ да гуга дека Гордана е против нив. Тоа никогаш не мислам дека ќе биде. Исто така, дај Боже да се освести народот од Македонец, Албанец, Ром или кој и да биде, па да ја изгласа, ќе видите дека таа на Водно нема да се заврти. Ќе биде навистина покрај народот. Не е учена таа таму стално. Иако ќе ѝ биде многу чудно, таа ќе направи нешто, што никој пред нејзе не направил, држете ме на овој разговор.
Исто така, немој да се чудите зошто одбегнува камери, зошто е некако чудна појава и слично, затоа што исто така, според психологијата на личноста, таа е една од ретките политичари кои не сакаат гужва, не сакаат врескање, лудување, популизам и слично. Сака мирно, со достоинство да се гласа, да се донесе точна одлука и навистина е подржувач на сите. Било тоа да се некои маргинализирани групи и поединци или некои на пиедесталот. И покрај сѐ, е културна, цивилизирана, компетентна, фигура сигурна во себе и борбена. И да додадам, сите жени треба да гласаат за нејзе и со тоа ќе покажат дека се ценат како жени.
А Стево Пендаровски го видовме како изиграва, за жал, царски шут и едно вели после одма менува мислење. И секој што гласа за него нема критичка мисла во себе и сметам оти греши. Немам ништо против, ама сепак мислам дека не сме до толку неписмени луѓе кои останале овде. И да, ќе биде интересно вториот круг, затоа што не очекувајте да имаат ВМРО-ДПМНЕ исто гласови како сега. Помалку ќе имаат. А Левица ќе има повеќе, Стевче Јакимовски ќе има можност да има повеќе од сега, а исто помалку ќе има Максим. СДСМ тука-така ќе биде, а ДУИ нека се надева на околу 100000 гласови, освен ако не дојдат од страна и да гласаат до кај 150000 Албанци за нив. Тоа го согледувам поради фактот што има 17 партии, што е ептен многу, а така се кратат гласовите на електоратот од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и слично, па ако се земе во обѕир и фактот дека дијаспората не гласа за парламентарните избори, тогаш јасно нека ви биде.
На крајов, да сумирам во овој долг текст така кажано, што се заборавив во пишувањето.
За претседател треба да се гласа за најдобриот, но не партиска основа, туку личност. За партија ќе си гласате на парламентарните избори. И не заборавајте дека ни е потребна промена на претседателот. Доста го гледаме некој како е превртлив, а навистина ништо не направи. Навистина нема ништо премногу лошо, ама нема ич добро. Двапати врати некои закони и толку беше и тоа кога му кажаа дека повторно ќе го кандидираат, што значи следно потпишува сѐ откако ќе биде изгласан и како таков тој е истиот. Тешко човек се менува за 5 години. Треба 15 години да поминат, па малку од малку да се смени. Исто не го ставајте ВМРО-ДПМНЕ е на ниво на СДСМ или на времето пред 7 години и слично. Не знаеме, не се на власт. Исто така не кажувајте ништо за Левица или за Максим или кој и да е. Не се на власт. Исто не е исто гарант ДУИ и Вреди и слично. А за тоа кој ќе биде во коалиција, не се знае ништо. Сѐ се очекува. Не ги гледајте резултатите од вчера. И се надевам дека тие коишто гласаа за останатата опозиција, барем 80% ќе излезат и ќе го дадат гласот за таа која ја нарекуваа баба, ваква или таква.
* Нека админите ја сменат од утре анкетава овде за претседателски кандидат и ако можат две да стават и за парламентарните избори добро би било.