Нема што да се замислува нешто кое е во практиката неостварливо и погубно, ете ти замислуви како ќе е во светот на бајките каде ДПМНЕ и Левица ќе прават семакедонска колиција, рози ќе цветаат, а јас ќе ја гледам реалноста на понудата на двете опции кои немаат ништо заедничко и споиливо едно со друго.
Тоа што не можеш да го видиш или не сакаш да го видиш е следното:
и ДПсНЕ (барем по декларативните изјави) и Лефица имаат заедничко, а тоа е Македонија!
Можеби тебе ова ти е ирелевантно, ама без постоење на Македонија нивната борба за власт станува беспредметна.
Другите работи кои си ги надробил, не се за коментирањер, се твои очекувања кои за жал не се темелат на издржани аргументи туку на конструкции пласирани од пропагандните мачини по независните медиуми.
Сега велиш односно тоа го поткрепуваш со “наслов“, Мицкоски: За уставни измени со „одложено дејство“ ќе бараме гаранти да бидат ЕУ и САД од алсат
Но небитно, целиот одговор на Мицика е следниот,
прашан дали ако важат одложено, опозициската партија ќе ги поддржи уставните измени кога Владата ќе ги испрати во Собранието. Одговарајќи на прашањето тој рече: „Тогаш ќе доставиме предлог, зад тој предлог бараме гаранти, тоа ќе бидат Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Тој предлог ќе го доставиме и ќе кажеме ова е предлогот што е прифатлив за нас. Тој предлог ќе биде доставен до овие две институции, односно канцеларијата на Европската Унија и Соединетите Американски Држави да бидат гаранти на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата пристапниот протокол од земјите членки на Европската Унија“
... и е малку поинаква од онаа што алсат се обидува да манипулира преку насловот.
Тоа е мое видување и се однесува за изјавата, а дали Мицика има аранжами со некого е сосема друга тема, некој упорно сака да наметне такво нешто ама не нуди аргументи туку манипулира.
Кај нив секогаш на власт се менуваат порадикални партии.
Ако видиш од 90-та, прво доминантни се ПДП кои беа по образовани и не така радикални. Па после се појавија ДПА кои беа порадикални. Кулминација беше кога после 2001 УЧК се претвори во ДУИ и со исклучок на 2 години од 2002 до денес (2006-2008 кога Груевски влезе во коалиција со ДПА) се постојано на власт.
Ахмети со 20 години власт му се приближува на Тито кој владеел 35 години со земјава.
Не би бил изненаден да ако опозицијата кај нив победи стане порадикална од ДУИ за да се "докаже". Останува да се види.
Што мислиш на што се должи радикализацијата кај македонските партии со арнаутско членство?
Дали е тоа предизвикано од внатрешни конфликтни ситуации или пак некој од надвор управува со тие процеси?
Овие се мали деца за мене.
Пред години изнесов на форумов дека:
-водата за пиење мора и треба да биде бесплатна за секое домаќинство (треба да се наплаќа некаков надомест за одржување на водовод и трошкови ама литар вода мора да биде со цена 0 денари) реакциите беа шарена куртонијада на стероиди:
-за секое семејство мора да има 200-300 KW бесплатна ел. енергија а над тоа да се плаќа, едноствано во 21 век без ел.енергија е како некој да те осудил да живееш во 19 век. ...повторно реакциите беа ама зошто јас да плаќам а тој не.
Многу го пишував против ОТАНистите и на некој му засмета...
Се шегувам се знае кој Оустриа и преку Бруселес и Фашингтон ќе ни направат уште една шарена куртонијада, оти нема кој да се спротивстви (се мисли на организира политичка структура, поединци има ама сами секој за себе се лесна мета).
Не го пукај гласникот. Јас мислам дека ЕВН никогаш не требаше да се продаде но сега национализација е невозможна. Подобро би било да се направи нова паралелна државна структура која ќе ги земе ингеренциите на ЕВН и ќе ја истисне на тој начин. Но не сум експерт, некој попаметен нека предложи подобро решение доколку има.
Не постои -невозможно- во светот на политиката.
Во политиката а и во животот постои само:
ако сакаш бараш/наоѓаш начин, ако не сакаш бараш/наоѓаш изговор!
Национализација е едноставна технологија, се носи закон каде се повикуваш на цивилизациски вредности кои се нарушени со постоечкиот модел и им се одзема правото на тој субјект му се дава надомест, а ако многу почне да зне и тоа не му се дава.
тие државни фирми служат само за партиски ботови вработување, види го Мепсо, дуизирано од глава до пети. Пошта, јсп и други да не ги набројувам. Доколку државата е сопственик, ќе рани само загубари и ќе плаќа ботови да идат на работа и ништо да не прават.
Ова како го замислуваш е многу интересно. (не мешај баби и жаби - мепсо/ЕВН/ЕСМ и држава)
Па и државата си вработува партиски војници и копитари дали и таа треба да ја приватизираме за да не вработува такви?
Многу почна да се забегува на кривини.
најак е стевче не испушта никад да не ги пофали србите тито његош југословенизмо ,и пословици на српскоме лојален увек .и вчера на инфомкас вучич го фалеше дека е повисок од пендаровски хахах
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.