мислам дека ти дадов прилично добри одговори, не гледам што празно сум кажал.
Или еве на пример кога ти одговорив за тој документарецот и ти кажав за кои работи мислам дека се лаги и полу-вистини не видов дека ме демантираше.
Одговорот не се однесуваше на тебе лично.
За демантирање, времето најдобро покажува што било поправилно, само што корист тогаш...
Пример
@Ron Burgundy сфати дека фолијашите бевме во право за корона дупешката, ама последиците мора да си се платат. Но он повторно си му верува на системот и нормално повторно ќе треба да плаќаме.
зошто воено кога може преку шарена револуција како пред 100 години?
Епа не можеш "шарена" револуција кога системот има толкава моќ со децении. Секој што јавно би кажал различно мислење или изјавил критика против системот, одма го снемува. Од бебиња ги спремаат како роботи да се, така да нема никаква можност ни подлога за "шарена" револуција.
Оној Навални за кој К го стрпаа во затвор... Такви општества се осудени на застој, пропаст, не за џабе народ бегал накај Америките. Тука спаѓаат и голем број Европјани, што бегале од феудализмот, аристократскиот систем. Сега истото го практикуваат и во Австралија, Канада, УК, САД и нормално е дека ќе има распад.
Според мене, истите тие што пред 100г успеале да ги сјебат Русите, нивните наследници сеуште се во првите ешалони во Русија, а гледаме веќе и западот на големо ја применува нивната идеологија во своите општества.
Катаклизма им се деси 90тите со олигарсите кои направија ршум како овие што ги опишуваш денес што прават пуздер на запад. И што бидна после тоа? Банкрот Русија па еве ја воскресна. Не гледам зошто и западот не би се ресетирал (хехе).
Банкротот им се случи како последица на системот кој го применуваат, после тоа одредена група луѓе на тацна си ги доби повеќето фабрики и природни ресурси.
Значи Русија како најголем непријател на западот, како причина бр.1 за формирање на нато, доживува економски колапс, а со тоа и колапс на сите други полиња, зашто народ сеуште смета дека Русија не е превземена, дека не се инфлитрирани луѓе кои би превземале активности согласно целите за воспоставување на новиот светски поредок? Најприродна работа е, кога конкуренцијата (непријателот) ти доживува колапс да ја превземеш или целосно избришеш од мапата (како што се случило со Руското кралско семејство и милионите Руска интелектуалци).
Со распадот на СССР доаѓа и до губење на првичната причина за постоење на НАТО, па ако западот беа доследни, немаше да постојат воени сојузи со кои би се започнала нова светска војна. Така да, лево и десно крило се потребни за да постои една целина, односно составен дел од исто тело.
Западот
секако ќе доживеа крах,
(нормално се однесува на народот, не на тие 1%, нив само капиталот ќе им се зголеми) тоа е неизбежно, последица, природен процес од кој нема спас, макар ги добиле сите природни ресурси што Русија ги има. Нели Русија иако нема што нема од природни ресурси во своите граници, плус огромни индустриски комплекси изградени од крвта на луѓе, пак се распадна, а и сеуште не е ни во топ 7 економии.
Продуктивноста на луѓето е битното, владеењето на правото и слобода, односно право на избор.