Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И многу лоша моторикаМногу мрзлив играч, а има добри предиспозиции.
Дали зборуваш со претпазливост или навистина мислиш дека Е. Пелистер е Кил и сите останати се подобри од Вардар има и работи за кои си во право но немој со хипотетика што ако овој се повреди што ќе биде ,тоа може да се случи и кај останатите.Мислам дека поради лошата финансиска ситуација тоа е максимумот и верувам дека титулата нема да се оди по секоја цена. Играчите на хартија кај Е.Пелистер не значи и титула,Вардар тоа го искуси минатата сезона.Согласно штурите информации за составите на екипите, ќе направам едно резиме пред почетокот на полусезонава.
РК Вардар
Голман: Мартин Томовски (26), Васил Гогов (23), Марко Богдановски (22)
Лево крило: Марко Срдановиќ (25), Марио Стојановски (19)
Десно крило: Гоце Георгиевски (36), Дарко Ѓукиќ (29), Ален Ќосевски (22)
Пикер: Михаил Аларов (26), Милан Лазаревски (26)
Лев бек: Марко Мишевски (24), Хансер Родригез (23), Стефан Петриќ (22), Матија Николиќ (22), Нилтон Мело (20)
Среден бек: Немања Гојковиќ (31), Мартин Карапалевски (23), Косуке Јасухира (23)
Десен бек: Томи Јагуриновски (25), Мохамед Бакар (23)
Тренер: Владо Недановски
РК Пелистер
Голман: Урбан Лесјак (23), Калифа Гедбан (27), Марко Кизиќ (23)
Лево крило: Дејан Манасков (31), Цветан Кузманоски (24), Петар Атанасијевиќ (20)
Десно крило: Богдан Радивојевиќ (30), Ненад Костески (22)
Пикер: Жарко Пешевски (32), Дејан Василев (30), Матеуж Пиеховски (28)
Лев бек: Руди Сери (29), Филип Кузмановски (27), Урош Борзаш (24), Емилијан Ѓорговски (21)
Среден бек: Марио Танкоски (25), Домен Тајник (23), Павле Атанасијевиќ (20)
Десен бек: Нејц Цехте (27), Павле Петровиќ (24)
Тренер: Бранко Ангеловски
РК Алкалоид
Голман: Благојче Трајковски (36), Виктор Василевски (23), Иван Галевски (19)
Лево крило: Арно Бинго (36), Дарио Кофилоски (23)
Десно крило: Александар Стојков (23), Мартин Димовски (21), Александар Петковски (19)
Пикер: Никола Маркоски (33), Костадин Петров (31), Кристијан Симоноски (23), Марко Стојковиќ (20), Стефан Стојчевиќ (20), Валентин Карасманакис (18)
Лев бек: Иван Џонов (26), Михајло Младеновиќ (22), Едвин Омерагиќ (20)
Среден бек: Игор Ѓорѓиев (23), Марко Митев (20), Дамјан Митев (16)
Десен бек: Мартин Велковски (26), Мартин Серафимов (23), Давид Савревски (21)
Тренер: Кире Лазаров
ГРК Тиквеш
Голман: Јанко Гемаљевиќ (29), Марјан Велков (31)
Лево крило: Мирко Мајиќ (33), Димитар Коцев (23)
Десно крило: Орданчо Лазов (39), Евгениј Темелковски (23), Јован Даневски (19)
Пикер: Ристе Окардов (31), Кристијан Анастасовски (26), Никола Стефановиќ (23)
Лев бек: Борче Соколов (36), Мартин Манасков (29), Ангелче Органџиев (28), Спасоје Гачевиќ (27), Срџан Мијатовиќ (25)
Среден бек: Страхиња Симиќ (31), Славчо Шулески (19), Мики Лазов (17)
Десен бек: Ани Обина (29), Давид Иванов (19)
Тренер: Раде Стојановиќ
ГРК Охрид
Голман: Даниел Ѓорѓески (30), Бобан Ристевски (27), Берин Бркиќ (20)
Лево крило: Гоце Ојлески (34), Крсте Андоновски (32), Николче Ристески (23)
Десно крило: Гал Цирар (23), Никола Стоилевски (24)
Пикер: Иван Тасески (30), Владимир Бојаниќ (29), Адмир Пелидија (29)
Лев бек: Милорад Кукоски (36), Тејмур Ојроникидѕе (28), Рудолф Звонимир Шафранко (24)
Среден бек: Стефан Дрогришки (29), Горан Крстевски (27), Хироки Мацуока (26)
Десен бек: Никола Јукиќ (29), Деан Шешиќ (27), Никола Шипинкоски (20)
Тренер: Стевче Алушевски
Горе-доле мислам дека ги опфатив сите играчи на екипите кои би биле во врвот, со нивната возраст (+- 1 година веројатно).
Мислам дека останатите 3 екипи (Бутел, Пролет и Струга) не би претставувале поголем проблем за противниците.
Влезна табела во суперлигата:
1. Вардар 3
2. Алкалоид 3
3. Пелистер 2
4. Охрид 2
5. Тиквеш 1
6. Бутел 1
7. Пролет 0
8. Струга 0
ОГРОМЕН ХЕНДИКЕП ЗА ВАРДАР е отсутството на Јасухира. Кој што сака нека каже, нека го оспори неговиот квалитет, кога дечкото е на терен, Вардар е далеку поопасен во нападот.
Според тоа што наслушнав Гојковиќ бил послаб и од Карапалевски, што значи ние ќе мора да играме со Николиќ како среден бек во Битола, па Петриќ би останал единствен лев бек.
Нормално, тука е и Хансер Родригез кој немаше лош натпревар во Битола есеноска, кој гравитира на сите позиции меѓу лево крило до среден бек.
Тоа што го добиваме со Јасухира е проигрувањето на внатрешната линија. Нашите играчи на линијата Срденовиќ, Лазаревски и Џукиќ/Жути се најдобри заедно со оние на Пелистер. Без јапонецот, малку потешко би дошла до израз нивната игра.
По мене, требаше да се донесе уште едно лево крило. Колку добро ќе дојдеше Манасков кај нас, место во Битола. На сите позиции сме некако на стаклени нозе. Се повреди ли Срденовиќ, ќе треба да игра младиот Стојановски, кој досега нема одиграно посериозни натпревари. Или да покрива Хансер таму.
Се повреди ли не дај боже Лазаревски, останавме само на Аларов. По мене колку и да беше дрво Атанасовски, не требаше да дозволиме да останеме само на два пикери. Ниту една екипа нема само два пикери. Особено што пикерите играат улога и во одбрана, лесно може да дојде до нивна повреда (видовме лани со Мечка). Што ќе правиме тогаш? Столе ќе се реактивира повторно?
Враќањето на Џукиќ за мене ќе биде засилување, бидејќи Георгиевски веќе навлегува во посериозна возраст, а Ќосевски е таму колку да покрие место.
Најголемата болка е бековската линија. На десно го имаме безопасниот Томи. Нема шут, бавен е на пробиви, иако има напредок на ова поле. Тунижанецот е енигма. Треба да е бек шутер, па останува да се молиме да се погоди. Томи ја износе цела полусезона на свој грб, врши доста работа и во одбрана и наводно имал голема улога во одржување на хемија во екипата. Ние го сметаме за млад, ама Јагуриновски е НАЈСТАР БЕК во нашиот состав, ако го исклучиме новодојдениот Гојковиќ. Веројатно е добар мотиватор на останатите и време е да покаже уште поголем напредок во нападот. Тунижанецот не може да е полош од Алонсо.
На среден бек, Јасухира е алфа и омега. Карапале пробива дно сезонава, не знам дали би ја вратил некогаш онаа форма која ја имаше под Дејвис Камара или едноставно кариерата ќе продолжи да му оди во надолна линија.
Од Гојковиќ не знам што би очекувал, тука е да покрие додека го нема јапонецот, иако мислам дека за оваа позиција мораше и можеше да се испазариме подобро. Пелистер ти го носи Кузмановски, мораше да има соодветна реакција.
Леви бекови за извоз. Мело непотребен, Мишевски е играч за во одбрана, Петриќ и Николиќ се единствените класа бекови (со една голема забелешка дека и двајцата се млади без некое поголемо искуство) кои ги имаме во составот.
Старата болка за нас е слабата, да не речам катастрофална бековска резервна линија која ја имаме. Да не игра било кој од Петриќ, Николиќ или Јасухира, одма сме класа послаби.
Јасухира дури и да се врати на 20 февруари, додека фати форма, не би бил подготвен ниту за во Кавадарци и веројатно едвај би настапил во Автокоманда.
Да потсетам, првите гостувања ни се:
10.02 Пелистер - Вардар
25.02 Тиквеш - Вардар
10.03 Алкалоид - Вардар
31.03 Охрид - Вардар
Би било одлично да го имаме Јасухира во добра форма барем во Автокоманда и Охрид. Ако изгубиме барем 2 од овие гостувања, тогаш за нас приказната е веќе завршена. А според мене сигурно губиме во Битола, така што психолошкиот притисок потоа ќе биде на наша страна.
Пелистер откачи еден куп бекови на полусезонава. Ко што би рекле они, расчистија со ѓубрето. Несомнено на хартија се најдобар тим или со други зборови имаат највеќе квалитетни играчи на располагање. Имаат доволно играчи за повеќе тешки утакмици, бидејќи скоро сите играчи се тука некаде со квалитетот.
Левата крилна позиција ја засилија одлично со Манасков. Ако е вистина дека утре нема да може да игра ради суспензијата што ја јадеше со Алкалоид во нашиот дрес, тоа е голем плус за нас. Кој што сака нека каже, Деки е класа за ова првенство, па макар и 3 години не допрел топка. Има дрскост, знае да игра пред противничка публика, добар е и во одбрана.
Ќе видиме како ќе се снајдат трите бекови од кои они очекуваат многу. Атанасијевиќ кој се шета по сите позиции, Емилијан Ѓорговски и Петар Петровиќ. Сите имаат полетност, млади се и желни за докажување. Пред нив, како стартери ги имаат Цехте (репрезентативец на Словенија), Борзаш (репрезентативец на Србија) и секако Кузмановски. Немаат некој среден бек „фантазер“, затоа што Танкоски и Тајник некако потфрлија во првава полусезона. Но и тие двајца како пар се далеку пред Карапале и Гојковиќ.
Голманската линија им е подобра од нашата. Лесјак (репрезентативец на Словенија), Гедбан (на Алжир), Кизиќ (копитар драчевски се' му ебам). Кај нас освен Томовски, другите се овде да пополнат место. Замислете ни се повреди Томовски? Ќе треба Боре да го реактивираме
Пикерската линија е подобра од нашата. Мечка може е во подем, ама Пеше е класа за во првенството. Василев подобар од Аларов. Кај Пешевски е слабост тоа што не игра одбрана, но затоа вчера го купија тој грамадниот Полјак. Со него во одбрана, ќе бидат далеку подобри. Значи, Пелистерци испазарија одлично зимава, единствено што не купија некој добар десен бек замена за Цехте.
Десната крилна позиција исто така одлична и желна за победи.
Кај нас луѓето се во некоја голема заблуда дека ние ја имаме хемијата, они се распад систем итн. Првата и втората полусезона немаат ништо заедничко. Нормално дека ќе имаат крш полусезона кога неспремни влетаа во ЛШ и изгубија се' што можеше. Веќе се ослободени од тој притисок. Ако фокусот на првата полусезона беше ЛШ, сега е домашното првенство. Со сите сили ќе тргнат во првенството и ако победат утре, ќе видите како ќе се промени хемијата во двата состави. Друго е кога место ладните скандинавци кои ги тргнаа, имаш играчи од Македонија, кои знаат што е дерби и како да ги израдуваат фановите.
И Бранче не е толку дрво како што го прикажуваат. Сигурно Бутинот е послаб тренер од него. Он не е тренер за во ЛШ, ама ќе знае како да игра во домашнава лига.
По мене Пелистер е прв фаворит и за жал мислам дека тоа ќе го докаже утре со висока победа. Вардар има добра прва постава, со Јасухира можеби и најдобра, но целокупно земено со резервите, би се мачеле со сите овие 4 останати екипи кои ги набројав.
Вардар немаше некои посериозни мечеви за да го покаже квалитетот. Ги добивме Пелистер во Скопје кога беа распад систем, имавме една утакмица во Битола која не значи ништо дека со многу среќа намаливме на пораз кој ни одговараше и еден ревијален суперкуп.
Како што нашиве се желни да се покажат против нив, така и сите останати екипи ќе бидат желни за докажување против нас. Колку имаме широк ростер за сите да ги добиеме?
Киро врши одлична работа во Алкалоид. Млад состав, сите играат енергично и остро, со Марко Митев кој е хит во репрезентацијата и гази и во првенството. Имаат шест пикери, од кои тројца играат добро во одбрана и двајца од нив се многу млади (Марко и Омерагиќ). Го префрлија и толку фалениот 18 годишен Карасманакис во прв состав, што по мене е прерано. По мене, крилата им се доста слаби, а кај голманите се некаде на наш квалитет, бидејќи тој мисирот Благојче секогаш брани добро против нас, а Галевски прераснува во одличен голман.
Бековската линија им е доста млада, практично цела наша репрезентација. Митев се издвојува, брат му доби прекоманда во првиот тим исто така, но е доста млад, десно се веќе искусните Серафимов и Велковски, а лево се Џонов и Ѓоргиев. Сите веќе некое време играат заедно и се доста уиграни. Не треба да кажеме на чија страна се судиите во првенствово исто така. Дуелот во Автокоманда со нив ќе биде еден од клучните за нас. Овие играат со ист интензитет и дома и гости, така што и во Јане Сандански ќе биде тешко. Импресивно е како ги добија сите дуели со Тиквеш и Охрид во прва полусезона.
Тиквеш и Охрид се екипи кои со домашната публика може да замрсат многу сметки. Тиквеш има добар прв тим, со неколку интернационалци како Мајиќ (лево крило), Симиќ (среден бек), Стевановиќ (пикер), Гемаљевиќ (голман), Мијатовиќ (лев бек), Обина (десен бек). Донесоа уште еден србин, а имаат и низа искусни ракометари за нашата лига, како и неколку млади репрезентативци.
Носени од публиката во Кавадарци ќе бидат тврд орев на гостински терен, а тоа го покажаа и лани кога ни скинаа бод. Ваљда ќе ја нареди Боре со Митката, да пуштат за лани
По мене, најголема нагазна мина за нас ќе биде Охрид, за кого верувам нашата публика нема никакво инфо колку се засили.
Ојлески како лево крило, донесоа словенец како лево крило, покрај Стоилевски кој беше одличен во Пелистер 2, искусниот Тасески со двајца странци на пикерска линија се одлична тројка.
Одиме на поважното - бековите.
На среден бек ги имаат Крстевски ресенчанецот, Дрогата и го донесоа партнерот на Јасухира од јапонската репрезентација.
Лево го донесоа грузискиот репрезентативец Ојроникидѕе кој е одлично засилување, а на десен бек го донесоа Јукиќ кој играше во Германија. Имаат уште еден странец и Шипиноски кој е доста надежен играч.
Тука е и Стевче кој е одличен тренер. По мене, Охрид ќе атакува и на третото место и мислам дека ќе се лизнеме на гостувањето таму.
Тренерите на екипиве некогаш сочинуваа многу јака постава од македонската репрезентација
Некој кажа дека никој го немал тоа што го има Вардар. Ама Чкембари, Рибари и Лозари многу поактивно навиваат на ракомет од нас сезонава, а од нашиот табор нема никакво инфо дали ќе се навива на секој натпревар или само на дербињата како и досега.
Ова треба сериозно да се размисли и без разлика на уделот на групата во фудбалот и немањето време за добра организација, мора да се најде начин да се навива на секој дуел на ракомет. Едно што утакмиците ќе бидат интересни, друго што поддршката ќе донесе многу елан во играта на клубот. Не е ист Вардар со Комити и без нив.
Ако ти тепаме со карапале, една година да не пишуваш депресивни постови.Ако ги тепаме со Карапале, треба клуч на врата да си стават. Да ти ебам коњот ирански што го повреди Јасухира...
Јас мислам ние сме лоши во напад, ама овие ако изгубат од екипа со само еден бек што игра напад, од Карапале и Томи, не депресија, треба колективно харикири да си направат.Ако ти тепаме со карапале, една година да не пишуваш депресивни постови.