LustingVertigo
Snopdan Dogovich
- Член од
- 1 декември 2017
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 1.217
Целосно се сложувам со твојот аргумент. Биди си раат, ме интересира само во која земја емигрираше?Темава треба да се постави важна и да стои на почетна како потсетник зошто за кур не ни ја бива државата, пред се менталитетот на поединци кои очигледно преовладува. Чист пример зошто луѓето си заминуваат.
Не знам која е потребата за докажување каде е подобро за живот? Ликови како Рон што живеат со мама и тато, и чекаат 100че за кафе за да идат да се жалат на други како они се граѓани од втор ред, како Љавдрим зимал повеќе пари од него, тоа не е никакво мерило.
Јас немам ништо против луѓето што останаа во Македонија, има и таму работници и луѓе што се борат, ама ваквите што кукаат по кафиња се шлајмот на општеството.
@Pitu Guli MKD
Која ти е тебе таа логика дека ако ни било убаво у странство ќе сме седеле на странски форуми? Тоа што не живееме во Македонија не значи дека сме одродени. По твојава логика, ти сакаш да се иселиш чим дремеш на тема за иселување, така? Не бива логикава нели?
@Ron Burgundy
Уште сега жалам што воопшто и те спомнувам, ама многу си гласен кај што не ти е место. Граѓанин од втор ред, од трет ред... и 5ти ред да сум/сме, сите што заминале имаат поубав живот од што имале. Јас лично ич не ми чуе од кој ред сум. Си го знам идентитетот, вредноста и живеам онака како што сакам. И дај молимте не споредувај живот со мама и тато и живот во странство.
Една голема грешка е што сите мислат дека заминувањето е најчесто за пари, не е. Голем дел е, меѓутоа по некое време се менуваат работите.
Еве како граѓанин од 5ти ред јас:
- што и да ми треба на доктор, завршувам најчесто во истиот ден без да чекам со месеци ред
- било каков документ да ми треба го вадам за неполн час ОНЛАЈН, или со ден два чекање
- живеам во средина со чист воздух, не се замарам со мојвоздух апликации и немам потреба да галамам на социјални медиуми колку е загадено
- образованието е одлично и евтино, деца да растам тука не би имал никаков проблем
- безбедноста е на највисоко ниво, без да се замарам дали некој Љавдрим ќе ми избрца дете во автобус
- сум тоа што сум ради знаењето во струката, а не ради партиска книшка
- месечна плата ми е поголема од годишната во МК
Се отселив во 2019 и успеав да опремам стан од 0 што имаше само паркет, кола не купувам иако можам (не ми треба затоа што ќе се селам во друга држава), годишно идам на 3 одмори, и секој 3 месец сум некаде во околина на шетање, често си одам и во Македонија, на моите им плаќам патувања, и имам комоција за многу работи. Ми рикна компјутер, нема проблем си купив доста појак во кеш. Сум сакал апарат од 2к евра, еве и тоа си купив. ТВ, Сони 5, телефон, не треба да правам математики за рати. Не се фалам, ама сакам да доловам дека некои работи во МК не се возможни.
А, во МК работев во една од најдобро платените фирми во тоа време каде што бев приморан секој ден да патувам по 45 минути во правец. Хром - Аеродром, јебига. И имам опција да заминам на х3 подобро платена работа, можеби звучи смешно ама не сум заминал затоа што конкретно тука имам слобода да работам фул тајм од дома.
Затоа не серете многу за животот во странство, ако ви е ок во Македонија баш ми е драго, ако не, подобро да ќутите секако ништо паметно немате да кажете. Дали некој работи како шофер, доставувач на бургери, ИТ или нешто трето е негов проблем. И он превземал нешто околу тоа за да има подобар живот. А, вие живејте си ја бајката дома со мама и тато.
Се најдобро