Неможе да се каже со точност кое е најдобро првенство, зошто сите си имаат посебни карактеристики и неговаат посебен стил на игра.
Германските клубови имаат најдобри стадиони, и тоа е факт, Вестфаленд на Дортмунд, кој секоја година е на средина од табела е преполн а ако не се лажам собира 80 000 публика која е дозволена само за Германското првенство зошто има дел од 15000 места кои се за стоење за најжешките фанови. Од ова повеќе само Ноу Камп и никој друг и прашање е дали и тој може да се носи.
Но по традиција Бундеслигата се гледа како помалку атрактивно првенство од другите, и ретко кој играч се одлучува да замине таму, единствена примамилава дестинација е Баерн Минхен. Во Европа (Бразилците, Аргентинците, и играчите од Афричките земји) се можеби 50% од играчите кои се атрактивни на пазарот. Поради сличностите со клима, јазик и остале глупости тие си одбираат земји како што се Шпанија, Италија, и Франција (пред се Африканците) а после ако се докажат одат во Премиер Лигата каде што во последните неколку години се издвојуваат ненормални пари за фудбал а тоа го покажува и долгот од над 2,5 милијарди само на првите шест екипи.
Од аспект на обичен фудбалски фан, Шпанското е најдобро првенство, секогаш се оди на картата да се даде гол повеќе од противникот, сите екипи играат убав фудбал и напаѓачки.
А ако мислите дека бројот на екипите во Лигата на Шампионите е меродавен податок за тоа колку е јако првенството многу се лажете. Ливерпул кога ја освои Лигата на Шампионите заврши пети во првенството. ЛШ е тактичко натпреваруваање, ако му се посветите само на тоа натпреваруња и ако имате добар тактичар со малку среќа лесно се стига до финале.
Зенит лани се прошета низ УЕФА Купот токму поради тоа, ама затоа во Рускиот шампионат беа на 4-5 место.