За жал нашите стручни или лаички анализи се покажаа точни, за да победиш со една постава треба се живо да функционира 60 минути. Во моментов неможеме тоа да го издржиме со противник со приближен квалитет во егал натпревар. Во прво додека имаше свежина кај Томи и фокус кај Томовски држевме егал игра и резултат. Дури и со Карапале на терен и тотално индиспониран Петрич во тој дел од натпреварот. Во второ најпрво Бутин падна ментално па после и пола постава физички. Што да се очекува од Томи после 40 минути константно на терен? Петрич во прво изгубен, ама мора како тренер да влијаеш да го вратиш ментално во натпреварот за да ротираш на среден пошто таму чекаш на Карапале да игра на некакво ниво 60 минути??!! Томовски како временска прогноза, променливо облачно. И по мене нај јакиот бисер од клупа денес, кога почнува да се крши резултатот Бутин добива две минути за приговор, па што мисли бе, дека има авторитет на Јакобсен или Душебаев па ќе се расправа со Начевци? А тие изгледа уште се под влијание на киксот на ЕП, денес многу грешки и компензации на двете страни што не им се случувало порано.
За да не зависиме од други има(в)ме право на еден кикс до крај. Џокерот го изигравме уште на прва рака. Тоа е што е, одиме понатаму, се враќа наскоро Јасихура, колку и да е паднат во форма од повредата сепак со него на терен секако сме појаки. Ќе има колку толку време и за воигрување на новите, па ваљда ќе му текне на Бутин да ротира со нив барем по 10-15 минути.
И да не заборавиме, за Вардар зборуваме!! Затоа да почекаме до мај