Саем на книгата

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Кица ја немаш читано???
Ццццццц....
После збори ми за Памук и музејот.
Задолжително ти е Колбе. Дури повеќе од Лидија Димковска, во некои наврати. Земја на Бегалци и Жените Гаврилови, мислам.... ШТО ЧЕКАШ!?

Коа ќе се навратам, и јас зедов доста од македонскиве. Урошевиќ веќе го имам, така да не ми е во план идниот пат во Литература. Таму нешто странско ќе прочепкам. Штета Лагуна не се на саем, ја барав Вашљива Палата од Шафак - уште таа ми остана од неа. Во Академска само Копилето го имаат.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
ама тешко зашто постарите финалисти или се од издавачи кои веќе не постојат, или се одамна распродадени. Тука спаѓаат и Резервен живот и Скриена камера од Димковска и Првиот универзитетски ден на мојата ќерка на Игор Станојоски што ми се прочитани, но ги немам дома.
Од „првиот ден...“ за саемов има нов тираж со нова корица.
1713465892510.png

Туку има ли некаде список на сите учесници на саемов?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.721
Поени од реакции
36.584
Од „првиот ден...“ за саемов има нов тираж со нова корица.
Прегледај го приврзокот 413530
Знам. Ама проблемот со таа книга ми е што беше издадена од Или Или првично, во ПРОаЗА едицијата. Еден колега од работа ми го зеде мојот примерок и му изгубив траг. Сега ми стои дупка на полицата кај Или Или и затоа не сакам да ги купам изданијава од Муза. Ама ако не го најдам изданието на Или Или наскоро, ќе ја купам оваа.

Патем, старата корица беше поубава од оваа. А романот е прекрасен, кој го нема прочитано, најискрена препорака од мене.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
10
Поени од реакции
12

Јас го имам изданието од Или или дома, пријателе. Атер за тебе, ќе ти го носам на саем.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.577
Од секогаш сум ја доживувал како либтардирана, воук и тешка глупача. Секој момент очекувам да побара да се канселираат ќебапите и колбасите оти имаат фалусоидна, а не вагинална форма. Од тие причини имам некоја предрасуда да ја читам. А не мора да значи еве и Гелевски е налудничава сдсмашка комуњара па не можам да му го оспорам познавањето во браншата и книгите што ги има издадено посебно збирка Магма, каде што има квалитетни писатели кои за прв пат се преведени на македонски.
 
Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82
Некоја препорака од Бегемот да кажете? Освен членот некаде погоре што ја спомна книгата.
Страдањата на кнезот Штерненхох од Ладислав Клима. Одличан книга! А е само 50 денари.
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
394
Поени од реакции
2.128
Некоја препорака од Бегемот да кажете? Освен членот некаде погоре што ја спомна книгата.
Ако си по руските писатели, дефинитивно сите книги на Замјатин, Булгаков + најновиот превод на Хармс.
Од полските автори – Славомир Мрожек, Бруно Шулц.
Ако си по расказите - сите книги на Хорхе Луис Борхес.
Плус, имаат едиција со домашни автори, главно кратки раскази, меѓу нив има одлични, ќе си прашаш на штандот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.831
Поени од реакции
36.864
Убаво направиле што ги ставиле помаливе издавачи централно. Мислам дека издавачи како Темплум, Бегемот, и Или-или сега имаат далеку поголемо раздвижување и промет кога се вака поставени.

Инаку со години им ја барам ради што е тврд повез и ми викаат дека ја немале, па сеа се појави на саемов.

IMG_2644.jpeg

Којзнае што има Гелевски по тоа магацинот.

Ја земав и оваа, се надевам не погрешив.

IMG_2645.jpeg

Немав време денес, утре може ќе направам втора тура да земам уште нешто.
 
Член од
13 март 2017
Мислења
36
Поени од реакции
14
Убаво направиле што ги ставиле помаливе издавачи централно. Мислам дека издавачи како Темплум, Бегемот, и Или-или сега имаат далеку поголемо раздвижување и промет кога се вака поставени.

Инаку со години им ја барам ради што е тврд повез и ми викаат дека ја немале, па сеа се појави на саемов.

Прегледај го приврзокот 413742

Којзнае што има Гелевски по тоа магацинот.

Ја земав и оваа, се надевам не погрешив.

Прегледај го приврзокот 413744

Немав време денес, утре може ќе направам втора тура да земам уште нешто.
Има уште примероци од Фаренхајт?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom