NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)

  • Вкупно гласачи
    74
Статус
Затворена за нови мислења.
Чисти чекори, и тоа судијата беше на пола метар од него :facepalm:
Откако е Лебронтије во лигата, вакви работи не се чекори и не ги судат.

Бај да веј денес имаме посластица од утакмици:
1708861188827.png

Плус покасно ГСВ - Денвер и Клиперс - Сакраменто.

ЕДИТ: Ја користам приликата и да му изнаебам се' живо на Тибодо пошто во прошлиот пост заборавив.
Губре шо нема осет кога да стави играч и кога да извади играч од игра.
Не му оди првото шутот за 3 на Ди Виченцо, супер, извади го и стави го Богданович или уште поарно стави го Брукс со шут за 2 да има ефикасни напади и ефективна одбрана врз Браун. Не онде, да ти свичаат браун на Брансон и ко мала беба да изгледа онај вториот.

Се доближија во 3/4 токму со поени на Брансон (ко и стално), како и со поените на Харт од добра одбрана, транзиција или од напад во зона под кош и поен или проигрување.

Толку осет да се нема јас ете не знам. Ја изгубија утакмицата со 30% шут за тројка и со еден куп неизнудени грешки. Најповеќе, изгубен тренер.

Го имаш од другата страна Порзингас кој е ровит, ако тој им остани во финале на исток здрав тогаш Бостон е прв фаворит. Без него под кош со онај дедото Хорфорд пред кој само треба да застаниш и да не брзаш со играњето одбрана него остави го да се движи со 0,3 км/h имаш добиена утакмица под кош и малку периферна одбрана да играш на толку шутеви за 3 шо земаат и да им пореметиш процент, да ги слезиш под 50% имаш добиена утакмица.

За дефанзивен тренер како Тибодо тоа не би требало да е виша математика во ПО, ама да имаше уште во ментето кога кој играч да го става во игра, да не уништува моментуми со безвеза тајмаути и да ги бара кога за тоа има потреба.

Од глата (Тибодо) си патиме. :popce: :popce:
 
Баш тоа ме зачуди кај Њу Јорк синоќа, чудни ротации на играчи. Коментаторите од ЕСПН викаа дека фали Рендал, фали О-Џи, ама и да играа пак Порзингис ќе решеташе од три и немаше да знаат од каде да се бранат.
Не знам кој е полош тренер, Тибодо или Риверс...
 
Ист калап. Пропадната инвестиција и двајцата.

Тибодо му беше заменик тренер баш на Док кога Бостон освои титула, практично беше донесен како експерт за одбрана тие години во тимот и остана неколку сезони.
Само што не зедоа титула ради одбраната туку што имаа напакиран состав со 3 прајм хол оф фејмери и по мене најдобрата 4 на сите времиња Кевин Гарнет.

ЕДИТ:
Со Рендал поспора е играта и го користат многу во ПО да играат одбрана против него пошто знае да солира во клучни моменти и секако да ги еби нападите пошто е ограничен и игра само со лева рака, топка со лева рака, десната не ја користи - лесна мета е за противничките одбрани - така да не фали во никој случај.

За ОЏ секако дека фали и ако стигниме до 3 место на исток па со Бостон се сретниме во финале дури тогаш ОЏ директива оди на Тејтум. Барем ќе го ограничи на некои 20-25 поени, пошто ако не му тргне шут за 3 на Бостон ќе солираат преку Тејтум и Браун - особено првиот.
 
Последно уредено:
Мелтон се враќа после повреда и солиден натпревар изигра. Како за од клупа ќе им биди корисен. Ако успее Ембиид да се врати и да остани 100% здрав за ПО тогаш Фила ќе биди проблем на истокот.
Бади Хилд не знам колку е ќефлија шо е трејдан таму ама допрва од него очекувам појаки натпревари, вечерва тежок просек.
 
Мое мислење е дела 76 ќе го јадат уште во прва рунда,Ембид ќе бара трејд кога ќе заврши сезоната.
 
Мое мислење е дела 76 ќе го јадат уште во прва рунда,Ембид ќе бара трејд кога ќе заврши сезоната.
Го чекаме него или Јанис во големото јаболко. Кој и да губи од нив е добредојден :love: :smirce:
 
Го чекаме него или Јанис во големото јаболко. Кој и да губи од нив е добредојден :love: :smirce:
Ама ќе треба и некој да дадете сигурно Рендел и први пикови, гркот нема да иде од Бакс поголеми ви се шансите со Ембид.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom