Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, десна рака на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и одговорен за нашето црковно досие, во прво интервју за...
www.facebook.com
ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕМЕ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ И МАКЕДОНЦИ, ПРАШАЊЕТО СЕ РЕШАВА СЕГА?!?!
Тоа што на грчката влада и кауза не им успеа да го направат со преспанскиот капитулански договор реализиран преку Заев и неговите заевисти, сега сакаат преку Цариградската патријаршија (која е продолжена рака на грчката влада и кауза) да го направат! А сакаат да направат тотално бришење и искоренување на се што е македонско и затварање на македонското прашање на Балканот!
Плус, Цариградскиот патријарх, преку папистичката теологија на Фанар, се наметнува по власт над сите останати православни патријарси и архиепископи, односно над сите помесни православни Цркви! „Теологија“ која нема основа во автентичното евангелско православно предание и духовно искуство! Тој е прв по чест, но, не и по власт!
Примерот за таа погрешна теологија е црковниот хаосот што го направи Цариградскиот патријарх во Украина! Затоа тој се нарекува „вселенски/ екуменикос“, што во некои дамнешни времиња на Ромејската империја можеби и имало некаква смисла, но, денес, кога не постои империјата, а Константинопол е Истанбул и кога цариградскиот патријарх може да биде само Грк, таа титула нема смисла, освен во рамките на остварување на целите на грчката политика и кауза!
Едноставно, ова е обид за некаков православен папизам, а баш поради така разбраниот папизам (по власт, а не по чест) Рим отпадна од православието/ правоверието!
Ваш во Христа, брат и слуга, о. Ивица Тодоров.