Растот на БДП 3,3 отсто

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960
пад на невработеноста која се должи на иселување во странство.
Абе се се ама добро бе што си мислите вие што се нарекувате непристрасни или неутрални( патем речено досега немам сретнато тука партиски војник од бихаќка кој се декларира како таков, се само непристрасни и партиски војници на ВМРО), дека ние останатите живееме некаде на планина или незнам некаде далеку па можеш да лупниш ваква информација и да не бидиш кабает. Мислам стварно ме интересира си верувате на тоа што го пишите или како што ви налагаат од штабот на непристрасните и неутралните така пишите?
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
овде читав јас, а и ова што го постираше не мора да значи дека има пад на личната потрошувачка.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411

Освен уринирање по мене без основа, би било добро да дадеш некој факт или доказ дека не сум во право. Плус, сеуште важи понудата за опклада дека никогаш во живот не сум имал партиска книшка, нит планирам да имам, нит ми треба за нешто.

овде читав јас, а и ова што го постираше не мора да значи дека има пад на личната потрошувачка.
Дневник нит пишале колку посто е порастот, нит на кои елементи се однесува. Испаѓа ко рекла казала муабет.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960
Освен уринирање по мене без основа, би било добро да дадеш некој факт или доказ дека не сум во право. Плус, сеуште важи понудата за опклада дека никогаш во живот не сум имал партиска книшка, нит планирам да имам, нит ми треба за нешто.
И по мене уринирале еден куп тука таканаречени непристрасни и неутрални па не сум се потресил многу многу.
Инаку знам дека ептен ти оди со статистиките, се расфрлаш со нив при секоја можна прилика. Ако бараш статистички податок нема ни да се потрудам да го најдам пошто знам дека ти ке извадиш некој од некаде каде оди во прилог на твојата теорија. Од друга страна пак во Битола само во една фабрика од индустриксата зона( додуша и една е) има најмалце 2000 ново вработени. Значи ако ништо друго се отвориле минимум 2000 нови работни места само со една фабрика. Да не споменувам покрај неа и други фирми имаат зголемен обем на работа па вработуваат дополнителен кадар. И тоа пази со една фабрика. Колку нови фабрики се отвориле во другите реони на државата. Редно е да се спомене иако на некој не им е по кеф дека голем дел од сивата економија , оние кои работеле на црно или работеле а биле непријавени сега се избришани од заводот. Сега и ако и покрај се стоиш на ставот дека невработеноста е намалена само ради иселувањето во странство тогаш незнам што да ти речам. Така нека биди.
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Дневник нит пишале колку посто е порастот, нит на кои елементи се однесува. Испаѓа ко рекла казала муабет.
Па изгледа на пресот не кажале детали, еве и овде истото.
"Зголемувањето, како што рече денеска на прес-конференција Верка Панова, раководител на секторот за национални сметки, се должи пред се на растот на личната потрошувачка."
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
И по мене уринирале еден куп тука таканаречени непристрасни и неутрални па не сум се потресил многу многу.
Инаку знам дека ептен ти оди со статистиките, се расфрлаш со нив при секоја можна прилика. Ако бараш статистички податок нема ни да се потрудам да го најдам пошто знам дека ти ке извадиш некој од некаде каде оди во прилог на твојата теорија. Од друга страна пак во Битола само во една фабрика од индустриксата зона( додуша и една е) има најмалце 2000 ново вработени. Значи ако ништо друго се отвориле минимум 2000 нови работни места само со една фабрика. Да не споменувам покрај неа и други фирми имаат зголемен обем на работа па вработуваат дополнителен кадар. И тоа пази со една фабрика. Колку нови фабрики се отвориле во другите реони на државата. Редно е да се спомене иако на некој не им е по кеф дека голем дел од сивата економија , оние кои работеле на црно или работеле а биле непријавени сега се избришани од заводот. Сега и ако и покрај се стоиш на ставот дека невработеноста е намалена само ради иселувањето во странство тогаш незнам што да ти речам. Така нека биди.
Види вака. Во овој момент и лајно да го запакуваш во кутија ќе најдеш купувач за извоз да оди лајното. Оти е конкурентно шо би рекле браќата икономисти. А како да не биде конкурентно на 8000 плата.
Логично е да се намалува невработеност и да расте бдп. Арно ама има еден куп други работи и фактори кои треба да се гледаат, а за нив во друга прилика.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960
Види вака. Во овој момент и лајно да го запакуваш во кутија ќе најдеш купувач за извоз да оди лајното. Оти е конкурентно шо би рекле браќата икономисти. А како да не биде конкурентно на 8000 плата.
Логично е да се намалува невработеност и да расте бдп. Арно ама има еден куп други работи и фактори кои треба да се гледаат, а за нив во друга прилика.
Значи да не навлегуваме во детали , можеме да се сложиме дека падот на невработеноста е резултат на нешто друго а не строго на основ на исселување како што некој тврдеше претходно.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Значи да не навлегуваме во детали , можеме да се сложиме дека падот на невработеноста е резултат на нешто друго а не строго на основ на исселување како што некој тврдеше претходно.
Колку жители имала Битола пред 10-15 години, а колку сега, а Владе? Да не испарила разликата? Или се иселила? Како тоа помалку народ, а поголем БДП? Битолските пензионери да не го пумпаат? Има нешто мистериозно кај вас битолчани, мора да ви признаам.

Дали знаеш дека за да го напумпаат од 3,5% на 4,3% сменија методологија и ги вклучија во пресметките и развозувањата со службени возила, како и некои нелегални активности . Али небитно дали фиктивно или фактички, битно расте, нели.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960
Колку жители имала Битола пред 10-15 години, а колку сега, а Владе? Да не испарила разликата? Или се иселила? Како тоа помалку народ, а поголем БДП? Битолските пензионери да не го пумпаат? Има нешто мистериозно кај вас битолчани, мора да ви признаам.

Дали знаеш дека за да го напумпаат од 3,5% на 4,3% сменија методологија и ги вклучија во пресметките и развозувањата со службени возила, како и некои нелегални активности . Али небитно дали фиктивно или фактички, битно расте, нели.
Јас не реков ништо за БДП. И појма немам колку имало Битола жители пред 15, 30 години и сега. Што ти е поентата дека се намалила невработеноста тука само ради исселувањето. За тука барем тоа исселувањето никогаш не било ништо чудно нити нешто ново. Но отворање на нова фабрика со толкав капацитет не се случило едно добри 20 и кусурот години или поконкретно од кога ги затворија скоро сите останати капацитети. Така да теоријата дека се намалила невработеноста само или првенствено на основ на исселување( баш за тоа и те цитирав, не за БДП) не ти држи баш вода. БДП-то и како тоа се пресметува за мене е шпанско село.
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Колку жители имала Битола пред 10-15 години, а колку сега, а Владе? Да не испарила разликата? Или се иселила? Како тоа помалку народ, а поголем БДП? Битолските пензионери да не го пумпаат? Има нешто мистериозно кај вас битолчани, мора да ви признаам.

Дали знаеш дека за да го напумпаат од 3,5% на 4,3% сменија методологија и ги вклучија во пресметките и развозувањата со службени возила, како и некои нелегални активности . Али небитно дали фиктивно или фактички, битно расте, нели.
Абе ајде?
Оваа методологија на пресметка ја користи цела Европа, и пошто нели сакаме и ние таму, решивме да ја имплементираме. Цел тим од експерти од Чешка беше дојден да ни помогне во спроведувањето.Сеа ако цела Европска унија билда БДП, а ти имаш некои сознанија за тоа повели.
Нели гледаш дека новата методологија покажа помали стапки на раст за првиот квартал и статистика ја ревидираше бројката од 3.9% на 3.5%
 
Последно уредено:
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Околу дилемата за ‘‘намалување на невработеноста‘‘ те демагодијата ‘‘намалување на невработеноста‘‘ Радио Слободна Европа: http://www.makdenes.org/content/article/26598534.html
Во администрација или во странство за намалување на невработеноста
недела, септември 21, 2014 Скопје 21:54
Намалувањето на невработеноста се должи на фактот дека имаме интензивен одлив на работоспособни луѓе во странство, преку манипулации со статистичките податоци и вработувања во државната администрација, со што повторно се товарат граѓаните со даноци

Европската комисија забележува дека јавниот сектор е најголемиот работодавач, има мала активност на пазарот на труд и бавно се модернизира Агенцијата за вработување, како и дека има високо ниво на неформално вработување...
Иселувањето и полнењето на администрацијата во последните неколку години ја намалуваат невработеноста во земјава, но и покрај тоа стапката на невработеност од над 28 отсто и натаму е меѓу највисоките во Европа....
 
Последно уредено:

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Раст на индустриско производство

2013г. 2014г.
Јан. -1.3 % +6.4%
Фев. +4.5 % +4.1%
Мар. +4.2 % +0.6%
Апр. +4.0 % +2.2%
Мај. -2.8 % - +9.7%
Јун. +1.9 % -+4.9%
Јул. +3.9 % -+5.9%
Авг. -1.2 % - +1.3%
Сеп. +5.1 % -
Окт. +6.9 % -
Ное. +3.1 % -
Дек. +9.5 % -

Јан. – Авг. 2014 година, во однос на Јан. – Авг. 2013 година, +4,3%
 
C

cige

Гостин
Човек од акција

ПОВРЗАНИ
ТЕМИ
коментарикоста петровтоп
Јас не сум учел факултет 5 години за да имам плата од 15,000 денари. Не можам да работам било што, ја чекам вистинската работа за мене. Овде брат не ја бива. Во странство сигурно ќе добијам плата од минимум 1,000 евра.

Ова се само некои од коментарите кои секојдневно ги слушам од луѓето во мојата околина.
Во исто време на друштвените медиуми фрчат статуси од Робин Шарма, Доналд Трамп, Нелсон Мандела и ред други лидери кои станаа наши херои на денешницата.

Се ова е во ред. Сите овие луѓе треба да ни служат како инспирација. Доказ дека соништата се остваруваат и причина да продолжиме да сонуваме. Но, позади успехот на сите овие луѓе, се крие една работа која малкумина ја практикуваат а тоа е дека за да ти се исполни сонот, треба да работиш за него и на него. Вербата е само почетокот. За да го доживееш неговото остварување треба да се окозиш од работа.

Една друга важна работа која не треба да ја заборавиме е дека последното поглавје од животот на некој човек не може да биде нашето прво поглавје.

Да, Ричард Бренсон е синоним за човек кој ги исполнил соништата ама не верувам дека пред 30 години тој седел дома и си велел самиот на себе- што е мое ќе си дојде. Или пак, дека не му било ни на крај памет да излезе од дома да работи за 100 фунти. Сигурно не го правел тоа.

За да успее Ричард Бренсон, работел се и сешто на почетокот. Исто како Доналд Трамп. Исто како и Робин Шарма. Не се разбудиле тие еден ден и добиле се и се разбира дека никој не им ги сервирал овие работи на послужавник. Не! Тие се бореле, ризикувале и најмногу од се не се плашеле да работат. Знаеле дека само преку макотрпна работа можат да си ги остварат сопствените соништа.

Вистината е драги пријатели дека ништо во животот не доаѓа само од себе. Целиот наш живот е делчиња од мозаик кои се собираат со секое работно искуство, со секој поминат предизвик, со секоја исплакана солза и неуспех. За да добиеш нешто треба да се бориш за тоа. Треба да ризикуваш за тоа. Треба да работиш на тоа. Бидејќи ако само седиме и чекаме чудото да тропне на нашата врата ќе го поминеме сиот наш живот чекајќи и жалејќи се дека животот е суров и дека се обидуваме но работите едноставно не ни одат од рака.

Сонувањето е прекрасно и да треба да се сонува но треба и да се разбудиме и да сфатиме дека секој почеток е тежок но и секоја тешкотија со себе носи лекција која ќе не однесе таму каде што живеат нашите соништа.
Кога ја земав мојата диплома, татко ми ме прегрна и ми кажа- сине, толку од нас, сега е време самиот да почнеш да заработуваш за себе. Мислев дека се шегува но фала му на бога што не се шегувал.

Ја мразев мојата прва работа. Продавав услуги за рефинансирање преку телефон во Англија. Луѓе ме пцуеја на телефон, ми се дереа, ми се закануваа но јас продолжив да вртам. Знаев дека сето ова е само едно искуство кое ќе ме однесе до местото каде што заслужувам да бидам. Не дојде тоа место туку така. Требаше да се случат многу предизвици, многу падови, за конечно да сфатам дека апсолутно се вредело бидеќи нема ништо поубаво од тоа кога си го остварил сонот и знаеш дека тој сон е твоја заслуга. Ти си се борел за него. Ти си работел и плачел за него. И продолжуваш да се бориш бидејќи сфаќаш дека секоја борба колку и да е тешка носи со себе благодети кои ќе те направат подобар и посреќен човек.

Ден денес се чудам кога некој ќе ми дојде на интервју и гледам дека на 25ти години, не само што завршил факултет, туку има и магистратура па и докторат. Искрено, не гледам ништо спектакуларно во тоа дека со твоите 25 години си успеал да докторираш а притоа немаш ни еден работен ден во твојот живот. Вистината е дека исто како сонувањето, и факултетот ништо не вреди ако не го ставите сето тоа знаење во пракса.

Време е да се разбудиме луѓе. Поминаа времињата кога брзо се правеа пари. Живееме во суров свет во кој има уште милијарди луѓе како нас. Она што ќе не направи поразлични од другите е само нашата трпеливост, издржливост и работливост. Само таквите луѓе ќе преживеаат и само на таквите луѓе соништата ќе им станат реалност. Другите 99% ќе продолжат да сонуваат и еден ден кога ќе ги снема ќе сфатат дека сиот живот го поминале спиејќи.

Затоа, не плашете се од работа. Не плашете се да започнете со минимална плата. Не срамете се од тоа што го работите бидејќи тоа што можеби сега ви изгледа како најмизерна работа, чекор по чекор ќе ве однесе до работата од вашите соништа.

Разбудете се и почнете да работите за вашите соништа.

Коста Петров е Основач и извршен директор на Пи Ворлд- глобална агенција за организирање на настани со канцеларии во Скопје, Прага и Баку и присустност во 30 земји во светот.
Тој е и автор на Се гледаме на врвот и Стравот.

Во 2013та година, пресижниот магазин Конгрес го прогласи за еден од 30те највлијателни луѓе во индустријата за настани во Европа.
Која од книгите на Доналд Трамп ќе ми ја препорачате?
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Раст на индустриско производство

2013г. 2014г.
Јан. -1.3 % +6.4%
Фев. +4.5 % +4.1%
Мар. +4.2 % +0.6%
Апр. +4.0 % +2.2%
Мај. -2.8 % - +9.7%
Јун. +1.9 % -+4.9%
Јул. +3.9 % -+5.9%
Авг. -1.2 % - +1.3%
Сеп.+5.1 % -+9.1%
Окт. +6.9 % -
Ное. +3.1 % -
Дек. +9.5 % -

Јан. – Сеп. 2014 година, во однос на Јан. – Сеп. 2013 година, +4,8%
 
Kajgana Shop

На врв Bottom