- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.850
А што, тебе поарен темплејт ти е извештајот во вести на Шител, со новинар анонимус-труба вклучен линковски од пред Владата, кој му поставува нарачани прашања на шпиртосаниот Ставревски, кој по 100 пати ја мантра истата теза дека каматата на задолжувањето од пола милијарда не била висока..... или еден сегашен уредник-мегафон на МРТВа, кој пред 5-6 години крваво (на изглед) се бореше да опстане тогаш А1, како сега истиот тој во интервју на Самак, Мизо или на споменатиот Ставре, пред да му каже колку е убав и паметен му вели: Леле господине министре, колку странски инвестиции донесовте!? Дали Македонија има толку невработени, те дали ќе најдеме за сите тие фабрики работна снага!? Тој темплејт ти е поарен?Сакате верувајте, сакате не, ама кога го прочитав насловот и потпишаната новинарка, веднаш знаев кои ќе бидат guest stars - почеток со анонимна припадничка на работниот народ, еден „независен“ левичар, еден „северозападен“ , плус двајца “експерти“ - високи поранешни функционери, две-три слободни стрели измеѓу, и крај посветен на мудрите зборови (поента со финта) на „опозицијата“ (кој од опозицијата?).
Дај бе сменете темплејт, ќе имате повеќе читатели и можеби некој ќе ви поверува.
Која анализа не е издржана во текстот објавен во Дојче Веле?.... на пример онаа за ‘‘Џини коефициентот‘‘ - коефициентот на нееднаквоста (за кој поменав предходно на форумиве), по кој коефициент сме најлошо пласирани во Европа, вклучувајки ги и полу-приватните држави создадени од распадот на бившиот Советски Сојуз! Листа на која за 10 години, од 50 и некое, паднавме на 80-тото место! Албанија кога бевме ние на 60-то беше над стото место, сега со сите оние приватни енклави и села што одгледуваат Марихуана во износ од половина наш ГДП се подобро пласирани од нас! Ние сме бетер клептократска енклава! Тоа е факт... тоа неможе да се демантира, ете Џини (Gini factor) го кажува и докажува - факторот на нееднаквоста.... А дека не е ‘‘ташак-сармаси‘‘ оваа анализа, покажува фактот дека на неа работеле можеби и најголемите економисти на денешницава (Кругман и Штиглиц)... и истата е направена за потребите на UN.... што не е во ред со оваа анализа? И ова ли е нарачано од опозицијата?
Последно уредено: