Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
The Greatest Night in Pop (2024)

Цел документарец за една песничка снимена од полноќ до 6 сабајле, од најголемите имиња на музичката поп-сцена во средината на 80-те. Оваа песничка:


Топло филмче за 40-на музичари кои го оставаат егото пред влезната врата и иако изморени, работат и се дружат до утрото за хуманитарна кауза. Во 80-те овие работи беа вистински, неполитизирани, денес сето ова би било поинаку и каузата веројатно би била погрешна.

Е ова било поп сцена а не денешната со Дуи Липи, Ед Ширани, Тејлор Свифт и њима слични.
 
Поглуп филм на Статман како пчелар... неам видено, 6,7 оценка има, че се обесам на квака.

Мене ми беше добар сам против сите, вие што сте љубители на трансгендери не е за вас, прескокнете го,
 
Традиционалните Kajgana Film Awards почнуваат. Може да гласате за најдобра споредна улога во 2023 - https://forum.kajgana.com/threads/КfА-2023-01-Најдобар-актер-во-споредна-улога.117666/
Гласаме за најдобар филм кој не е на англиски јазик - https://forum.kajgana.com/threads/kfa-2023-03-Најдобар-интернационален-филм.117759/
 
Моментално на Star Life се дава Есен во ЊуЈорк (Autumn in New York) со Ричард Гир и Винона Рајдер, онака ептен просечна тажна романтична драма... Е овој филм, памтам уште како копиљ на секој блок реклами по нашиве телевизии го најавуваа дека се дава во нашите кино сали. Овој филм и Чикаго со Рене Зелвегер (и повторно Гир) буквално ми се зачувани во мозокот, и ден денес имам некое си носталгично гадење кога ќе ги начекам по филмскиве канали.
Есен во ЊуЈорк го имам еднаш гледано од чиста љубопитност (иако знам какви му се повеќето филмови на Гир и без да ги видам) и изгубив скапоцени 2 часа од мојот живот, додека Чикаго не ни планирам да го гледам.

Ма каков Хари Потер и Господар на прстените, овие два филма беа блокбастери во Македонија пред 20 и кусур години.
 
Последно уредено:
Dune 2 е сериозно добар филм, сериозно добар.
Не знам колку делови се планирани да излезат, али има ова потенцијал да биде епска трилогија.
 
Back
На врв Bottom