Каде се иселивте и како?

Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.042
Поени од реакции
11.305
Во колку европски држави имаш живеено, и во кои?
Татко му го направил во екс ЈУ.
Мајка му го роди во Македонија.
Сам, доживотно, ќе се закопа во Северна.
(Еуропејска напредна Северна, Натовска и ете само уште „малку“ членка на Унијата)

И не е тоа проблем, проблем е што никој не му замерува за истото се' додека не заборави на она: Живеј ама остави ги и другите да живеат.


Уопште не ми е гајле што мислиш и како мислиш. 3та класа си ...

каде работиш, колку земаш и во кое маало живееш во странство? Муда за бубрези продавајте на некој што не бил надвор и незнае како е.
...
За некои сфаќања и мислења на форумот си прав НОЈ, со главата во песок (не ни дочитуваш што ти пишат).

Тоа што си бил во странство, не ти се допаднало или не си успеал како си зацртал па си се вратил не го сфаќај како пораз или како воопштена слика за „странција“ туку како индивидуално искуство.

Лестер убаво ви вика, да ВЕ/НЕ биваше и во МКД пред 10 години сите ќе бевте/ме со бизниси и ќе ја направевме оваа држава странство. Е сега вие можи ова како што сакате да си го сфатите ама вистината е таа.

Има и други теми со слична тематика, иако на оваа беше сосема друга намената, а не да си ги вадиме очите меѓусебно, НО еве баш членови кои сами си придаваат значение низ минатото се имаат истрчано да се прават поголеми Македонци или поголеми луѓе воопшто од „дијаспората“ само и само затоа што не ги бива или едноставно немале храброст / не сакале да заминат.


Комплексите се заебана работа.
Егото, уште повеќе.

Преминете еднаш преку себе си, време е, не сте деца.


ЕДИТ:
Каде: Германија
Како: Виза за Западен Балкан
(визата земена уште сега веќе далечната 2021, во декември месец, на пасош на кој пишуваше Република Македонија - ова чисто да му затнам муцињата на тие шо ми го берат гајлето дека имам Бугарски - пошто на темата за бугарски ите како бев активен можеби добри 2 години каде имам радо помогнато на преку 20 лица да дојдат побрзо до пасош со разни совети, шо на тема шо приватно по пораки и да си обезбедат подостоинствен живот надвор. Дел од нив се во процес и друг дел ќе бидат да се стекнат со пасош од државите каде што се отселиле или со трајна дозвола за престој па Бугарскиот ќе го скинат - така да толку од муабетот „Се пишавте бугари за да замините“).

Предности:
- Јавен транспорт за кој можи да се сонува во мкд (бус и трамвај на буквално секои 15 минути, колата ти е за украс или ако ти се шета за викенди, не мора ни да ја поседуваш јас кај шо живеам).
Во „забаталените“ населби и/или села имаш воз или бус на секои 30 минути до максимум на секој саат (ова последното треба ептен пиле да не пее некаде па да е така).

- Јавно здравство (бесплатно), катаљон години пред нашето. Никогаш не недостасуваат реагенси, апарати за снимање и дијагностицирање и било што кое во МКД претставува проблем (особено за луѓе со ретки заболувања, скраја, па и слични дијагнози).

- Приватно здравствено осигурување, за нијанса поскапо од јавното и буквално може да го прилагодиш на кој сакаш сегмет (дотаму да преглед ти врши само Началник на одделение, Операција да ти врши само началник на одделение, термини за прегледи и операции добиваш УТРЕ, не чекаш никаде и за ништо).

- Пензија, имаш поголеми шанси да ја дочекаш тука него во МКД пошто во МКД пензискиот систем е рикнат и се зема пензија на жими мајка. Тука исто е скоро рикнат, но огромна економија е и приливот на средства на месечно ниво е баснословен па тој „зачарани круг“ се' уште функционира (и ќе функционира) и покрај големиот број на социјалци.

- Безбедност, освен ако не си во некој мега град и не си ја бараш бељата после 10 навечер *(читај, не си опериран од мозокот) безбедноста ти е загарантирана. Полиција и брза помош, заедно со пожарна (ДА, сите три заедно) БУКВАЛНО стигаат кај тебе на адреса или таму каде си ги повикал за 2 до 5 минути.
Доколку живееш во мал град или село, глупаво е да збораме за безбедност или лагоден живот - а такви мали места има да ги ринеш со лопата, земјата е преголема за изборот на живеалиште да ти е премал (читај, не е се' во МинКенот).

- Можност за напредување во кариерата и на работно место.
Не треба партиска книшка за вработување, не треба мито, не треба вујко владика за да те стават во фирмата шеф. Доколку си способен, научиш јазик, научиш нешто за професијата во вид на курс или усовршување/надоградување на тоа што веќе стартно го имаш за тебе нема зима. Константно ќе напредуваш, дури ако не им бараш тие ќе те поттикнуваат. За среќа ова се' уште функционира и секогаш ќе функционира.
Дали рандом Ханс ќе има предност пред тебе на работното место? - Да, скоро секогаш ќе има.
Дали заради него ти никогаш нема да напредуваш? - Не, може да не знаеш на почеток да се испазариш за истата плата или услови (повеќе одмор, каде не е регулирано со колективен или други привилегии), НО со самото владеење на јазикот и доквалификација твојот кариерен пат е неизбежно само и само напред.

- Чистота на воздух. Да не се лажеме и тука знае да биди загадено во големите градови или индустриски области, но никаде не дишат чист канцер како во Скопје, Битола, Тетово.
Над 80% од територијата на цела држава е зеленило. Тоа зеленило не подлежи на бесправна сеча, не ги гибаат дрва стари по 100 години додека невреме не ги сурни или сами не паднат / станат опасност по безбедноста па да мора да се отстранат.

- Можност за бавање со хоби. Бескрајна.
Било кој спорт, од отворени и затворени базени, куглани, игралишта, спортски сали, ски клубови, велосипедски, планинарски и секаков вид на здруженија. За теретани и слични клубови *(пилатес, јога и друго) да не ни збораме.
Библиотеки на 4-5 спрата, книжари на 3 спрата и јаче, кина, музеи, локалитети, ТРОПСКИ ОСТРОВИ (водени паркови)... до утре можи да се набројува.

- Можност за водење на бизнис. Со многу малку пари отвараш фирма и се нудиш на пазарот. Доколку ти тргне или стварно те бива со пазар од 86 милиони (само во Германија) граница ти е? Небото.

- Процедури во општина, суд, полција - било каде.
Траат долго, ќе го има во делот маани ова, НО значајно е што се решаваат и што правото и правната држава важат и за тебе и за Ханс подеднакво.

- Породилно отсуство. Делумно платено до 2 години (65% на плата), со опција 3-та година да е неплатена.

Сигурно има уште предности, но доволно е за да се стекни општ впечаток.

Маани:
- Бескрајна бирократија.
Прва, последна и најголема маана на Германија. СЕ' е на папиру, на писмено, со писменца - уште гулаби фалат да ги носат (Вива ла DHL).
Кретените ти прават термин на кој одиш само да направиш разговор за следниот термин на кој ќе направиш разговор за проблемот што го имаш и следен термин за евентуално понудено решение за проблемот.
Во превод, ако чекаш на ажурност на државата и сам претходно не го запознаеш системот туку си се преселил „на зелено“ - ти се еба мајката.
Ако мислиш дека во МКД си истанчил нерви со бирократија и администрација, охо братко колку само се лажеш. Тука треба да имаш посебен шкаф само за регистрите со документи кои ти пристигаат САМО од тековната година. А тек па за тие од вгодина, а тек за после...?
Ништо скоро не им е дигитализирано и мамицата ќе им се еби допрва со овој вид на функционирање.

- Цени на кирии и инфлација. Двете ги ставам под ист кош пошто после короната вртоглаво одат нагоре и прашање е до кога тој меур ќе се дува и што кога ќе пукне. Класично уништување на средната класа во ЕУ се дешава со ова.

- Безбедност. Ја има и во предности, но и во маани. После 10 навечер заборави движење околу Банхоф (главна железница) или во енклавите (буквално енклави) од поголемите градови каде живеат Сиријци, Етиопејци и останати фини господа.

- Планирање на одмор од оваа есен за следното лето. Работодавците, во голем дел, сакаат да им доставиш план кога ќе го користиш одморот за цела наредна година (за да ја организираат работата). Ова особено важи за големи фирми и мене како личност многу ми пречи 2/3 од одморот да сум приморан да го пишам со фиксни датуми кога ќе отсуствувам од работа по 8-10 месеци отсега.
На тоа население и на тој обем на работа и големина на фирми ова е очекувано за западниот свет.

- Јазик. Го пишам во маани бидејќи не е баш лесен за учење и некој што доаѓа тука без воопшто да знае јазик богами ќе се изнамачи додека го научи и прашање е колку добро ќе го научи пошто нема да има никаква основа од МКД, а нема да има време тука кога да го учи заради обврските во секојдневието. Животот има темпо исто како да живееш во Ск, во споредба со град од внатрешноста. Така да, ќе треба да жртвуваш 6 месеци до година дена да не работиш ништо или многу малку (на скратено работно време) за да го научиш јазикот доволно за нормално функционирање со институциите и нормално функционирање во секојдневието (приватно, а особено професионално).
Доколку планирате преселба, гледајте во МКД да се стекните со знаење (потенцирам, знаење - НЕ сертификат туку знаење) за барем реално B1 ниво.

- Возачка дозвола. Секоја будала, буквално, има возачка.
Од деца од 16-17 нагоре *(колку и да е границата), до полуинвалиди на свои 90 години.
Статистиката вика дека во просек на секој 7 МИНУТИ има по една сообраќајка во Германија. Значи само ти останува во таа статистика да си учесник со мало закачување на паркинг од Лидл (пример), на семафор да те залепи некоја будала од назад пошто мисли дека се наоѓа на рели и треба да тргни со 6-та ако можи, а не најнормално со прва па втора ИЛИ да поминиш со лесни до тешки телесни повреди.
Треба поголеми казни, иако веќе се ите како солени и ригорозни и треба ограничување на возачките до возраст на пензионирање. За понатаму ако сака да вози, тестови на секои 6 месеци да се види дали има рефлекси, дали слуша и дали гледа за воопшто да учествува во сообраќај.

Тоа е тоа „накратко“.
Со среќа на тој шо ќе има мадиња да се собери од МКД, да остави фамилија и да замини надвор почнувајќи од лајче, нож и виљушка и само едно „добро утро“ како предзнаење од јазик.

Храброста и лудоста се граничат, но само таквите успеваат во животот.
Останатите, ќе дробат по форуми.
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.992
Поени од реакции
7.650
Salzburg Avstrija... 2 godini
Prednosti - ubav grad se priroda pejsazi noken zivot i von gradot se e ubavo ima tirizam od sekakov vid
NEDOSTATOCI...od kaj da pocnam
1. Kirii kako da si vo menhetn vo Newyork ili primer Belgrad na vodi vo Belgrad za toj standard, pa da najdes stan e naucna fantastika jas najdov po godina vreme i ne e nisto posebno..
2. Site sto gi znam zimaat od 1700 - 2000 evra plata i nekoj od tie zboruva c1 ... nema nekoj izbor na fabriki i industrii se e povrzano so turizmot poveke..
Imas baustela sofer, ako sakas kes ili 2 plati.
3. Site Avstrijci ziveat vo periferija, vo gradot se ostanati osven turisti, i studenti ima polno glavno naselenie e Bosanci, Turci pa spagaat Somalici, Avfanistanci, Mekodonci ima malo pogotovo od Radovis i Kicevo..
4 ako doaga nekoj navamu bi mi rekov Linc ili Viena em poeftin stan em pogolemi plati i izbor na rabota ke mu ostani nekoj denar....Tuka jas dojdov posto imam brat ama, ne ja znaev vistinata kakva e dodeka ne ja dozivees na svoja koza...edinstvena moja greska e sto neznam jazik osven A1 i neznam instituciite site kako funkcioniraat, imas prava sto ne si gi znaes... denes teram ali pari na strana moze poleka poleka da zastedis pomalku..
Drugar nemoj da drapash jajca i kazhi ja vistinata!
Edinstvena tvoja greshka e shto te mrzi.
Na prvi sprat zhiveesh, vo prizemje rabotish, cel grad do jajca, parkovi na 200m od tebe. AMA MRZA TE FATI OTI TI SE ZAARNI!
Dosega i F12 ce znaeshe da ne beshe mrzliv i zalegnat so toa tursko, sirisko i bosansko drushtvo.

I eve od mene pred cela kajgana!
Ako ti treba za zhenati 3-4 saati dnevno rabota ili vo Sabota. Rabotno mesto vo Europark. Chistacka , pishi mi.

Ama ako me usranish ce ti gi otsecham jajcata, ce gi slikam i ce gi stavam vo interesni fotki za spomen!

Pozdrav,
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
48.990
Ти си бил што знаеш како е?
И сум бил и знам, и имам и роднини и другари и другарки што отидоа чисто дека можат и зашто овде не им беше комотно во своја кожа, па таму сфатија дека од кожата нема бегање.
Седат како мисири, не закопаа родители, не се израдуваа на внуци, жени/мажи не најдоа или најдоа нашинци/ки од кои демек бегаа, дружат исклучиво со наши, оти домородните населенија не им прават ни муабет.
Во меѓувреме им се запустија дуќани и земјишта, од школувани луѓе со јасни перспективи, станаа физикалци/касиерки и шофери и сега дремат без компас, зашто се ни ваму ни таму со животот.
Нормално, грото што ги знам топ си ја наредија, ама тие топ ќе ја наредеа и тука и на Марс.
Сакам да кажам дека секој треба да мери зашто оди и да направи една здрава инстроспекција пред да киниса.
 
D

Diferans

Гостин
Ова со Холандија, многумина сум слушнала дека се вратиле од таму. Татко ми своевремено бил во Холандија, но заработил доволно и си се вратил дома, си уплатил за стан, се оженил и никогаш не се свртел назад. Самиот релјеф и бескрајната депресивна низина го убивала.

Од Холандија, како спомен и како домашен штос, остана една Џојс што никако не го преболи, па секоја година до крајот на неговиот живот, се јавуваше да му честита именден. Еднаш и дојде во МК патем од некоја тура (а мајка ми рече, кутрата колку е збрчкана)
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.867
Поени од реакции
2.080
И сум бил и знам, и имам и роднини и другари и другарки што отидоа чисто дека можат и зашто овде не им беше комотно во своја кожа, па таму сфатија дека од кожата нема бегање.
Седат како мисири, не закопаа родители, не се израдуваа на внуци, жени/мажи не најдоа или најдоа нашинци/ки од кои демек бегаа, дружат исклучиво со наши, оти домородните населенија не им прават ни муабет.
Во меѓувреме им се запустија дуќани и земјишта, од школувани луѓе со јасни перспективи, станаа физикалци/касиерки и шофери и сега дремат без компас, зашто се ни ваму ни таму со животот.
Нормално, грото што ги знам топ си ја наредија, ама тие топ ќе ја наредеа и тука и на Марс.
Сакам да кажам дека секој треба да мери зашто оди и да направи една здрава инстроспекција пред да киниса.
Во која држава?

Еве јас сум 15 години надвор не се жалам, братучедите што дојдоа од Мк, и тие не се жалат. Се согласуваме со тоа дека треба да знаат зошто одат. И други правила се во странство, тоа многу наши не го разбираат. Специјално со недвижнина и даноци.
Автоматски споено мислење:

Татко му го направил во екс ЈУ.
Мајка му го роди во Македонија.
Сам, доживотно, ќе се закопа во Северна.
(Еуропејска напредна Северна, Натовска и ете само уште „малку“ членка на Унијата)

И не е тоа проблем, проблем е што никој не му замерува за истото се' додека не заборави на она: Живеј ама остави ги и другите да живеат.



За некои сфаќања и мислења на форумот си прав НОЈ, со главата во песок (не ни дочитуваш што ти пишат).

Тоа што си бил во странство, не ти се допаднало или не си успеал како си зацртал па си се вратил не го сфаќај како пораз или како воопштена слика за „странција“ туку како индивидуално искуство.

Лестер убаво ви вика, да ВЕ/НЕ биваше и во МКД пред 10 години сите ќе бевте/ме со бизниси и ќе ја направевме оваа држава странство. Е сега вие можи ова како што сакате да си го сфатите ама вистината е таа.

Има и други теми со слична тематика, иако на оваа беше сосема друга намената, а не да си ги вадиме очите меѓусебно, НО еве баш членови кои сами си придаваат значение низ минатото се имаат истрчано да се прават поголеми Македонци или поголеми луѓе воопшто од „дијаспората“ само и само затоа што не ги бива или едноставно немале храброст / не сакале да заминат.


Комплексите се заебана работа.
Егото, уште повеќе.

Преминете еднаш преку себе си, време е, не сте деца.


ЕДИТ:
Каде: Германија
Како: Виза за Западен Балкан
(визата земена уште сега веќе далечната 2021, во декември месец, на пасош на кој пишуваше Република Македонија - ова чисто да му затнам муцињата на тие шо ми го берат гајлето дека имам Бугарски - пошто на темата за бугарски ите како бев активен можеби добри 2 години каде имам радо помогнато на преку 20 лица да дојдат побрзо до пасош со разни совети, шо на тема шо приватно по пораки и да си обезбедат подостоинствен живот надвор. Дел од нив се во процес и друг дел ќе бидат да се стекнат со пасош од државите каде што се отселиле или со трајна дозвола за престој па Бугарскиот ќе го скинат - така да толку од муабетот „Се пишавте бугари за да замините“).

Предности:
- Јавен транспорт за кој можи да се сонува во мкд (бус и трамвај на буквално секои 15 минути, колата ти е за украс или ако ти се шета за викенди, не мора ни да ја поседуваш јас кај шо живеам).
Во „забаталените“ населби и/или села имаш воз или бус на секои 30 минути до максимум на секој саат (ова последното треба ептен пиле да не пее некаде па да е така).

- Јавно здравство (бесплатно), катаљон години пред нашето. Никогаш не недостасуваат реагенси, апарати за снимање и дијагностицирање и било што кое во МКД претставува проблем (особено за луѓе со ретки заболувања, скраја, па и слични дијагнози).

- Приватно здравствено осигурување, за нијанса поскапо од јавното и буквално може да го прилагодиш на кој сакаш сегмет (дотаму да преглед ти врши само Началник на одделение, Операција да ти врши само началник на одделение, термини за прегледи и операции добиваш УТРЕ, не чекаш никаде и за ништо).

- Пензија, имаш поголеми шанси да ја дочекаш тука него во МКД пошто во МКД пензискиот систем е рикнат и се зема пензија на жими мајка. Тука исто е скоро рикнат, но огромна економија е и приливот на средства на месечно ниво е баснословен па тој „зачарани круг“ се' уште функционира (и ќе функционира) и покрај големиот број на социјалци.

- Безбедност, освен ако не си во некој мега град и не си ја бараш бељата после 10 навечер *(читај, не си опериран од мозокот) безбедноста ти е загарантирана. Полиција и брза помош, заедно со пожарна (ДА, сите три заедно) БУКВАЛНО стигаат кај тебе на адреса или таму каде си ги повикал за 2 до 5 минути.
Доколку живееш во мал град или село, глупаво е да збораме за безбедност или лагоден живот - а такви мали места има да ги ринеш со лопата, земјата е преголема за изборот на живеалиште да ти е премал (читај, не е се' во МинКенот).

- Можност за напредување во кариерата и на работно место.
Не треба партиска книшка за вработување, не треба мито, не треба вујко владика за да те стават во фирмата шеф. Доколку си способен, научиш јазик, научиш нешто за професијата во вид на курс или усовршување/надоградување на тоа што веќе стартно го имаш за тебе нема зима. Константно ќе напредуваш, дури ако не им бараш тие ќе те поттикнуваат. За среќа ова се' уште функционира и секогаш ќе функционира.
Дали рандом Ханс ќе има предност пред тебе на работното место? - Да, скоро секогаш ќе има.
Дали заради него ти никогаш нема да напредуваш? - Не, може да не знаеш на почеток да се испазариш за истата плата или услови (повеќе одмор, каде не е регулирано со колективен или други привилегии), НО со самото владеење на јазикот и доквалификација твојот кариерен пат е неизбежно само и само напред.

- Чистота на воздух. Да не се лажеме и тука знае да биди загадено во големите градови или индустриски области, но никаде не дишат чист канцер како во Скопје, Битола, Тетово.
Над 80% од територијата на цела држава е зеленило. Тоа зеленило не подлежи на бесправна сеча, не ги гибаат дрва стари по 100 години додека невреме не ги сурни или сами не паднат / станат опасност по безбедноста па да мора да се отстранат.

- Можност за бавање со хоби. Бескрајна.
Било кој спорт, од отворени и затворени базени, куглани, игралишта, спортски сали, ски клубови, велосипедски, планинарски и секаков вид на здруженија. За теретани и слични клубови *(пилатес, јога и друго) да не ни збораме.
Библиотеки на 4-5 спрата, книжари на 3 спрата и јаче, кина, музеи, локалитети, ТРОПСКИ ОСТРОВИ (водени паркови)... до утре можи да се набројува.

- Можност за водење на бизнис. Со многу малку пари отвараш фирма и се нудиш на пазарот. Доколку ти тргне или стварно те бива со пазар од 86 милиони (само во Германија) граница ти е? Небото.

- Процедури во општина, суд, полција - било каде.
Траат долго, ќе го има во делот маани ова, НО значајно е што се решаваат и што правото и правната држава важат и за тебе и за Ханс подеднакво.

- Породилно отсуство. Делумно платено до 2 години (65% на плата), со опција 3-та година да е неплатена.

Сигурно има уште предности, но доволно е за да се стекни општ впечаток.

Маани:
- Бескрајна бирократија.
Прва, последна и најголема маана на Германија. СЕ' е на папиру, на писмено, со писменца - уште гулаби фалат да ги носат (Вива ла DHL).
Кретените ти прават термин на кој одиш само да направиш разговор за следниот термин на кој ќе направиш разговор за проблемот што го имаш и следен термин за евентуално понудено решение за проблемот.
Во превод, ако чекаш на ажурност на државата и сам претходно не го запознаеш системот туку си се преселил „на зелено“ - ти се еба мајката.
Ако мислиш дека во МКД си истанчил нерви со бирократија и администрација, охо братко колку само се лажеш. Тука треба да имаш посебен шкаф само за регистрите со документи кои ти пристигаат САМО од тековната година. А тек па за тие од вгодина, а тек за после...?
Ништо скоро не им е дигитализирано и мамицата ќе им се еби допрва со овој вид на функционирање.

- Цени на кирии и инфлација. Двете ги ставам под ист кош пошто после короната вртоглаво одат нагоре и прашање е до кога тој меур ќе се дува и што кога ќе пукне. Класично уништување на средната класа во ЕУ се дешава со ова.

- Безбедност. Ја има и во предности, но и во маани. После 10 навечер заборави движење околу Банхоф (главна железница) или во енклавите (буквално енклави) од поголемите градови каде живеат Сиријци, Етиопејци и останати фини господа.

- Планирање на одмор од оваа есен за следното лето. Работодавците, во голем дел, сакаат да им доставиш план кога ќе го користиш одморот за цела наредна година (за да ја организираат работата). Ова особено важи за големи фирми и мене како личност многу ми пречи 2/3 од одморот да сум приморан да го пишам со фиксни датуми кога ќе отсуствувам од работа по 8-10 месеци отсега.
На тоа население и на тој обем на работа и големина на фирми ова е очекувано за западниот свет.

- Јазик. Го пишам во маани бидејќи не е баш лесен за учење и некој што доаѓа тука без воопшто да знае јазик богами ќе се изнамачи додека го научи и прашање е колку добро ќе го научи пошто нема да има никаква основа од МКД, а нема да има време тука кога да го учи заради обврските во секојдневието. Животот има темпо исто како да живееш во Ск, во споредба со град од внатрешноста. Така да, ќе треба да жртвуваш 6 месеци до година дена да не работиш ништо или многу малку (на скратено работно време) за да го научиш јазикот доволно за нормално функционирање со институциите и нормално функционирање во секојдневието (приватно, а особено професионално).
Доколку планирате преселба, гледајте во МКД да се стекните со знаење (потенцирам, знаење - НЕ сертификат туку знаење) за барем реално B1 ниво.

- Возачка дозвола. Секоја будала, буквално, има возачка.
Од деца од 16-17 нагоре *(колку и да е границата), до полуинвалиди на свои 90 години.
Статистиката вика дека во просек на секој 7 МИНУТИ има по една сообраќајка во Германија. Значи само ти останува во таа статистика да си учесник со мало закачување на паркинг од Лидл (пример), на семафор да те залепи некоја будала од назад пошто мисли дека се наоѓа на рели и треба да тргни со 6-та ако можи, а не најнормално со прва па втора ИЛИ да поминиш со лесни до тешки телесни повреди.
Треба поголеми казни, иако веќе се ите како солени и ригорозни и треба ограничување на возачките до возраст на пензионирање. За понатаму ако сака да вози, тестови на секои 6 месеци да се види дали има рефлекси, дали слуша и дали гледа за воопшто да учествува во сообраќај.

Тоа е тоа „накратко“.
Со среќа на тој шо ќе има мадиња да се собери од МКД, да остави фамилија и да замини надвор почнувајќи од лајче, нож и виљушка и само едно „добро утро“ како предзнаење од јазик.

Храброста и лудоста се граничат, но само таквите успеваат во животот.
Останатите, ќе дробат по форуми.
Брат, ти цела статија напиша. Али се слагам со 100%.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.525
Поени од реакции
3.660
Sonuvaj ti slatki sonishta.
Нема што да сонувам гледам, ги знам луѓето

Не знам како успеваат со една плата ама ете буткаат, конкретно за Германија и Австрија ова (угостителство се) очигледно некако може да се избутка месецот. А шетаат и по одмори гледам, коли солидни, дури и праќаат помагаат нешто ситно на нивните тука
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.992
Поени од реакции
7.650
Нема што да сонувам гледам, ги знам луѓето

Не знам како успеваат со една плата ама ете буткаат, конкретно за Германија и Австрија ова (угостителство се) очигледно некако може да се избутка месецот. А шетаат и по одмори гледам, коли солидни, дури и праќаат помагаат нешто ситно на нивните тука
Si chul ne si razbral!!!!
Ugostitelstvo se NAJDOBRO plateni, sobarica zema 1500-1800€ + platena soba,jadenje 3x dnevno, perenje serenje, nema kanalizacija,voda,strija.........
Znach CHISTO i ostanuvast 1500-1800€.

Mazhot Hausmajstor vo istiot hotel 2000-2400€ .
Znach vo mesec 4000-4500 zaedno CHISTI NA RAKA .
Pa sea ti praj si pak prikazni za mali deca
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Pred nekoja godina ja gledav za da se preselam tamu za srekja ne go napraviv toa. Daleku od toa deka zivotot ne e dobar da ne se razbereme pogresno, ama e prenaselena i strasen problem so smestuvackite kapaciteti (ne ti vikam ne idi tamu, samo kako predupreduvanje da pazis na toa)

Prijatel holangjanec (zena mu i ovaa mojava se najdobri drugarki dvete madzarici), posle nekoja godina zivot i rabota vo madzarska se vratija vo Holandija u 2019 pa pocnaa da razmisluvaat i da gledaat imot nazad vo Budimpeshta. Za holangjanec so poveke od ubava rabota (a i devojkata ne e na minimalec) e nezamislivo da kupat imot vo ili okolinata na Maastricht pa vidi sto e ako zborime za Amsterdam.
Големо даночно олеснување ќе има во Холандија за почеток. За да привлечат високо квалификуван кадар првите 3 или 2 години имаш значително намалување на данокот. Не е пренаселена туку имаа проблем со градење нови домови заради зелените или левицата кои ако ме служи добро памтење оспорија одреден закон за градби и помалку нови градби има за да стабилизираат побарувачката. Знам македонци знам што купија куќи пред 5-6 години, сега фала богу не е Амстердам(таму има со станови), Ротердам каде се неколку милиони ама имаат страшно добар превоз што лично знам Холанѓани што патуваат 80+ километри до канцеларија во Амстердам и си се враќаат назад со воз. Холандија е предобра земја барем од мое искуство од тоа што сум ја посетувал неколку пати на недела време.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.471
Па нормално дека живеам со моите. Тука тоа е нормално. Таму не е. Таму родителите те гледаат како натрапник после 18 и многу млади страдаат од депресија ради тоа.

Тоа не е живот реално. Под кирија како чергар. Дури и да имаш дом од твоите те гледаат како киријаш.

Смеа ме фаќа кога ги читам на темава. Поготово овој @enzo8 отишол во германија да разнаса бургери и за него тоа е живот. Луѓево дефинитивно изгубиле допир со реалност за што е добро а што не.
Тука твоите сакаат да им живееш дома за да ги чуваш кога ќе треба пелени да им менуваш, странциве сакаат да ги испадат од дома за да се осамостојат оти у старт се помирени дека на стари години у дом ќе живеат. У убав дом рон, на плажа. Али они нема да им оставаат куќата на децата туку со неа ќе си платат дом. Твојте сакаат и да не се ожениш за случајно снаата да не те освести. Само јас сакам да те осамостојам и женичка да ти најдам.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.615
Поени од реакции
5.322
Големо даночно олеснување ќе има во Холандија за почеток. За да привлечат високо квалификуван кадар првите 3 или 2 години имаш значително намалување на данокот. Не е пренаселена туку имаа проблем со градење нови домови заради зелените или левицата кои ако ме служи добро памтење оспорија одреден закон за градби и помалку нови градби има за да стабилизираат побарувачката. Знам македонци знам што купија куќи пред 5-6 години, сега фала богу не е Амстердам(таму има со станови), Ротердам каде се неколку милиони ама имаат страшно добар превоз што лично знам Холанѓани што патуваат 80+ километри до канцеларија во Амстердам и си се враќаат назад со воз. Холандија е предобра земја барем од мое искуство од тоа што сум ја посетувал неколку пати на недела време.
За даночното олеснување не знаев убаво е да се знае и да се има во предвид. Јас никаде не реков дека е лоша земја за живот само посочив на проблемите со домување.

сум бил неколку пати кај пријателите во Мастрихт, службено како фриленсер во Ротердам (одличен е градот), службено преку македонска компанија во која работев кај клиент во Делфт мало студенстско место ама мене ми остави впечаток.
Амстердам кратко сум бил зашто е полн туристи а не сум многу наклонет по такви гужви :)

за возовите можам и јас да ти потврдам зашто доста ги имам користено, ама да бидеме реални и Данска има супер железница, и Германија исто, делови од Шведска, па и во италија неколку пати што сум користел биле одлични (иако имам познаници што се жалат од истата)

Кога реков пренаселена, друже огромен дел од Холандија е веќе изграден. За разлика од Шведска каде 3% од територијата е со издадена градежна маркица и објект на неа или во градба

цените во Холандија за куќа да купиш се нереални дури и за тамошните плати што се вика. Да стан е многу подостапна опција.
ПС ова пак ќе кажам од тоа што ми е споделен од пријатели што активно бараа куќа во изминативе 2 години пред да решат да се враќаат во Будимпешта.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.399
Поени од реакции
9.027
И сум бил и знам, и имам и роднини и другари и другарки што отидоа чисто дека можат и зашто овде не им беше комотно во своја кожа, па таму сфатија дека од кожата нема бегање.
Седат како мисири, не закопаа родители, не се израдуваа на внуци, жени/мажи не најдоа или најдоа нашинци/ки од кои демек бегаа, дружат исклучиво со наши, оти домородните населенија не им прават ни муабет.
Во меѓувреме им се запустија дуќани и земјишта, од школувани луѓе со јасни перспективи, станаа физикалци/касиерки и шофери и сега дремат без компас, зашто се ни ваму ни таму со животот.
Нормално, грото што ги знам топ си ја наредија, ама тие топ ќе ја наредеа и тука и на Марс.
Сакам да кажам дека секој треба да мери зашто оди и да направи една здрава инстроспекција пред да киниса.
е ова болдираново ми е најако, колку ги има вакви тоа е едно чудо, абе толку плукааат по своето, своите, па дури нагласуваат како се иселиле ради тоа што не можеле да го поднесат народот а еден друг не знаат од освен Македонец или Македонка. Пред извесно време запознав еден ваков, дојден пред 2-3 години, почна да ми сере работи што не можев да го слушам, го отерав у курац, викам "ти штом имаш такво негативно мислње за македонците во целина во кој што спаѓам и јас, што кој курац седиш со мене" ? Било како, пред 3-4 дена среќавм еден друг што го знам 3 години а тука е дооолго време ( а се знае и со ликов) и ми зборува нешто концерти и такви работи (на кој што јас обично не одам), тука биле Скокај Ламбе, Некст Тиме и не знам кој, го правам " како поминавте, имаше народ "? Кога ми кажува и ликов бил таму.
 
Член од
29 март 2024
Мислења
435
Поени од реакции
837
Кур можеш во Македонија да си дозволиш одмор во Дубаи, Токио и да опремиш стан од 0 се во една година. А, тие што можат на прсти се бројат. Нејсе, секој треба да си направи една pros и cons листа и самиот да одлучи.

А, носталгичност и Македонија, океј нема збор. Затоа си одам неколку пати во МК, фамилија, друштвото таму, храна, природа и се останато што не се менува.

И мене не ме иселил никој шипац, сум се иселил сам себеси од причините наведени погоре. Во Македонија кога се работи на пример за здравство, џабе ти се и пари. Идеш на приватно, за нешто посериозно те праќаат на државно. На државно магнетна ти закажува за 3 месеци термин, а тебе ти е итно. Идеш за 3 месеци ти вика машината е расипана закажи пак. Е тоа мене ме исели од државата.


Само објасни ми зошто луѓе што не се отселени, ниту имаат таква желба се тука на темава и трубат? Тоа е исто ко некој што не ебел да иде да кажува у љубов и секс како треба. Или некој што не знае фудбал што е да кажува што и како.
Темава требаше да биде помош за оние што сакаат да се отселат, а не знаат како. Не Рон и таквите ко него да солат памет кој ионака го немаат.
Одењето во странство го споредуваш со опремување на стан и да си дозволиш одмор до Дубаи?
Па очигледно не си земал добра плата тука пошто не те бивало да се избориш за повеќе.

Храната, облеката, парфемите сите материјални конзумирачки добра се далеку поефтини спрема платата во странство.
Неколку пати спомнав кои се главните работи што те прават граѓанин од 3 ред ЕКОНОМСКИ.
Убаво школо, имот во убава населба итн итн. Не ми спомнувај маици и патики што ги наоѓаш за мали пари или храна од Лидл.

Тоа што не дочитуваш си е твој проблем.

Кажими каде е тој станот што си го опремил во Холандија? Во која населба го купи?
Или ренташ? Што мислам е случајот за 99% од мигрантите.

Да ви бил совршен животот во странство нема да киснете на Македонски форум.
Ке се интегрираш во тоа општество и таму ке збориш со тие луѓе за да го усовршиш јазикот, стекнеш пријателства, научиш закони итн итн.

Типичните балкански мигранти кога ке појдат во странство стагнираат. Битно е фрижидерот да е полн и било каков имот во било каква населба. И вака константо мелење курчење на овдешните овде. Комплексите си се големи али лечете ги во таа држава.

Пошто таму неможете да парирате на богаташите овде глумите најголеми сељаци.
Автоматски споено мислење:

Татко му го направил во екс ЈУ.
Мајка му го роди во Македонија.
Сам, доживотно, ќе се закопа во Северна.
(Еуропејска напредна Северна, Натовска и ете само уште „малку“ членка на Унијата)

И не е тоа проблем, проблем е што никој не му замерува за истото се' додека не заборави на она: Живеј ама остави ги и другите да живеат.



За некои сфаќања и мислења на форумот си прав НОЈ, со главата во песок (не ни дочитуваш што ти пишат).

Тоа што си бил во странство, не ти се допаднало или не си успеал како си зацртал па си се вратил не го сфаќај како пораз или како воопштена слика за „странција“ туку како индивидуално искуство.

Лестер убаво ви вика, да ВЕ/НЕ биваше и во МКД пред 10 години сите ќе бевте/ме со бизниси и ќе ја направевме оваа држава странство. Е сега вие можи ова како што сакате да си го сфатите ама вистината е таа.

Има и други теми со слична тематика, иако на оваа беше сосема друга намената, а не да си ги вадиме очите меѓусебно, НО еве баш членови кои сами си придаваат значение низ минатото се имаат истрчано да се прават поголеми Македонци или поголеми луѓе воопшто од „дијаспората“ само и само затоа што не ги бива или едноставно немале храброст / не сакале да заминат.


Комплексите се заебана работа.
Егото, уште повеќе.

Преминете еднаш преку себе си, време е, не сте деца.


ЕДИТ:
Каде: Германија
Како: Виза за Западен Балкан
(визата земена уште сега веќе далечната 2021, во декември месец, на пасош на кој пишуваше Република Македонија - ова чисто да му затнам муцињата на тие шо ми го берат гајлето дека имам Бугарски - пошто на темата за бугарски ите како бев активен можеби добри 2 години каде имам радо помогнато на преку 20 лица да дојдат побрзо до пасош со разни совети, шо на тема шо приватно по пораки и да си обезбедат подостоинствен живот надвор. Дел од нив се во процес и друг дел ќе бидат да се стекнат со пасош од државите каде што се отселиле или со трајна дозвола за престој па Бугарскиот ќе го скинат - така да толку од муабетот „Се пишавте бугари за да замините“).

Предности:
- Јавен транспорт за кој можи да се сонува во мкд (бус и трамвај на буквално секои 15 минути, колата ти е за украс или ако ти се шета за викенди, не мора ни да ја поседуваш јас кај шо живеам).
Во „забаталените“ населби и/или села имаш воз или бус на секои 30 минути до максимум на секој саат (ова последното треба ептен пиле да не пее некаде па да е така).

- Јавно здравство (бесплатно), катаљон години пред нашето. Никогаш не недостасуваат реагенси, апарати за снимање и дијагностицирање и било што кое во МКД претставува проблем (особено за луѓе со ретки заболувања, скраја, па и слични дијагнози).

- Приватно здравствено осигурување, за нијанса поскапо од јавното и буквално може да го прилагодиш на кој сакаш сегмет (дотаму да преглед ти врши само Началник на одделение, Операција да ти врши само началник на одделение, термини за прегледи и операции добиваш УТРЕ, не чекаш никаде и за ништо).

- Пензија, имаш поголеми шанси да ја дочекаш тука него во МКД пошто во МКД пензискиот систем е рикнат и се зема пензија на жими мајка. Тука исто е скоро рикнат, но огромна економија е и приливот на средства на месечно ниво е баснословен па тој „зачарани круг“ се' уште функционира (и ќе функционира) и покрај големиот број на социјалци.

- Безбедност, освен ако не си во некој мега град и не си ја бараш бељата после 10 навечер *(читај, не си опериран од мозокот) безбедноста ти е загарантирана. Полиција и брза помош, заедно со пожарна (ДА, сите три заедно) БУКВАЛНО стигаат кај тебе на адреса или таму каде си ги повикал за 2 до 5 минути.
Доколку живееш во мал град или село, глупаво е да збораме за безбедност или лагоден живот - а такви мали места има да ги ринеш со лопата, земјата е преголема за изборот на живеалиште да ти е премал (читај, не е се' во МинКенот).

- Можност за напредување во кариерата и на работно место.
Не треба партиска книшка за вработување, не треба мито, не треба вујко владика за да те стават во фирмата шеф. Доколку си способен, научиш јазик, научиш нешто за професијата во вид на курс или усовршување/надоградување на тоа што веќе стартно го имаш за тебе нема зима. Константно ќе напредуваш, дури ако не им бараш тие ќе те поттикнуваат. За среќа ова се' уште функционира и секогаш ќе функционира.
Дали рандом Ханс ќе има предност пред тебе на работното место? - Да, скоро секогаш ќе има.
Дали заради него ти никогаш нема да напредуваш? - Не, може да не знаеш на почеток да се испазариш за истата плата или услови (повеќе одмор, каде не е регулирано со колективен или други привилегии), НО со самото владеење на јазикот и доквалификација твојот кариерен пат е неизбежно само и само напред.

- Чистота на воздух. Да не се лажеме и тука знае да биди загадено во големите градови или индустриски области, но никаде не дишат чист канцер како во Скопје, Битола, Тетово.
Над 80% од територијата на цела држава е зеленило. Тоа зеленило не подлежи на бесправна сеча, не ги гибаат дрва стари по 100 години додека невреме не ги сурни или сами не паднат / станат опасност по безбедноста па да мора да се отстранат.

- Можност за бавање со хоби. Бескрајна.
Било кој спорт, од отворени и затворени базени, куглани, игралишта, спортски сали, ски клубови, велосипедски, планинарски и секаков вид на здруженија. За теретани и слични клубови *(пилатес, јога и друго) да не ни збораме.
Библиотеки на 4-5 спрата, книжари на 3 спрата и јаче, кина, музеи, локалитети, ТРОПСКИ ОСТРОВИ (водени паркови)... до утре можи да се набројува.

- Можност за водење на бизнис. Со многу малку пари отвараш фирма и се нудиш на пазарот. Доколку ти тргне или стварно те бива со пазар од 86 милиони (само во Германија) граница ти е? Небото.

- Процедури во општина, суд, полција - било каде.
Траат долго, ќе го има во делот маани ова, НО значајно е што се решаваат и што правото и правната држава важат и за тебе и за Ханс подеднакво.

- Породилно отсуство. Делумно платено до 2 години (65% на плата), со опција 3-та година да е неплатена.

Сигурно има уште предности, но доволно е за да се стекни општ впечаток.

Маани:
- Бескрајна бирократија.
Прва, последна и најголема маана на Германија. СЕ' е на папиру, на писмено, со писменца - уште гулаби фалат да ги носат (Вива ла DHL).
Кретените ти прават термин на кој одиш само да направиш разговор за следниот термин на кој ќе направиш разговор за проблемот што го имаш и следен термин за евентуално понудено решение за проблемот.
Во превод, ако чекаш на ажурност на државата и сам претходно не го запознаеш системот туку си се преселил „на зелено“ - ти се еба мајката.
Ако мислиш дека во МКД си истанчил нерви со бирократија и администрација, охо братко колку само се лажеш. Тука треба да имаш посебен шкаф само за регистрите со документи кои ти пристигаат САМО од тековната година. А тек па за тие од вгодина, а тек за после...?
Ништо скоро не им е дигитализирано и мамицата ќе им се еби допрва со овој вид на функционирање.

