Хороскопот ми е многу занимлива работа и многу ми е интересно да ги определувам врските меѓу луѓето според хороскопските знаци...
Имам забележано дека ги ценам и почитувам оние што се од ист знак како мене, ама никогаш не можам да се зближам многу со некој Бик (Бик сум во хороскоп)..Во глобала, пријателите ми се припадници на неколку хороскопски знаци и колку и да се разликуваат меѓу себе во однос на стилот на живеење, на облекување, музиката што ја слушаат и сл. сепак сум изградила некој сличен однос со тие што припаѓаат на ист знак. На пример: Ги почитувам Овните поради осетот за организација и решителноста, Раковите се сентименталци и знаат да ме ислушаат кога ми се гличи, сите дечковци ми биле Лавови или Девици (секако, со сите тие сум разделена:baeh
, имам неколку пријателки Ваги (многу се верни и промислени) и неколку пријателки Скорпии (знаат да чекорат низ животов, ги обожавам!). Значи, има нешто во врска со припадноста на знакот!
Во врска со оние хороскопи од дневните весници, како и наталните карти, сум доста скептична и ми се занимливи колку да ги прочитам, ама после се тоа ми оди на ветер и магла...