Не заборавајте дека последните 1-2 генерации дијаспорци избегани од Македонија се тотално различни од гастербајтерите кои ги знаеме. Само луд се враќа назад, така што некој ако се надева дека ќе го најде новиот кано да му купи квадрат 2000+ евра - многу се заебал.
Сегашниве дијаспорци се одлично вклопени во системот надвор, сите зборуваат одлично странски јазик и ретко кој не успева да биде успешен во својата област.
Еден најобичен пример, мои пријатели доктори на скоро 40 години со сопствени ординации пред 5-6 години му ја киднаа за Германија, сега веќе и двајцата имаат купено сопствени ординации таму. Тоа се луѓе кои не отишле на печалба, туку во потрага на здраво општество каде нема треба да трча да наоѓа 20 гласови за партија за да глаучот од МЗ не му го одземе договорот за работа од фондот. Тие луѓе ни со милион евра не се враќаат овде, тоа бидете сигурни. Во светот има каде каде подобри и поефтини дестинации каде еден човек може да ужива.
Друга работа е што мантрата од порано кај дијаспорците беше штедење и градење во Македонија, сега тоа веќе ни торбешите од Октиси не го прават. Сега сите инвестираат таму каде што живеат, тек-тук ќе се најде некој со малку повеќе пари како кано кој за да се покаже или да ги спастри парите на црно што ги заработил ќе опне во цигла во стариот крај ама тоа е инцидентно.
Друго, на многу појаки пазари знаело да има неверојатни корекции во цените, чисто да ви дадам два добри примери,
Токио од 1992, цената на недвижните паднала толку ниско што ни ден денес се нема вратено ни приближно на оригиналните цени
Ако Токио е многу далеку тогаш да погледнеме поблиску во Швајцарија, една од најбогатите и финансиски најстабилните земји во 1990те имала слична епизода
во пазарот на недвижнини
Што мислите, ако можело во Токио и низ Швајцарија да рокаат банки, фирми и сопственици, не би можело и кај нас?