Ваква серија на резултати у дерби средби и у наредни 10 животи мислам дека нема да доживееме, импресивно во најмала рака, браво за Инзаги и цел тим.
Денес тешка текма, барем претешки први 45 минути каде Рома беше подобриот тим, ама и покрај тоа убеден бев дека немаат сили за уште едно такво полувреме, скоро и никаква клупа имаат, едноставно не знаат да бранат со тој играчки кадар и добро е што не испаничивме туку се консолидираа на полувреме, со оглед дека Инзаги не ги водеше па тука паднаа главните инструкции у тие 15 мин, и излеговме у второ свесни дека можеме да ја вртиме без да не фаќа нервоза, паника, да им тежат нозе и слично, што и се случи зашто пресвртот реално дојде прилично лесно и рутински, од изградени акции каде се матираше противничката одбрана.
Мал проблем се двата примени гола кои ни на тренинг не треба да се допуштат, многу очајно браневме како тим за прекинот, за да после изгубена топка пред шеснаестерец на Рома ни направат контра 4 на 3 или 5 на 3, мада оној гол на Ел Шарави се дешава многу ретко, му се удри топката од десна нога и тоа помогна шутот да биде неодбранлив, кај он со лева таков гол ќе ти даде бемлига, еднаш до 1000 обиди тоа може да успее, чиста случајност и никаква среќа за нас у тој даден момент.
Али второ поштено разваливме, нула замерки бе за било што ова беше дерби и уште еден меч каде тимот исплука крв на терен и даде све од себе за да се одбранат боите на дресот што го носат, само нека продолжат со истово темпо и на секој меч да му пристапуваат исто, сега доаѓаат Салернитана и Лече, мора да се искоисти овој залет и да се добие на рутина против ваквите зашто овој претходен период им е слика и прилика за нивните можности и капацитет, јаки сме едноставно, али мора да се достави на терен, уште не летам ја у облаци, има уште многу за да се освои скудетото, ама на прав пат сме сега за сега!
p.s. Сомер со Лукаку
