Која цврста одбрана попара сме во одбрана откако смена Чоло систем.
Со тројца играчи игра назад и Лино и Љоренте најчесто летаат напред, ама затоа во напад сме поефикасни. Врска нема овој Атлетико со тој од пред неколку години. Јас пак типувам да има голови во Милано, Интер и Атлетико го имаат најефикасниот напад во Европа ако не се лажам, статистички гледано кога станува збор за напаѓачите.
Мората мислам дека го заврши и последниот тренинг денеска и најверојатно ќе биди вклучен во составот, ќе добие минутажа.
Ифрид сум шо не видов меил навреме, за 59 евра карти можев да земам, и ефтин лет имав до Милано али то е, ќе се нервирам пред телевизор
3500 навивачи ќе има од Шпанија, ќе крцка стадионот утре.
Да нема повреди и да има чисто судење то е то шо го барам, Интер е екипата која е респектирана од сите навивачи на Атлетико, а и знам дека и обратно, така да нека победи подобриот и да се изнагледаме убав фудбал