Ќе го тргнам на страна
@Ставрогин кој е професионалец во играњето и живее од тоа и ќе се насочам кон обичните смртници како што се 99.9% од луѓето кои пишуваат овде, а исто воопшто кои се кладат во кладилница. Иако е донекаде во право Ставро кога вели дека еден е начинот на добивка и не постои друг, сепак и не е до толку
. Работата е што тој само со тоа се занимава и има премногу искуство, така што со текот на годините научил и сигурно му требало многу време додека да стигне до тој степен. Гарант почнал како и секој човек во кладилница. Затоа погрешно е на луѓе кои се "почетници"(ова не мислам првпат стапнуваат во кладилница туку се занимаваат неколку години со тоа ама со пред се ограничен буџет) да им се објаснува начин на игра за кој е потребно долго време да се стигне. Едноставно, не може на деца од 4то одделение да им се објаснуваат лимеси, принцип на математичка индукција или не знам што. Оти нели сепак се на одредено ниво на развој, кое е не е на потребната скала за да ги сфати тие работи.
Е сега на поентата да преминам. Не постои најсигурен "систем" на обложување. Тоа може само во книга или во текст да го напишете, но пак ќе си остане само тоа-лист хартија. Начинот на обложување се менува со текот на играта со текот на годините. Јас на пример кога првпат започнав да играм некаде второ одделение за 50 денари колку што беше минималната уплата тогаш ќе си ги нашарав Ајакс, ПСВ, Селтик, Ренџерс и Јувентус и ќе си чекав 200 денари
. Ако добијам супер, ако не ме болеше таквото оти од дома ќе ми ги надополнеа тие 50 денари за школо. Од тогаш еден куп години изминаа и се сеќавам дека еден период играв систем со фиксови и доле 3/5 се нерешени наредено. Еднаш кај 6то-7мо одделение ставив 500че на сингл Јуве двојка на 2 коеф. и добитен бев илјадарче
Е сега во текот на годините никогаш не прераснав во сериозен играч од аспект на уплатите и добивките. Постирам некогаш листови и лесно се забележува, уплатите мене лично ми се за 100, 200, 300 денари. Но и тоа како израснав како играч од аспект на погодени мечеви, препознавање вредни коефициенти, играње различни лиги и натпреварувања и слично. Е сега од тоа фајде има брат ми, бидејќи тој прерасна во посериозен играч од аспект на бетови и добивки и иако и самиот доста знае што да игра сепак многу често добива натпревари од мене. Е сега тука од лично искуство кај мене се побива теоријата на Ставро за единствениот начин на добивка, бидејќи брат ми и те како е во добивка последните години, иако не игра секогаш по начинот синглови. Може 30% од добитните тикети му се такви. Другите се врзани тикети, со два, три или максимум четири натпревари. Ретко повеќе.
Но, овде има едно големо НО. Дисциплина, селективен пристап и нелакомење. Тоа значи дека се игра само кога има натпревари да се играат и тоа не било какви. Принципот на игра е многу едноставен од страна гледано, но бара страшна дисциплина. На кратко кажано играме натпревари каде што: едниот тим е многу поквалитетен од другиот отколку што тоа коефициентот го покажува(ова многу често Серија А каде што се јавуваат страшни коефициенти за сигурни натпревари, некаде 1.7-1.8 или пак Лига Европа кај која што многу реални резултати излегуваат минатата и оваа година, а квотите се солени), на едниот тим многу повеќе му е потребен резултатот отколку на противникот (ова најчесто кај репрезентациите последните квалификациони кола каде што има квоти од 1.3-1.4 кои што ни Господ не може да спречи да излезат) и третиот начин кој е најмалку сигурен (со оглед на тоа што првите два поретко се среќаваат овој е потребен само за одржување на некаков континуитет со помали уплати) а тоа е играњето фаворити (никогаш повеќе од два на тикет), но под услов кога се во добра форма и кога се во налет. Оваа сезона е најлоша за такво играње, бидејќи освен ПСЖ другите фаворити си ебеле мајката. Сепак како посвеж пример ми е Јувентус кој во сезоната 13/14 на домашен терен во Серија А имаше скор од 19-0-0(да без пораз и без нерешено). Може околу 13-14 пати го имавме на тикет и никогаш не изневери.
Ова погоре генерално се правилата за игра. Но уште поважни се правилата за тоа кога да не се игра. Најсвеж пример. Пред недела дена брат ми оствари ќар од околу 40 000 денари за само два дена. Од тогаш одигра еден тикет за 500 денари уплата (кој го постирав во поплаки и каде што за 66 000 прееба една) и еден систем со уплата 2000 денари кој исто беше недобитен. Значи од 40 000 денари, реинвестирани само нешто повеќе од 5% за недела дена. Зошто? Затоа што немаше натпревари и тие тикети беа изиграни само поради она "коцкарското" да се прати нешто. Сериозна уплата од 7-8 илјадарки ќе нема сигурно до наредната недела и под знак прашање и дали и тогаш ќе се одигра. Тоа е таа дисциплина каде што најголемиот дел од луѓето ги прават погрешните потези. Играат напалени од добивка и тогаш кога типовите отстапуваат значително од правилата.
Нејсе на крајот мислам дека поентата ми е јасна. Ставро е 100% во право кога вели дека начинот на игра е тој кој што го објаснува постојано. Ама не може да се почне од таму. Прво мора да се преминат неколку фази за да се достигне тоа ниво, а тие фази бараат правила на игра кои ќе се базираат на знаење во врска со спортот кој се практикува и многу строго менаџирање со финансиите.
Напомената да се игра онлајн останува, тикетите во СЛ и Копачка да станат реткост. Исклучок беа тикетите на брат ми таму, тој барем 80% игра онлајн.