Се сложувам, професор, позната во својата област, ама колку се разбира од политика?
За водење држава и исправање криви дрини потребни се други квалитети, а не да се биде професор или ...
Аха, значи овие до сега биле копитари/квислинзи и затоа треба да продолжиме со праксата.
Добро ако е така, тогаш е во ред, само Напреј!
Сега да не претеруваме, далеку е од копитар или квислинг.
Од Академски аспект, целата академска кариера и се поклопува со функциите на претседателот:
Од аспект на активизам колку што знам секогаш била на сите про-македонски процеси. Како оратор и на дебати, воопштп не е лоша, иако и годините си го прават истото. Е сега каков претседател би била тоа е енигма. Али дека нема квалификации и не е соодветна не се сложувам. Дали имаше подобри кандидати ДА, дали Ванковска е драстично полоша од сите тие, не баш.Во 1983 година Ванковска се запишува на постдипломските студии на Правниот факултет во Скопје, на насоката за правни и политичко-правни студии. Магистерскиот труд под наслов „Општествено-политичкиот систем на СФРЈ и неговата одбранбена функција со посебен осврт на нејзината институционализација во општината“ го одбранила во ноември 1988 година, пред Комисија во состав: проф. д-р Владимир Митков (претседател), проф. д-р Саво Климовски (ментор) и проф. д-р Тодор Пеливанов (член). Со тоа се стекнала со називот магистер по правни науки во областа на општествено-политичкиот систем на СФРЈ.
Во 1989 година пријавува докторска дисертација на Правниот факултет во Скопје. Докторската теза под наслов „Улогата на вооружените сили во политичкиот систем“ успешно ја одбранила во октомври 1992 година пред Комисија во состав: проф. д-р Саво Климовски (ментор), проф. д-р Владимир Митков (претседател), проф. д-р Светомир Шкариќ (член), проф. д-р Наум Гризо (член) и проф. д-р Трајан Гоцевски (член). Со тоа се стекнала со звањето доктор на правни науки. (Значајно е да се наспомене дека во тоа време политичките студии не се воспоставени на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ниту каде било во земјата). Преработениот текст на дисертацијата е подоцна објавен во книга („Војската и демократијата“, 1995).
По докторирањето во октомври 1992 година, во звањето доцент е избрана на 14.4.1993 година (Одлука со арх. бр. 04-1274/92 од 23.4.1993 година) и тоа на предметите Политички систем на Република Македонија со основи на човековите права и Одбранбено право на Институтот одбрана.
Во октомври 1983 година, Ванковска станува помлад асистент на Филозофскиот факултет на правната и политичката група предмети (Политички систем, Политичкиот систем во одбраната и Меѓународно воено право).
По докторирањето во октомври 1992 година, во звањето доцент е избрана на 14.4.1993 година (Одлука со арх. бр. 04-1274/92 од 23.4.1993 година) и тоа на предметите Политички систем на Република Македонија со основи на човековите права и Одбранбено право на Институтот одбрана.
За мене лично катастрофален избор ќе беше некој како Перо Камиказа да кандидиравме пак.