- Цени на кирии и инфлација. Двете ги ставам под ист кош пошто после короната вртоглаво одат нагоре и прашање е до кога тој меур ќе се дува и што кога ќе пукне. Класично уништување на средната класа во ЕУ се дешава со ова.

- Безбедност. Ја има и во предности, но и во маани. После 10 навечер заборави движење околу Банхоф (главна железница) или во енклавите (буквално енклави) од поголемите градови каде живеат Сиријци, Етиопејци и останати фини господа.

- Планирање на одмор од оваа есен за следното лето. Работодавците, во голем дел, сакаат да им доставиш план кога ќе го користиш одморот за цела наредна година (за да ја организираат работата). Ова особено важи за големи фирми и мене како личност многу ми пречи 2/3 од одморот да сум приморан да го пишам со фиксни датуми кога ќе отсуствувам од работа по 8-10 месеци отсега.
На тоа население и на тој обем на работа и големина на фирми ова е очекувано за западниот свет.

- Јазик. Го пишам во маани бидејќи не е баш лесен за учење и некој што доаѓа тука без воопшто да знае јазик богами ќе се изнамачи додека го научи и прашање е колку добро ќе го научи пошто нема да има никаква основа од МКД, а нема да има време тука кога да го учи заради обврските во секојдневието. Животот има темпо исто како да живееш во Ск, во споредба со град од внатрешноста. Така да, ќе треба да жртвуваш 6 месеци до година дена да не работиш ништо или многу малку (на скратено работно време) за да го научиш јазикот доволно за нормално функционирање со институциите и нормално функционирање во секојдневието (приватно, а особено професионално).
Доколку планирате преселба, гледајте во МКД да се стекните со знаење (потенцирам, знаење - НЕ сертификат туку знаење) за барем реално B1 ниво.

- Возачка дозвола. Секоја будала, буквално, има возачка.
Од деца од 16-17 нагоре *(колку и да е границата), до полуинвалиди на свои 90 години.
Статистиката вика дека во просек на секој 7 МИНУТИ има по една сообраќајка во Германија. Значи само ти останува во таа статистика да си учесник со мало закачување на паркинг од Лидл (пример), на семафор да те залепи некоја будала од назад пошто мисли дека се наоѓа на рели и треба да тргни со 6-та ако можи, а не најнормално со прва па втора ИЛИ да поминиш со лесни до тешки телесни повреди.
Треба поголеми казни, иако веќе се ите како солени и ригорозни и треба ограничување на возачките до возраст на пензионирање. За понатаму ако сака да вози, тестови на секои 6 месеци да се види дали има рефлекси, дали слуша и дали гледа за воопшто да учествува во сообраќај.

Тоа е тоа „накратко“.
Со среќа на тој шо ќе има мадиња да се собери од МКД, да остави фамилија и да замини надвор почнувајќи од лајче, нож и виљушка и само едно „добро утро“ како предзнаење од јазик.

Храброста и лудоста се граничат, но само таквите успеваат во животот.
Останатите, ќе дробат по форуми.
Односно дијаспората дроби по МК форуми пошто се небитни во реален живот таму. :vozbud:
Автоматски споено мислење:

У мк сум ја Костич, немам никаков Џон до мене.
Што да ти се обајснуе повеќе, не ти е поимливо кога некој оправдува почнуење живот од нула, надвор, сам или со друг, живот надвор под кирија, а не оправдуе безделничење, хај 24/7, цицање пари од мама и тато, чекање да умрат за да ти ја препишат куќата пошто lets face it, со македонска плата не се стига своја недвижнина да купиш.
Никаде не се стига ако си мрзлив и дремеш на кафе 5 пати во неделата.
Се стига и во МК и те како. Тоа што е скапо во МК 150,000 евра е скапо во Лондон, Сиднеј 1Милион за имот.
Верувај ти дека животот е мед и млеко во странство а во МК е најлошо на свет.
Автоматски споено мислење:

Чиста среќа што нашите таму се со крстот на чело, па се за децата, инаку и во Македонија нема своја куќа ако не рмбаш по 60-80 саати неделно

Скопје 2к евра за м2, дури и програмерите ќе видат зорт да купат на оваа цена, а не некој со просечна или минимална плата.
Цел свет е отиден со недвижностите, ако не се смени нешто депресијата ќе биде најмал проблем.
Баш програмерите не земаат во центар пошто можат да работат од дома.
Помлади дечки земаат куќи во периферие со огромни дворови.
Автоматски споено мислење:

Не си прочитал убаво, не е во Лондон туку 2 саата и 15 минути од Лондон и оди еднаш на 2 недели. Бристол или пак накај север до Норвич доаѓа тоа можеби и подалеку. Не секој сака да живее во огромен град, некој сака помал и посмирен.

Веќе со автопатат до Штип од Скопје до Берово се стиза саат и 45 минути. Повеќе е проблем огромната сообраќајна некултура што ја има Скопјемце, секој сака секаде да се пикне преку ред, се нервозни, никој не почитува правила. Скопјекаурот и шиповците е дрим тимот за сообраќај.
Значи во Македонија сите сакаат во Скопје да живеат, а во странство не секој сака да живее во огромен град?
Не другар ЕКОНОМСКИ се прави сегрегација и класна поделба кој во која населба ќе живее.

Не е тоа дали сакаш или неќеш. Еве од 10 души балканци мигранти во Лондон. 5 сакаат во центар да живеат.
Ама становите одат таму 1-2М. Мислиш имаат опција да живеат таму или кирија да плаќаат?
Они ке живеат каде што им дозволува платата. А такви како нив ги има од цел свет од индија, арапските земји, бугарија, црнците итн итн итн.

Моментот кога се издвојуваш од сите мигранти што работат за слична плата е кога си или на висока позиција или пак имаш свој бизнис. Тогаш ти вработуваш луѓе кои зависат од тебе. Тогаш ти купуваш имот во населбата којашто сакаш и не гледаш на цена пошто ти се може. Е тогаш парираш на тамошните таму.

Просечна плата и имот 1,000 КМ од главен град не е приказ на достојна плата.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.042
Поени од реакции
11.305
Брат, ти цела статија напиша. Али се слагам со 100%.
Па, барем, ако некој ја користи темата за информативен карактер (што е и намена) да види како јас со свои очи ја гледам Германија (не значи дека сум во право, само е мој впечаток досега - може ќе се менува во иднина).

Исто, голем проблем за некои, за мене сега не:
- Шимел / Луфт (Schimmel / Luft), а уствари во превод МУВЛА.
- Мувла и луфтирање, волшебните 2 збора на секој наемодавец во Имачка.

Ја има од северна Германија, до јужна, буквално насекаде. Односно, климата е таква да има чести промени на неколку годишни времиња во текот на еден ден па имаш и испарување, влага, сето тоа се абсорбира во простории во кои се прави топло/ладно, по ќошеви, по краеви, тавани... и креира нездрава средина за живеење, особено за мали деца, но воопшто и за возрасни.
Решение, буквално луфтирање колку што е можно почесто без разлика на годишното време. Затоа тука седат често, со парното опукано на 5 *(макс) и прозор на кипер.

Ова е најверојатно вториот најголем проблем после бирократијата.

Тука твоите сакаат да им живееш дома за да ги чуваш кога ќе треба пелени да им менуваш, странциве сакаат да ги испадат од дома за да се осамостојат оти у старт се помирени дека на стари години у дом ќе живеат. У убав дом рон, на плажа. Али они нема да им оставаат куќата на децата туку со неа ќе си платат дом. Твојте сакаат и да не се ожениш за случајно снаата да не те освести. Само јас сакам да те осамостојам и женичка да ти најдам.
На смеа, на шала, уствари му ја кажа болната вистина на голем дел од населението во МКД кое се наоѓа во негова ситуација.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Ја спомнавте Холандија па да пишам мое искуство

Да, претешко е за сместување и прескапо. Ние на почеток идеме да гледаме еден стан и тој ден 30 апликанти го гледале… за минималец особено е пекол а и студенти, не стигат до viewing. Во Утрехт секоја година фали смештај за 10к+ луѓенца а факултетите веќе ги затвараат вратите за интернационалци во недостиг на станови бидејќи не ги даваат зелените површини за згради и луѓето живеат по тавани во куќи од 1850 година и плаќаат илјадници евра за тоа.

Кирија во Холандија во развиените градови почнува од 1.400 евра па нагоре а купување од 300.000 нагоре, зависи каде и што бараш. Со жената сме сами и рентаме само 70тина квадрати но плаќаме 2.200 бидејќи сме у строг центар каде не се влага со коли (буквално Зара/Старбакс/еtc се на први ние на петти спрат, имам екс барса играч на спрат lol). Кога веќе се селевме - сакавме да ја искусиме цела култура, журки, храна и плус одма сме до централна станица (работа ни е мене 20’ нејзе 30’ но одиме 2-3 пати месечно ионака). Година ипол-две во станот тука но од Јануари гледаме за купување, проблемот е не сакам далеку од централно заради лајфстајл и без деца а центарско треба да платеме 500к до мил но сепак со работиве можеме да купиме преку банка - минималец не може да поседува во Холандија oд тоа што гледам. Не гледаме за купување по периферии - досадно е, кога ќе е и дете во равенката не би се преселил на место кај што ни Убер не носи храна lol па ипак со куќи, станови и поседи во МК од нашите јас ќе се задолжам овде за центарско, нажалост.

Околу начинот
Дојдовме со МК документи без најдено работа и стан (airbnb и неколку илјади евра за трошење за давање шанса - ако не само еден ханимун). Жена ми работи нешто со даноци меѓу државите а јас… сѐ, од одржување апи конекции, до ЕRP, до audit на финансиски документи, до product owner до автоматизации до… code review и тестер како QA оти што и да побарам од девелоперите пред продукција сам си го тестирам заради опипливи информациии и недоволен бизнис интелиџенс на индијците што ги аутсорсаме. Едино одбив project management и џуниор лид оти само трчаш по луѓе како секретарка. Тука ти даваат девелопмент план за кај сакаш да се развиваш. Немав никакво искуство од ова претходно, земав со работата многу курсеви за SQL до ЕRP до прокура алатки до менаџмент и разноразни софт скилс надградби. И двајцата си ги мразиме работите но ништо лично, ниедна работа не би не направила среќни оти не сакаме да работиме воопшто а истовремено сме против generational wealth. Магистратурата на жена ми и дозволи една година ориентационен стеј за да најдеме работа, работата ни аплицираше за виза за двајцата, сега имаме 5 години дозвола но за 2 веќе можеме пасош.

Околу трошоците
Едната плата ни оди на кирија, сметки (нашите тука и домашните), храна, осигурувања и ствари за дома а другата, пола за заштеда и инвестиции, па другото за облека, шетања и general wants, што значи останува доволно и ако не буџетираш правилно, несакајќи. Храната во маркет ни е ставено фиксно 600-700 евра не рачунајќи порачки и јадење надвор а појма немаме колку е јајце или млеко рецимо но инфлацијата се осети на големите пресметки. Еден ручек за двајца е од 50 до 100 евра, едно обично журкање во Амстердам ме фаќа исто. Често идење на фестивали и концерти, кинотеатар, стендапс. Одмори можеме неколкупати во годината од порано, за ова време преселени бевме неколкупати во Белгија по езерата, Франција, Германија, Рим, Прага, сега Исланд и океј пословно Букарешт а и из Холандија… често се враќаме и дома, во МК бев цел Јануари, имам пак карти во Мај и карти во Јуни. Стандардот е висок, платите се високи но данокот е брутален… земам годинава прв пат бонус оти добив директен договор а не контрактор и ми даваат 5 цифрена сума да кажеме за да ефективно рече државата едно за црквата едно за вицето и јас да добијам 4 цифрена на сметка, нето, поради 50% данок. Комедии. Ова се трошоци, не причини. Не би се отселил за ништо од погоре и бевме океј предтоа.

Зошто
Ниту една од класиките. Ниту рамковен, ниту вмро/сдс некад сме имале домашен притисок, ниту здравство, ниту станбен притисок, ниту парите, ниту воздухот, ниту градинките, ниту брзите возеви тука и чистите градеви, ниту брзо/бавно завршување административни работи но ако ви мења ова толку - да, брзо лесно услужливо све до сеа. Моето искуство со училиштата е жалосно и не мислам дека моето дете би испуштило нешто ако не расте и се едуцира таму. Никогаш не зборам за политика ниту ја мразам државата за како ништо не чинело во неа. Дали би се вратил? Да, во планина консултантски И барем океј гане, лесно. Можеби и за помалку. Дали би се отселил од Холандија за друга држава освен МК? Да, имав шанса за Сингапур која би ја прифатил но се откажав за да земеме пасош, да не е малце узалуд.

Така.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.642
Поени од реакции
4.479
Самиот факт кажува дека повеќето 90% од нашинците живеат стварно беден живот на страна.
Премногу стискање премногу штедење на се. Го забораваат социјалниот живот пошто им е скапо.
Кизне кој стар член си ти и кизне кој фејк акаунд по ред ти е овај, али нема везе.
Пошо тропаш апла глупости, дозволи да те ставам под претрафил.

5 години сум во Германија, 3 години скоро минимална плата со сопругата (корона време).

Пази сеа!
Во една година потрошив над 10 000 евра само за шетање.
Ја прошетав цела Европа откако дојдов во една од земјите каде што нашинците живеат стварно беден живот.
Ме чу? Ок.

Имам кола од 20 000 e и разумна сума во банка. Ок, немам моментално за да купам стан тука во Германија ако тоа го бараш од мене :) Ругај ме слободно пошо се осеќа дека не си мрднат од мкд. Ама се надеваме тука дека имаш барем едно 3-4 станови низ мкд, по 2-3 во СК и Охрид... Е ок де, и по селата да се, не е така страшно.

Сериозноста на страна, дај заозбили се и престани да тресиш глупости и да шириш хејт. Ти можиш слободно да си останиш таму кај што си (ако си ми среќен) и да не се грижиш за другите ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom