Излети низ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата The Wild Boy
  • Време на започнување Време на започнување

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
940
Локација
МАКЕДОНИЈА!!!
Дечки, препорачајте места за излети низ Скопје. Водно се имаме отепано одејки со друштво, нешто друго.

Гази Баба паркот е одлично место за излет и пикник. Таму не сум бил никогаш а гледам и дека е голем парк + и е на брдо.

Градски парк исто не е лошо место, ама таму имам одено неколку пати. Барам нешто за промена. Со друштво нонстоп сме или на кафе, или низ град на јадење, или на музика по кафани, кафичи, дискотеки.

Гледав еднаш на ФБ овој градоначалникот на Кисела Вода имаше објавено еден нов парк, некаде накај Пинтија ли беше, не се сеќавам. А башка и гледам со некоја шумичка беше (тоа би било предност). Матка, Козјак не ги рачунам, таму сум бил доста пати. Препорачајте некои интересни места, нешто да се прави интересно, да се утепа викендот. Може и предградие, или надвор од Скопје (ама да не е баш далеку). Знам дека и во Драчево имаше така едно место на еден рид со летниковци да се иде, таму не сум бил а ми го фалеа местото. Едноставно ни е здосадено се едно исто да се прави, препорачајте нешто интересно. Карти, борд игрици, фудбал, гео квизови, прашања, итн...
 
Пинтија веројатно за над Еремија мислиш. Маркова река, СЦГ, на караџица горе имаш милион места.
 
Кучково, кај крстот. Може со кола да се оди до горе, ако успеете да фатите има 2-3 летниковци, ама и просторот е убаво уреден со мало амфитеатарче, така што верувам ќе најдете место за излет и дека убаво ќе си поминете.

1708696225063.png

1708695992769.png

1708696138979.png

1708696191284.png

Од Центар е 16 km: https://www.google.com/maps/dir/Centar,+Skopje/3873+36F+Кучково+Крст/@42.03342,21.3206076,13z/data=!3m1!4b1!4m14!4m13!1m5!1m1!1s0x1354144ac20fc381:0xe2a89a562b0da73d!2m2!1d21.4246078!2d41.9953628!1m5!1m1!1s0x13541389de088959:0x7b9c427f57a01723!2m2!1d21.3030404!2d42.0626808!3e2?entry=ttu
 
Еи да,у Кучково има јака шума,скарамара шема.Куде крст не сам бија,ама у дивину ептен е чулаут.

Парк у Сарај е ептен голем,има пуно летњикофци.Ама тамо само рано одсабајле,никој нема,милина.А попладне и приквечер само овија од диву расу.

Епа брат,тија су места.Ти наброја нешто,ми нешто,тој е.
 
Супер, фала ви за препораките! Ако знаете уште неколку места, слободно пратете.

Иначе, нели имаше и еден кафе бар така некаде под водно, нерези, каде што има и "lazy bags" за седење, мислам работи тој кафич највеќе летоска, пролет и есен можеби.
 
Уште 1 место на кое ми текнува: Козјак. Но - подалеку е, последната делница од неколку километри на патот до таму е ужасна и ако одите овој период таму може да ве утепа ветар.
 
Катланово накај реката има убави места, сега не знам како е ова пред 10 години.
 
Скопска Црна Гора. Блаце, Бродец до Раштак и сите села во околината денски за пикник се идеални.
 
Што ќе идеш во дивина, некоја мечка ќе те нападне. Сеа мечки не смее да се тепаат, се ебат и се множат само.
 
Што ќе идеш во дивина, некоја мечка ќе те нападне. Сеа мечки не смее да се тепаат, се ебат и се множат само.
Стфарно на моменти помислу дека Сунгер Боб ти га има пасфорд. :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom