Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Гледајќи наназад во историјата, треба да се има на ум дека тие природни процеси траеле со илјадници години.
Точно, можеби Нил бил 15км и ред други работи, но колку време траела промената?
Тука имам пишано подетално:

Во врска со графиците погоре,
Може да се види измерената температура цел век наназад и може да се утврди дека има голема разлика особено во зимските месеци, иако 2010-2020 е потопла во просек во било кој месец од било која декада наназад.
Глобално, разликите се поголеми.
Ова се случува во многу краток период (децении) и притоа немаме забележано никакви драстични природни промени што можат да влијаат на климата.
Едноставно е, нема друг виновник освен човекот.
Околу екстремата, еве една друга информација што неодамна е откриена. А тоа е дека во Амазон се откриени серија мегаполиси од преколумбиско време со доста софистицирани патни мрежи и индикации за земјоделство што кажува дека Амазонската прашува во догледно време од историјата и не била прашума или барем голем дел не била.

Зборот ми е дека не ги разбираме скроз природните процесите на земјата и дека премногу политика има во екологијата вмешано.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021

Не може да го знаеш тоа, најверојатно се работи само за мал дел, кој откако е напуштен, шумата си го превзела.

Точно дека не ги разбираме комплетно природните процеси, но ги разбираме сосем доволно за да знаеме што се случува глобално.
Од некаде 18ти век се води евиденција и мерења на многу работи. Активноста на сонцето, орбитата, вулканите, температурите итн. Глобално на долг период (2-3 века) имаме добри историски податоци за овие природни процеси и како истите влијаат врз климата.
Масивни вулкански ерупции предизвикуваат привремено глобално заладување заради честичките внесени во стратосферата, како последица на ерупцијата.
Зголемената сончева активност предизвикува годишно или 2 годишни минорни зголемувања/намалувања на температурите.
И слични процеси.
Во последната декада ипол имаш константно зголемување на температурите, и тоа често од година во година.
Ниту има зголемена сончева активност (сончевите циклуси мин-макс траат 11 години), ниту масивни вулкански ерупции, ниту удари од астероиди, ништо.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Во последната декада ипол имаш константно зголемување на температурите, и тоа често од година во година.
Ниту има зголемена сончева активност (сончевите циклуси мин-макс траат 11 години), ниту масивни вулкански ерупции, ниту удари од астероиди, ништо.
Е како немаше, имавме 2 огромни цунамија. Од кои едното афектираше 3 континенти. И двете се резултат на подводни ерупции на вулкани. Тоа што ние не знаеме какви метеоролошки промени би можеле да донесат овие евенти, не значи дека ги нема. Затоплување на океаните само за еден степен би можеле да донесат драматични промени на климта.

Иначе мегаполисите во Амазон се многу поголеми одколку што првично се мислеше, тоа е многу интересно да се прати, не само од овој аспект.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Е како немаше, имавме 2 огромни цунамија. Од кои едното афектираше 3 континенти. И двете се резултат на подводни ерупции на вулкани. Тоа што ние не знаеме какви метеоролошки промени би можеле да донесат овие евенти, не значи дека ги нема. Затоплување на океаните само за еден степен би можеле да донесат драматични промени на климта.

Иначе мегаполисите во Амазон се многу поголеми одколку што првично се мислеше, тоа е многу интересно да се прати, не само од овој аспект.
Цунамите беа последица на земјотреси и како такви не играат никаква улога на климата.

Колку и да имало градби и земјоделска површина во Амазон пред да дојдат Европјаните, не менува ништо, т.е. се е минорно во споредба со денес. Населението тогаш било неколку милиони, неспоредливо помалку отколку сега. Веројатно користеле помалку од процент од Амазон.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Цунамите беа последица на земјотреси и како такви не играат никаква улога на климата.

Колку и да имало градби и земјоделска површина во Амазон пред да дојдат Европјаните, не менува ништо, т.е. се е минорно во споредба со денес. Населението тогаш било неколку милиони, неспоредливо помалку отколку сега. Веројатно користеле помалку од процент од Амазон.
Тоа се претпоставки, не знаеме колку и како. Историјата не е егзактна наука, на пример Гобекли Тепе урна многу догми во историјата.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Путин извезува нафта и гас ради тоа е кампањава и пропагандата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.649
Поени од реакции
42.200
Цунамите беа последица на земјотреси и како такви не играат никаква улога на климата.

Колку и да имало градби и земјоделска површина во Амазон пред да дојдат Европјаните, не менува ништо, т.е. се е минорно во споредба со денес. Населението тогаш било неколку милиони, неспоредливо помалку отколку сега. Веројатно користеле помалку од процент од Амазон.
брат, зошто не се стопи мразот на антартикот? Нели ако се покачени температурите треба да се губи? Некако не се губи, па викаат дека и повеќе мраз имало од порано. Али вие дудлачите најдовте нов изговор, глобалното затоплување така не функционирало. Како што рече тој транс адмиралот пред некој ден, само црнците во америка ги погаѓа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.951
Поени од реакции
12.358
Ќе почекаме малку подолго.

Или па можеби воопшто не ни треба да чекаме, индустриската револуција од поодамна е тука, само треба да ги подобриме и исполираме веќе постоечките производи кои истата ни ги донесе.

https://off.net.mk/vesti/biznis/mercedes-mu-se-vrakja-na-benzinot

Мерцедес му се враќа на бензинот

24 февруари 2024 - 12:48

Мерцедес-Бенц за пет години ги одложи своите таргети за електрификација на својата автомобилска ергела и ги увери инвеститорите дека ќе продолжи да ги усовршува моделите на мотори со внатрешно согорување. Тоа е само последниот производител на автомобили што призна дека имале преголем и преамбициозен апетит за автомобили на батерии.

По најново, компанијата сега очекува продажбата на електрифицирани возила, вклучително и хибриди, да изнесува до 50% од вкупниот број до 2030 година - пет години подоцна од нејзината прогноза од 2021 година, кога имаше за цел да ја достигне пресвртницата од 50% до 2025 година.

Производителите на автомобили и добавувачите многу се обложуваа на идната побарувачка за електрични возила, но инвестициите во капацитетот и развојот на оваа технологијата ја надминаа реалната побарувачка за електрични коли, што ги натера производителите на автомобили да ги прилагодат плановите и да ги направат поскромни.

Извршниот директор Ола Каелениус предупреди кон крајот на минатата година дека дури и во Европа, продажбата најверојатно нема да биде како што се очекуваше до 2030 година, со тоа што автомобилите на батерии во моментов сочинуваат само 11% од вкупната продажба, а 19% вклучувајќи ги и хибридите.

Каелениус рече дека Мерцедес сака клиентите и инвеститорите да знаат дека е добро позициониран во производство на стандардни автомобили и е подготвен да ја унапредува технологијата во следната деценија.

По ваквите пораки, акциите им пораснаа за 5,9%.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.693
Поени од реакции
33.876
I kolku traat tie ciklusi?
Не се престанати. И нема да престанат се додека постои планетава и сонцето.
Автоматски споено мислење:

Иначе мегаполисите во Амазон се многу поголеми одколку што првично се мислеше, тоа е многу интересно да се прати, не само од овој аспект.
Имам читано некои интересни работи, еве нешто последно што гледав.
Целата нишка е интересна (има уште многу постови под овој):

Автоматски споено мислење:

Уште една интересна нишка.

Автоматски споено мислење:

Ова се случува во многу краток период (децении) и притоа немаме забележано никакви драстични природни промени што можат да влијаат на климата.
Едноставно е, нема друг виновник освен човекот.
„Аргументи“ извадени од ракав (или некое друго мрачно место). Тоа што ти не си забележал причини (природни промени што можат да влијаат на климата), не значи дека ги нема. Ниту гледаш доволно голем временски интервал за да можеш да приметиш промена, како да се буљиш во кората на едно дрво и да мислиш дека ја гледаш шумата.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.649
Поени од реакции
42.200
бројките не лажат, електричните возила се утопија и моментално сме многу далеку од тоа. Тоа што од почеток го збориме сега доаѓа реалноста на врата. Кога ќе увиди народот за сите недостатоци никој и нема да ги сака и да се збори за тоа воопшто освен во регионите каде што и сега се популарни како производ.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.649
Поени од реакции
42.200
Почекајте, на другите не им се чека:
Прегледај го приврзокот 407578

Навистина, бројките не лажат.
Со среќа со тој раст да стигнеш до 2030та на 100% електрични возила како што се планира. Електричните ќе бидат само niche market како и хибридот. Мејнстрим засекогаш ќе останат возилата на бензин и нафта.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.870
Поени од реакции
2.093
Најдобрата измама е кога им подметнеш на граѓаните дека промената на климата, огромен природен процес што е екстремно комплексен е нивна вина. Зошто? Моќ и пари, ако има некој прашање, слободно, за интерест на време тука ќе застанам со ова, повеќе за електричните возила.

Кога сакаш да донесеш нов продукт, треба да се гради од земја нагоре, не првин ќе почниме масивно производство на возила електрични па после ќе се секираме дали има енергетска логистика и моќ за да го исполнат тоа. Ако сакаме иднина со електрични возила и електрични индустриски возила, треба да се инвестира многу во производство на електрична енергија. За тоа треба нуклеарки, не ветерници и соларни панели.

Па се фалат со тоа колку електрични возила има на патиштата. А тоа што даваат по 7.000 $ по кола субвенции, Tesla Model Y испадна поевтина од VW Tiguan SE, двата се иста класа со иста опрема 2023 година на производство.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.693
Поени од реакции
33.876
Дека луѓето имаат некаков уддел, имаат. Но овие „мерки“ служат само за политички агенди и за ништо друго.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Чешити.... Ќе ги заменувале класичните внатре согорувачки мотори со електрични, а се враќаат од нуклеарни централи на јаглен. Сегашнава автомобилска индустрија се развива 120+ години, така да уште 100 ќе му требаат на електричниве. Прво треба да скокнеш а потоа да речеш оп. Ебаги земзели.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom