Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.940
Поени од реакции
5.080
Ова копиле имаше 264.000 гласа подршка од македонската орда.

Се прашувам, кој од кого „препишува„ кога изнесува став за „измисленоста„ од Македонскиот народ токму во СФРЈ-Фрчко од Грчев или обратно?...:unsure:
Автоматски споено мислење:

Ај не гласај за овие ...:love::vozbud: (не мислам на партијата)

Прегледај го приврзокот 413657
Уаааааууу!...
Од утре ќе почнам да штедам...
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.765
Поени од реакции
3.830
За да истуркаат уставни измени им треба 80, не 61. ВМРО-ДПМНЕ сама ќе може да спречи уставни измени, доколку сака, затоа што ќе биде единствена партија со над 40 пратеници. Така да, таа математика, кога се уставни измени во прашање, е залудна.
Она што го пишав и погоре е дека Мицко се пазарел со странците да виде власт у замена за уставни измени. Тоа сите го знаеме.
Е сеа, он многу жестоко го нападна дуи ама изгледа сега свати дека за да биде власт нема да може без дуи. Па сега подава рака на максо на левица за да собере со нив што повеќе пратеници и да му треба помала (албанска) партија за да формира влада.

А за тоа дека вмро дека ќе спречеле уставни измени, да не се лажеш и да не живееш у илузија.
И двете партии нудат промена на устав кај странците у замена за власт. Само сдс ја нуди веднаш, а вмро со одложено дејство.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.505
Поени од реакции
990
Се прашувам, кој од кого „препишува„ кога изнесува став за „измисленоста„ од Македонскиот народ токму во СФРЈ-Фрчко од Грчев или обратно?...:unsure:
Автоматски споено мислење:



Уаааааууу!...
Од утре ќе почнам да штедам...
шо вика фрчковски ебаму идентитето ,се фатифте за македонизмо ко слеп за стап , а дали е наш тој пропаднат древен македонски идентитет ,мози ние сме прот словени буагри кој ја окупираја ова древна македонско римска визанриска територија за едно со татарите ,се одродивме од словенсвото ,за да фати корен македонизмот анточки ,е не фајча така лесно .кризи на идентитети ,од шупливо у празно ни нацијата не фати корен како шо треба .ни национализамот ,а зошто така ,оти сне измислени од тито ,

извињавам се на малку сарказам
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.107
Поени од реакции
3.855
На 21 април ќе има дебата на МТВ, само Бујар и Пендаровски немале да присуствуваат.
А каква е таа дебата, а овие да не се појавуваат? Со кој памет некој би ги гласал и едниот и другиот чим не би се појавиле на дебата?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Ај не гласај за овие ...:love::vozbud: (не мислам на партијата)

Прегледај го приврзокот 413657
Куде е овај Харем?
У програм Торбари вели дека само тој ќе има Харем или за сите важи?

За да истуркаат уставни измени им треба 80, не 61. ВМРО-ДПМНЕ сама ќе може да спречи уставни измени, доколку сака, затоа што ќе биде единствена партија со над 40 пратеници. Така да, таа математика, кога се уставни измени во прашање, е залудна.
Од позиција 61 многу полесно се доаѓа до 80!
Ако ДПсНЕ, Лефица и некои други САКААТ уставни промени тогаш ќе барат и ќе најдат начин како до нив, ако не сакаат ќе бараат изговори.

Она што го пишав и погоре е дека Мицко се пазарел со странците да виде власт у замена за уставни измени. Тоа сите го знаеме.
Е сеа, он многу жестоко го нападна дуи ама изгледа сега свати дека за да биде власт нема да може без дуи. Па сега подава рака на максо на левица за да собере со нив што повеќе пратеници и да му треба помала (албанска) партија за да формира влада.

А за тоа дека вмро дека ќе спречеле уставни измени, да не се лажеш и да не живееш у илузија.
И двете партии нудат промена на устав кај странците у замена за власт. Само сдс ја нуди веднаш, а вмро со одложено дејство.
Па не баш, да речеме јас не знам, слушам ваму таму ама никаде не сум видел ФАКТИ (конструирани факти да, друго не) па го сметам за пропаганда, немам видено барем не ЈАСНО дека Мицко правел пазари. Освена ако пискарањата на оние од инфомакс/слични и пиштољ-новинари не ги сметаш за релевантни во случајот Мицко се пазари.
Сигурно е дека Мицко и ДПсНЕ прави пазари ама дека тие пазари туку така ќе дојдат во јавност се приказни за мали деца.

Сметам ... најважно е дали ДПсНЕ и Лефица ќе најдат сили да се обединат околу Македонските национални интереси, се друго е само сеење магла...
Врвен македонски национален интерес е ОПСТАНОК на македонската држава, што овозможува непречен/слободен развој на македонската култура........

За некои криминалот, корупцијата биле врвен приоритет, но и едното и другото се само инструменти (кои се нузпојава во случај на држава и организирани форми) со кои некој вешто барата за да го загрози врвниот македонски интерес!
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.059
Поени од реакции
24.918
Ај не гласај за овие ...:love::vozbud: (не мислам на партијата)

Прегледај го приврзокот 413657
Ако си машко и првото нешто што го примети на сликата се затскриените лименки Golden Eagle на коњопојот имам лоши вести за тебе, или добри ако си Шекспир. Исто така тоа значи дека си полн со предрасуди и стереотипи кон прехранбено-напиточните преференци на нашите со граѓани од рамковна припадност.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.819
Поени од реакции
21.445
Не е можно министерка а за К У Л Т У Р А да е толку проста и навидум неписмена...значи од улица просјак да земеш, поаргументирани ставови ќе ти извади за било која тема.

Спремна женска,од митинг дирекно иде у балон да игра фудбал.

gljuhftx0aalrlm-1200x770.jpeg
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Она што го пишав и погоре е дека Мицко се пазарел со странците да виде власт у замена за уставни измени. Тоа сите го знаеме.
Е сеа, он многу жестоко го нападна дуи ама изгледа сега свати дека за да биде власт нема да може без дуи. Па сега подава рака на максо на левица за да собере со нив што повеќе пратеници и да му треба помала (албанска) партија за да формира влада.

А за тоа дека вмро дека ќе спречеле уставни измени, да не се лажеш и да не живееш у илузија.
И двете партии нудат промена на устав кај странците у замена за власт. Само сдс ја нуди веднаш, а вмро со одложено дејство.
Не реков дека ќе спречат, реков дека уставни измени ќе зависат од нив. Така да, не може некој да формира влада без нив, со цел уставни измени.

Инаку, мое лично мислење на темата е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов Устав, по теркот на бугарскиот и грчкиот, наместо уставни измени во сегашниот. Ама тоа нема да го сакаат Албанците.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Епа ајде замисли сега Левица има над 100к гласови и заедно со дпмне ги имаат потребните 61, треба Мицко не да им каже?
Верувам дека ќе ги надраснат сите проблеми во интерес на таа Македонија која од уста не ја вадат и двајцата, еднаш седнале на маса заедно, ќе седнат повторно.
Нема што да се замислува нешто кое е во практиката неостварливо и погубно, ете ти замислуви како ќе е во светот на бајките каде ДПМНЕ и Левица ќе прават семакедонска колиција, рози ќе цветаат, а јас ќе ја гледам реалноста на понудата на двете опции кои немаат ништо заедничко и споиливо едно со друго.

Еве за почеток економијата, ти објасни еден член после мене плус зошто едноставно економските и социјалните политики на Левица се погубни, дури се толку погубни за опстанокот на државата на ниво на овие досега од СДСМ, прво ДПМНЕ е партија каде економски ќе се залага за рамен данок, кој кога беше воведен од Грујо македонската економија дожива процут, за економските зони кои донесоа еден куп фабрики каде што ако не знаеш веќе повеќето луѓе се доближуваат до таа сонувана плата од 1к евра , а од друга страна Левица е против се тоа, со неразумни високи стапки на даночење кое ќе донесе и тој мал број на луѓе што е свој на своето во државата да се исели, дека даноциве ќе ги плаќаат за да можат ѓупчињата у Шутка да имаат подобри услови, епа јас не сум расположен да плаќам даноци за уште повеќе социјални траснфери кон ѓупците, како овие да не се малце кои досега ги имаат.
За економските политики на Левица ги видовме кои беа препишени од министерот Данска Тевдовски, после кои економијата радикално ни се сврти надоле и плус со промената на името, економијата само ни тоне, практично е покажано дека имаш една економска политика која ти носи процут (па со цела корупција шо ја има на жал), а другата ти носи тонење во недоглед (па колку сака нека бидат непоткупливи (допрва ќе видиме)).

Друго надворешната политика, ќе се зближуваме ли со Северна Кореја како што стои во програмата на Левица, ќе признаваме држави кои не постојат како Каталонија и Баскија, ќе стануваме пријатели со треторазредни комунистички држави, ќе одиме против Израел кој ни дава оружје за некој племиња палестинци (иако во таа војна лично не сум на ниту една страна), од друга страна веќе сме членка на НАТО и стратешки партнер број 1 на САД поради кој сеуште глумиме држава (а редно е да станеме), па ќе идеме против сите тие теркови, странски инвестиции со комунисти во власт нема да видеш ниту денар, дури напротив и тие кои ги имаме може да се преселат во Бугарија или Грција или било каде ама не би опстанале тука.

На крај и културолошките политики, од една страна ДПМНЕ кое ќе се залага за семејни вредности, за инвестиции насочени кон јакнење на црквата која е главниот моментално браник на тоа многу луѓе сеуште да живеат во државата (кога ќе си дома ти препорачувам да отидеш до некоја црква од развиените епархии да се увериш со свои очи), а од друга страна Левица е за доночење на религиите (а знаеме само каде ќе имат капацитет да удрат), ДПМНЕ ќе се залагаат за бракот како институција на маж и жена, а вториве едвај чекаат да ја покажат својата љубов кон ЛГБТ, од прва рака инфо ти кажувам дека нивни првенци немаат против и тоа еднополови заедници да посвојуваат деца.

Светот на бајките е розов и убав, а суровата реалност е дека не постои ниту една точка во која може да се спојат ДПМНЕ и Левица да формират влада, Левица во влада на ДПМНЕ ќе биде само едно камениште во обувките кое ќе ја кочи државата и нема да и дава да оди напред, знам дека Македончето ја сонува таа коалиција, ама време е да престане да живее во сонови и да се соочува со реалноста, имаш два избора а ти бираш зад кој ќе застанеш.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.648
Поени од реакции
4.273
Стевчо има најискрена кампања. Вика "Добриот политичар размислува и на следните избори". Пошто целокупното негово постоење во политиката е единствено со цел да се биде градоначалник на Карпош, баш ме интересира кој ќе испадне поглуп од ВМРО и СДС да му даде поддршка на следните локални избори. Филмот од 2013та дека сам ќе ги победи и двете партии верувам дека не му поминува ни кај домашните. Ова со претседателскиве избори мислам дека само му е продолжување на обидот што го прави месеци наназад со екипата од Инфомакс за додворување кон СДС.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Нема што да се замислува нешто кое е во практиката неостварливо и погубно, ете ти замислуви како ќе е во светот на бајките каде ДПМНЕ и Левица ќе прават семакедонска колиција, рози ќе цветаат, а јас ќе ја гледам реалноста на понудата на двете опции кои немаат ништо заедничко и споиливо едно со друго.

Еве за почеток економијата, ти објасни еден член после мене плус зошто едноставно економските и социјалните политики на Левица се погубни, дури се толку погубни за опстанокот на државата на ниво на овие досега од СДСМ, прво ДПМНЕ е партија каде економски ќе се залага за рамен данок, кој кога беше воведен од Грујо македонската економија дожива процут, за економските зони кои донесоа еден куп фабрики каде што ако не знаеш веќе повеќето луѓе се доближуваат до таа сонувана плата од 1к евра , а од друга страна Левица е против се тоа, со неразумни високи стапки на даночење кое ќе донесе и тој мал број на луѓе што е свој на своето во државата да се исели, дека даноциве ќе ги плаќаат за да можат ѓупчињата у Шутка да имаат подобри услови, епа јас не сум расположен да плаќам даноци за уште повеќе социјални траснфери кон ѓупците, како овие да не се малце кои досега ги имаат.
За економските политики на Левица ги видовме кои беа препишени од министерот Данска Тевдовски, после кои економијата радикално ни се сврти надоле и плус со промената на името, економијата само ни тоне, практично е покажано дека имаш една економска политика која ти носи процут (па со цела корупција шо ја има на жал), а другата ти носи тонење во недоглед (па колку сака нека бидат непоткупливи (допрва ќе видиме)).

Друго надворешната политика, ќе се зближуваме ли со Северна Кореја како што стои во програмата на Левица, ќе признаваме држави кои не постојат како Каталонија и Баскија, ќе стануваме пријатели со треторазредни комунистички држави, ќе одиме против Израел кој ни дава оружје за некој племиња палестинци (иако во таа војна лично не сум на ниту една страна), од друга страна веќе сме членка на НАТО и стратешки партнер број 1 на САД поради кој сеуште глумиме држава (а редно е да станеме), па ќе идеме против сите тие теркови, странски инвестиции со комунисти во власт нема да видеш ниту денар, дури напротив и тие кои ги имаме може да се преселат во Бугарија или Грција или било каде ама не би опстанале тука.

На крај и културолошките политики, од една страна ДПМНЕ кое ќе се залага за семејни вредности, за инвестиции насочени кон јакнење на црквата која е главниот моментално браник на тоа многу луѓе сеуште да живеат во државата (кога ќе си дома ти препорачувам да отидеш до некоја црква од развиените епархии да се увериш со свои очи), а од друга страна Левица е за доночење на религиите (а знаеме само каде ќе имат капацитет да удрат), ДПМНЕ ќе се залагаат за бракот како институција на маж и жена, а вториве едвај чекаат да ја покажат својата љубов кон ЛГБТ, од прва рака инфо ти кажувам дека нивни првенци немаат против и тоа еднополови заедници да посвојуваат деца.

Светот на бајките е розов и убав, а суровата реалност е дека не постои ниту една точка во која може да се спојат ДПМНЕ и Левица да формират влада, Левица во влада на ДПМНЕ ќе биде само едно камениште во обувките кое ќе ја кочи државата и нема да и дава да оди напред, знам дека Македончето ја сонува таа коалиција, ама време е да престане да живее во сонови и да се соочува со реалноста, имаш два избора а ти бираш зад кој ќе застанеш.
Абе друже не ми кажувај мене, јасно ми е мене се ама самото дпмне е криво за таа популарност на Левица. Не можеш ти да убедиш народ на 20 дена пред избори да гласа за дпмне кое ќутеше 8 години за се, настрана што кога имаа 63 останаа во коалиција со дуи. Партијата каква и да е за неа ќе гласаат Македонци, тој македонски глас е битен сега како никогаш повеќе ако сакаме да се вратиме на погорна позиција како Македонци. Нека направат влада, нека го извадат дуи а понатаму ќе биде полесно во секој случај од сега.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Ќе се види правото лице на Левица ако фалат пратеници на ВМРО за формирање влада. Тука ќе се види кој е за Македонија а кој е предавник.
Секако ќе фалат пратеници. Инаку многу работи ќе се видат тогаш точно, Македонија нема да е иста после тој 8 Мај како што престана да биде после 2016, дали ќе стане подобра или уште полоша ситуацијата останува да видиме ама пак ќе кажам наше е да излеземе и гласаме, гласовите се тие и повеќе од сигурно е дека двете партии ќе имаат 61 така да како што каже ќе се види кој е за Македонија а кој не е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom