Стратегија за најсигурно обложување

Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Јас едно време пред данокот си имав систем „од шупло у празно“. Онака безпаричен, на 100 денари правев квота 2.5 до 3.00 максимум и така на 100 денари имаше некоја добивка 250-300 денари. Од тие, минусирав 100 денари за нареден ден, а останатите 150-200 денари добивка ми беа за кафе и цигари. На крај на недела се потсобираа парички и за сендвич.:D
Сега и тој систем не го бива, сега играм само преку недела ако има ЛШ и ЛЕ и сабота и недела, и тоа ќе налупам едно чудо утакмици дека некоја екипа ќе даде барем еден гол, и редовно ми се погаѓаат промашени пенали и стативи. Уплаќам на по 20/30 денари. И обавезно за викенд играм некои екипи од бившите комунистички држави. Таму па едно време се знаеше, ќе ти даде 1 на 2.5 и ќе си излезе како од шала, сега и таму се прееба работата. И така си стекнав „омилени“ екипи како Лех Позњан, едно време Днипро и така.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.755
Ќе го тргнам на страна @Ставрогин кој е професионалец во играњето и живее од тоа и ќе се насочам кон обичните смртници како што се 99.9% од луѓето кои пишуваат овде, а исто воопшто кои се кладат во кладилница. Иако е донекаде во право Ставро кога вели дека еден е начинот на добивка и не постои друг, сепак и не е до толку :D. Работата е што тој само со тоа се занимава и има премногу искуство, така што со текот на годините научил и сигурно му требало многу време додека да стигне до тој степен. Гарант почнал како и секој човек во кладилница. Затоа погрешно е на луѓе кои се "почетници"(ова не мислам првпат стапнуваат во кладилница туку се занимаваат неколку години со тоа ама со пред се ограничен буџет) да им се објаснува начин на игра за кој е потребно долго време да се стигне. Едноставно, не може на деца од 4то одделение да им се објаснуваат лимеси, принцип на математичка индукција или не знам што. Оти нели сепак се на одредено ниво на развој, кое е не е на потребната скала за да ги сфати тие работи.

Е сега на поентата да преминам. Не постои најсигурен "систем" на обложување. Тоа може само во книга или во текст да го напишете, но пак ќе си остане само тоа-лист хартија. Начинот на обложување се менува со текот на играта со текот на годините. Јас на пример кога првпат започнав да играм некаде второ одделение за 50 денари колку што беше минималната уплата тогаш ќе си ги нашарав Ајакс, ПСВ, Селтик, Ренџерс и Јувентус и ќе си чекав 200 денари :zloo:. Ако добијам супер, ако не ме болеше таквото оти од дома ќе ми ги надополнеа тие 50 денари за школо. Од тогаш еден куп години изминаа и се сеќавам дека еден период играв систем со фиксови и доле 3/5 се нерешени наредено. Еднаш кај 6то-7мо одделение ставив 500че на сингл Јуве двојка на 2 коеф. и добитен бев илјадарче :cool:

Е сега во текот на годините никогаш не прераснав во сериозен играч од аспект на уплатите и добивките. Постирам некогаш листови и лесно се забележува, уплатите мене лично ми се за 100, 200, 300 денари. Но и тоа како израснав како играч од аспект на погодени мечеви, препознавање вредни коефициенти, играње различни лиги и натпреварувања и слично. Е сега од тоа фајде има брат ми, бидејќи тој прерасна во посериозен играч од аспект на бетови и добивки и иако и самиот доста знае што да игра сепак многу често добива натпревари од мене. Е сега тука од лично искуство кај мене се побива теоријата на Ставро за единствениот начин на добивка, бидејќи брат ми и те како е во добивка последните години, иако не игра секогаш по начинот синглови. Може 30% од добитните тикети му се такви. Другите се врзани тикети, со два, три или максимум четири натпревари. Ретко повеќе.

Но, овде има едно големо НО. Дисциплина, селективен пристап и нелакомење. Тоа значи дека се игра само кога има натпревари да се играат и тоа не било какви. Принципот на игра е многу едноставен од страна гледано, но бара страшна дисциплина. На кратко кажано играме натпревари каде што: едниот тим е многу поквалитетен од другиот отколку што тоа коефициентот го покажува(ова многу често Серија А каде што се јавуваат страшни коефициенти за сигурни натпревари, некаде 1.7-1.8 или пак Лига Европа кај која што многу реални резултати излегуваат минатата и оваа година, а квотите се солени), на едниот тим многу повеќе му е потребен резултатот отколку на противникот (ова најчесто кај репрезентациите последните квалификациони кола каде што има квоти од 1.3-1.4 кои што ни Господ не може да спречи да излезат) и третиот начин кој е најмалку сигурен (со оглед на тоа што првите два поретко се среќаваат овој е потребен само за одржување на некаков континуитет со помали уплати) а тоа е играњето фаворити (никогаш повеќе од два на тикет), но под услов кога се во добра форма и кога се во налет. Оваа сезона е најлоша за такво играње, бидејќи освен ПСЖ другите фаворити си ебеле мајката. Сепак како посвеж пример ми е Јувентус кој во сезоната 13/14 на домашен терен во Серија А имаше скор од 19-0-0(да без пораз и без нерешено). Може околу 13-14 пати го имавме на тикет и никогаш не изневери.

Ова погоре генерално се правилата за игра. Но уште поважни се правилата за тоа кога да не се игра. Најсвеж пример. Пред недела дена брат ми оствари ќар од околу 40 000 денари за само два дена. Од тогаш одигра еден тикет за 500 денари уплата (кој го постирав во поплаки и каде што за 66 000 прееба една) и еден систем со уплата 2000 денари кој исто беше недобитен. Значи од 40 000 денари, реинвестирани само нешто повеќе од 5% за недела дена. Зошто? Затоа што немаше натпревари и тие тикети беа изиграни само поради она "коцкарското" да се прати нешто. Сериозна уплата од 7-8 илјадарки ќе нема сигурно до наредната недела и под знак прашање и дали и тогаш ќе се одигра. Тоа е таа дисциплина каде што најголемиот дел од луѓето ги прават погрешните потези. Играат напалени од добивка и тогаш кога типовите отстапуваат значително од правилата.

Нејсе на крајот мислам дека поентата ми е јасна. Ставро е 100% во право кога вели дека начинот на игра е тој кој што го објаснува постојано. Ама не може да се почне од таму. Прво мора да се преминат неколку фази за да се достигне тоа ниво, а тие фази бараат правила на игра кои ќе се базираат на знаење во врска со спортот кој се практикува и многу строго менаџирање со финансиите.

Напомената да се игра онлајн останува, тикетите во СЛ и Копачка да станат реткост. Исклучок беа тикетите на брат ми таму, тој барем 80% игра онлајн.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.554
Поени од реакции
2.133
Веќе кога се разговара и за прогресија, стално се споменува прогресија на x. Знам дека кладилнициве порано даваа доста солени коефициенти на пар-непар резултат на НБА натпревар.

Мислам дека коефицинетите се 1.9 па ако се сврзат два се добива коефицинент над 3.5. Плус натпревари има секој ден и не мора да се чека викенд за уплата.

Имам неколку богородици вишок месецов, па се мислам дали да го пробам ова.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.316
Поени од реакции
79.057
Ја не се интересирав многу, многу за кладење, али ми се чинеше интересна идејата, пошто порано пцуев што не можам ја кои сакам парови да ги погаѓам (во времето кога имаше само спортска) и им завидував на земјите кај што си постоеше кладење.
Мислев дека е мачја кашлица, такво кладење.

Еден другар, нешто многу ми беше убеден дека кладење е нешто кое е измислено ти никако ќар да немаш, па се зафатив да го демантирам. И така почнав да се кладам, и секој ебан денар сум го запишувал и од сам старт водев целосна статистика, у животов колку сум плус/минус. Седнав и разглеав статистики, билтени и слично и почнав да се кладам (со строго водење статистика за ќар-зијан за секој денар).

Првата сезона воглавно играв Шпанска Втора Лига систем 3/4 од 0-1 гол. Тоа беше некоја 2001-'02 или '02-'03 сезона, чинам. Завршив со 500 евра ќар. тоа воедно и ми беше вкупниот биланс помеѓу мене и кладилниците, до тој момент. Не е многу, за цела сезона, сигурно и начинот на играње можда би можел да биде бољи, али тоа тогаш беше така.
Втора сезона истото играње, минимален ќар, небитно. Трета сезона, баталив после некои кола тоа, пошто видов дека не играат од 0 до 1. Се префрлив на Франција Два и нешто Шпанија Два, на системи 0-2 гола. На крај имав 200 евра ќар, а другата сезона помалку од сто.
И песто евра нека е позитивниот биланс цела година, не знам дали вреди за муката. Пошто имаше и сезони кај што си на свое одприлика, имаше со по 100-200 зијан и така. После забегав и продолжив на други начини, со синглови, дојави, платени совети, големи пари на синглови и свашта друго. Едно време имав отворена сметка/банка у една кладилница, и како добивам упатства така се јавувам и ми уплаќа тој таму. Пошто - никое време навечер, а треба на безбол сингл да се стаи и сл.
Имаше се и сешто тука у тој период - дури и најглупото играње - мартингејл, кое спомнав како заврши у прошли пост. Прекинав да водам целосна статистика за билансот и мање више сезоните ми беа мање-више - малку зијан или на свое, или понекад малку ќар. Тоа малку е 100-200 евра.

Куча-посо дојде на сцена, фамилија, а и време ми снемуваше се повеќе, а и личеше дека се повеќе сум зијан, а се помалку ќар. Прекинав и од тогаш поминаа неколку години (5+).
Сега цело време се занесувам дека ќе посветам повеќе внимание пак и ќе почнам со сериозно кладење пак, али никако да почанм. Животот си фатил други шини.
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.111
Поени од реакции
9.713
Ај пробај сингл на 2 квота, бирај дневно по една утакмица и играј ја. Ете фудбал пратиш, разбираш, анализирај секој ден и бирај си по една утакмица. Поголеми ти се шансите така отколу на 2.50 квота на врзан талон.
Не е доволно 2. Данокот ебава работа. Пример да ставиш 500 на 2 коеф и да изгубиш, наредниот пат треба 1000ка. Ако недај боже и тоа те падни после треба 2000 х2=4000. Од тие 4к тргни 3500 уплата и 400 данок и ти иди само 100ка ќар. А после на вложени 4000 и да фатиш си во зијан. Уствари кога ќе видиш и 2.5 нека е нема да се исплаќа после третиот или четвртиот чекор. Ќе треба неколку 1000ки да се бапнат за да имаш некоја стотка ќар. А до тогаш ќе поминат неколку викенди (пошто не се кладам на било какви екипи туку само 4 лиги и тоа поквалитетните екипи). Дотогаш да питаш на улица ќе ги собериш тие неколу 100ки :D
НО ЗАТОА........... 3 коефициент е нешто сосема друго. :ojeaa::oleee: :D Се заебавам . За играње играм како што кажав само 4 лиги и тоа поквалитетните екипи. Ова за оние ливчиња каде ставам по 100ка или 200ки за добивка некаде приближно до 1000ка. И досега ваквите тикети ме држат во плус од кладилницава. Инаку знам да изиграм и послаби екипи од Премиер (посебно овие пошто ги пратам), Примера, Сериа А и Бундес. Али ова за оние тикети со по 20-30 денари и за неколку илјадарки добивка. Колку да се прати нешто. Чат пат во работен ден и хокеј (порано пратев сега послабо) или НБА за 20 ден. колку да помини времето. Границиве ги играм (основните) и досега не ми текнува дали и пола сум погодил од утакмиците на тикетот :D Од 10 има 7 да ме паднат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.175
Поени од реакции
107.729
Не е доволно 2. Данокот ебава работа. Пример да ставиш 500 на 2 коеф и да изгубиш, наредниот пат треба 1000ка. Ако недај боже и тоа те падни после треба 2000 х2=4000. Од тие 4к тргни 3500 уплата и 400 данок и ти иди само 100ка ќар. А после на вложени 4000 и да фатиш си во зијан. Уствари кога ќе видиш и 2.5 нека е нема да се исплаќа после третиот или четвртиот чекор. Ќе треба неколку 1000ки да се бапнат за да имаш некоја стотка ќар. А до тогаш ќе поминат неколку викенди (пошто не се кладам на било какви екипи туку само 4 лиги и тоа поквалитетните екипи). Дотогаш да питаш на улица ќе ги собериш тие неколу 100ки :D
НО ЗАТОА........... 3 коефициент е нешто сосема друго. :ojeaa::oleee: :D Се заебавам . За играње играм како што кажав само 4 лиги и тоа поквалитетните екипи. Ова за оние ливчиња каде ставам по 100ка или 200ки за добивка некаде приближно до 1000ка. И досега ваквите тикети ме држат во плус од кладилницава. Инаку знам да изиграм и послаби екипи од Премиер (посебно овие пошто ги пратам), Примера, Сериа А и Бундес. Али ова за оние тикети со по 20-30 денари и за неколку илјадарки добивка. Колку да се прати нешто. Чат пат во работен ден и хокеј (порано пратев сега послабо) или НБА за 20 ден. колку да помини времето. Границиве ги играм (основните) и досега не ми текнува дали и пола сум погодил од утакмиците на тикетот :D Од 10 има 7 да ме паднат.
Арно де, не мора да е стрикно 2.00 квотата. Можеби денес ќе ти влета во око 2.30 квота, утре 2.15, задутре 3.80, зависи од утакмиците.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
И обавезно за викенд играм некои екипи од бившите комунистички држави. Таму па едно време се знаеше, ќе ти даде 1 на 2.5 и ќе си излезе како од шала, сега и таму се прееба работата. И така си стекнав „омилени“ екипи како Лех Позњан, едно време Днипро и така.
Полска Екстракласа имат убај коефициенти али требит следење на екипиве (гледање фудбал), исто и останативе ко шо спомна а во комбинација мојт да се уфрљат и балканциве.
Конкретно јас лани ги врзвев Лех и Легија заедно но не стално и не големи влогој, се сеќавам добро дека најубо поминав во 17то, 18, 30, 33, 34 и 35 коло. Ево оваја сезона ги немам играно ич, Лех имаја катастрофален развој на насатни, сега сменаја тренер итн итн па планирам во 2рава полусезона да ги бркам истиве екипи, по некој мој математики и стратегии. Ветар во магла!:)
Значит е некоја стратегија, ама пак не е сигурна.
Реков и пак ќе речам, убо си беше на тенисот даби оган го изгорел и данок и Грујо и сите сората нивна!
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.111
Поени од реакции
9.713
Арно де, не мора да е стрикно 2.00 квотата. Можеби денес ќе ти влета во око 2.30 квота, утре 2.15, задутре 3.80, зависи од утакмиците.
Дај анализирај ги овие НБА да фатиме граници или хендикепи. Со 20 за 600 000? :icon_lol:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.979
Сигурно можеби не е, но за мене во последната година излезе најдоходовно, макар што се поретко го употребувам поради немање време да седам и да следам што се случува.
Играм во живо најчесто фаворити да дадат два гола или пак 2+ на цела утакмица.
Што е финтата, пред да започне натпреварот имаме по 1.2-1.3 коеф за 2+, откако ќе започне после 20-30та минута доколку нема паднато гол за 1+ имаат над 1.3, а за 2+ од 1.7 па нагоре. Така да натпреарот што предходно сте го планирале за 3+, веќе ви има вредност да го одиграте за ист коеф 2+, а доколку е играта мртва воопшто и не се закачувате на него.

Паралелно ги следам коеф барем на две обложувалници и тоа што сакам да го играм го изигрувам на таа каде што е коеф најголем.

Исто и со ракометот, тенисот, кошарката, пред натпревар често има и нереални граници на плус/минус голови или пак нереални хендикепи, некогаш може да се насетат, некогаш не. Кога ќе почне имате колку-толку слика дали играат брза игра или тупат, исто и таму варираат коеф како улави, но си чекате. Завчера на Норвешка-Македонија фатив добра сума на пари баш со такво чекање, коеф знаеше да скокне и до 2.35 за хендикепите и плус голови.

За ваков тип на игра треба време и пожелно е да го следите во живо натпреварот за да имате престава дали да пукате на голови или доколку е играта мртва да барате чаре за друг натпревар.
Според мене е посигурно од играње пред натпревар и треба стабилност психички, а и предходно добро да си средите екселот и крцкајте си.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Играм во живо најчесто фаворити да дадат два гола или пак 2+ на цела утакмица.
Што е финтата, пред да започне натпреварот имаме по 1.2-1.3 коеф за 2+, откако ќе започне после 20-30та минута доколку нема паднато гол за 1+ имаат над 1.3, а за 2+ од 1.7 па нагоре. Така да натпреарот што предходно сте го планирале за 3+, веќе ви има вредност да го одиграте за ист коеф 2+, а доколку е играта мртва воопшто и не се закачувате на него.
Не е вака математиката. Коефициентите во живо се дериватни на почетните коефициенти, односне се извлечени од нив. Тоа значи дека ако почетниот коефициент имал вредност, и коефициентот во живо ќе има вредност, и обратно. Со минувањето на времето расте коефициентот, но се намалува можноста тој коефициент да дојде, па ќе погодиш помалку такви коефициенти отколку да си ги играл на почетокот, и на крајот на исто ќе му дојде.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.667
Поени од реакции
34.979
Не е вака математиката. Коефициентите во живо се дериватни на почетните коефициенти, односне се извлечени од нив. Тоа значи дека ако почетниот коефициент имал вредност, и коефициентот во живо ќе има вредност, и обратно. Со минувањето на времето расте коефициентот, но се намалува можноста тој коефициент да дојде, па ќе погодиш помалку такви коефициенти отколку да си ги играл на почетокот, и на крајот на исто ќе му дојде.
Да, но сепак е подобра вака математиката, бидејќи имаш шанса да го гледаш натпреварот и да оцениш дали има игра за да паѓаат голови или играта е мртва (додатно и составот го гледаш, не е по претпоставка).
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Да, но сепак е подобра вака математиката, бидејќи имаш шанса да го гледаш натпреварот и да оцениш дали има игра за да паѓаат голови или играта е мртва (додатно и составот го гледаш, не е по претпоставка).
И тие што ги нудат коефициентите го гледааат мечот, па и тоа е вкалкулирано, така да немаш никаква предност.

Од мое искуство, а и од искуството на неколку луѓе со кои контактирам, кладењето во живо е потешко отколку кладењето пред мечот, и потешко се наоѓа предност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom