За судењето убаво си направивме муабет пред некој ден, и тоа можат да го потврдат и фанови на други првенства: судењето е секаде лошо. Има и посебна тема за тоа.
Она што е лошо кај фановите на калчото што се фаќаат за секоја судиска одлука и го тупат со недели на форумов. Кој е малку објективен ќе види дека годинава сите имаа одлук и во своја корист и на своја штета. Фудбалот живеел и ќе живее со грешките, тие се составен дел од него, и како такви треба да ги прифаќаме.
Лошо е кога има тенденција, тоа сум го повторил којзнае колку пати. Лошо е ако се суди во корист на еден тим и на штета на другите и ако тоа се случува во серија, тогаш можно е да се работи за повеќе од судиски грешки, за намера, лажирање итн...
Оваа судиска организација под водство на Колина (кој не го сакакв како судија но несомнено е принципиелен и авторитетен лик), не верувам дека е контролирана од надвор. Единствена мана е неискуството на судиите, но и со тоа, тие не се ништо полоши од нивните колеги во Англиското и Шпанското првенство.
Зборот ми е, треба да се дискутира и за судиски грешки затоа што се тие составен дел од играта. Но мора да олабавиме малку, да сватиме дека повеќе треба да дискутираме за фудбал, а не 90% од постовите да ги дискутираме судиите. Дечките од Примера на форумов можат да ни бидат пример за тоа.