Растот на БДП 3,3 отсто

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Раст на индустриско производство

2013г. 2014г.
Јан. -1.3 % +6.4%
Фев. +4.5 % +4.1%
Мар. +4.2 % +0.6%
Апр. +4.0 % +2.2%
Мај. -2.8 % -
Јун. +1.9 % -
Јул. +3.9 % -
Авг. -1.2 % -
Сеп. +5.1 % -
Окт. +6.9 % -
Ное. +3.1 % -
Дек. +9.5 % -

Јан. – Апр. 2014 година, во однос на Јан. – Апр. 2013 година, +3,1%
Можно е во Мај да имаме солиден раст, со оглед дека лани беше најслаб месец
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SF

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
ТАБЕЛА: Македонија со највисок раст на БДП во Европа во првиот квартал




Економијата во првиот квартал порасна за 3,9%, објави денеска Државниот завод за статистика. Овој резултат значи дека земјава има поголем раст на БДП во однос на сите земји од Европската унијa, пишува денеска Економски.мк.

Имено, според податоците кои минатата недела ги објави ЕУРОСТАТ, во првите три месеци од 2014, најголем раст во ЕУ забележала Полска од 3,5%. Зад неа е Унгарија со 3,2%, а над три проценти раст има само уште Велика Британија – 3,1%.

Од регионот, во првиот квартал, растот во Србија изнесува 0,4%, во Бугарија 1,2%, а во Грција има негативен раст од 1,1%

Во земјава најголем раст бележи градежништвото со 13,7%. Тоа останува двигател на растот благодарение на инфраструктурните проекти на државата, односно изградбата на автопатите.

Овие државни инвестиции придонесуваат и за намалување на невработеноста. Само на изградбата на патиштата се ангажирани над 1000 работници. Тоа резултира со натамошен пад на невработеноста. Вчера ДЗС објави дека таа е на најнискo ниво досега од 28,4%.

Од почетокот на 2014 во континуитет расте и индустриското производство, а растот на извозот во април достигна раст од 15,1 % во однос на истиот период минатата година.

Експeртите сметаат дека овие бројки упатуваат на тоа дека прогнозите за раст на македонската економија од околу 3,5% до крајот на годината ќе бидат остварени
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Браво, сме имале најголем раст на БДП-то во Европа.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Според мене velocity of circulation of money е мн побитно од GDP како што прочитав погоре нема аир ако 10% од ѓраѓаните трошат колку сакаат а 90% сметки немаат да платат.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Според мене velocity of circulation of money е мн побитно од GDP како што прочитав погоре нема аир ако 10% од ѓраѓаните трошат колку сакаат а 90% сметки немаат да платат.
Тоа во превод ти е брзина на обрт на парите во оптек. И нејзино намалување е добар знак.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Тоа во превод ти е брзина на обрт на парите во оптек. И нејзино намалување е добар знак.
Е тоа неможам да сватам како ако се вртат со помала брзина и во помалку луѓе е добар знак?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Е тоа неможам да сватам како ако се вртат со помала брзина и во помалку луѓе е добар знак?
Значи дека во земјата: има ниска инфлација, доверба во домашната валута, зголемена побарувачка за пари, зголемен број на финансиски иновации (луѓето користат повеќе кредитни и дебитни картички и сл.).
Бројот на луѓето нема никаква важност овде.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Не е битно колкав е растот на ГДП-то, во нашиов случај, не е битно дека сме направиле најголем раст во првото тромесечие... Битно е како тој раст и средствата од буџетот ќе се редистрибуираат, како средствата од задолжувањето ке се искористат. Дали рационално, по приоритети или сосема улаво и со намера (како во нашиот случај) за богатење на олигархијата, за зацврстување на позицијата на политичката сцена, па и за крпење на дупки во буџетот, како што се на пример исплата на пензии и исплата на јавната администрација... Тоа е најбитно, да се знае кои се приоритети, да се знае како, каде и зошто.... Тоа барем би го направила една демократска правна држава.... Но нашава држава нема ни ‘‘д‘‘ од демократија ниту ‘‘п‘‘ од правна држава.... Ние сме недефинирани, иако некако нејблиска дефиниција би била ‘‘револуционерна клептократија‘‘.... револуционерна како инструмент на група луѓе, против своите со-племеници од предходната гарнитура. Овдека не е уредувањето рес-публика (иако ја имаме таа придавка кон нашето име) јавна творба која трае ако не Ad Infinitum (бесконечно) тогаш барем долгорочно.... овдека општественото уредување на држава е Рес-привата... се користи власта да се пресмета со предходните (по можност да ги затвори, деградира, понижи....) и секако добро да се ‘‘нафатира‘‘ олигархијата.... зошто се случува тоа? ПА да имаш демократија во која владее правна држава, во која владеат законите, во која судството не зависи од извршната власт и поради тоа не му ги тинтра мудата на тој што е на власт, на тој што го поставил и од што зависи... судство не е равноправна власт, како еден од трите столба на демократијата (законодавна судска и извршна).... во таков случај зависноста и тинтрањето не би можеле да се случуваат. Уште помалку и ЕГЗИБИЦИИТЕ на власта...... Овој систем што го имаме неможе правовремено да реагира, но и ако реагира тоа го прави пост фестум и најчесто САМО за свои цели.... така реагира една револуционерна држава! Ова е антикомунистички комунизам! Но народот не сваќа дека една револуционерна држава страшно многу чини, од друга страна жално е да се каже но најголемиот дел од балканскиве народи имаат адолесцентен начин на перцепција, жално е што имаме долга историја но сеуште не сме пораснале... ние сме редок народ, ретка сорта (хомо Балканикус) кои сеуште мислиме дека некој ќе не спаси! На пример: Нема Киро Г. да дозволи да бидеме гладни, нема ЉуБчо да дозволи да бидеме сиромашни, нема Гвујо да дозволи да бидеме најбедни.... (или во Србија): Нема Милошевиќ да не остави гладни, нема тоа да го дозволи Ѓинџиќ, Вучиќ.... или НАЧМИШ од Трбушница! Мисли некој за нас.... НЕМА!? Молам? Е баш напротив... ИМА!
Ние од колективизмот сеуште не сме излегле, а сакаме да живееме во индивидуализам.... просечен граѓанин дури (еве сега е модерно и тука и во Ср) веруваат дека Русите мислат на нас.... нема Путин да дозволи... а тие ниту нас ниту Србите, не не констатираат! Со таа мантра сто години... ‘‘нема да дозволи овој или оној‘‘, а истовремено со својот брат се судиме за два квадрати наследен стан, од родители, баба тетка.... во фамилиите меѓу најблиските се водат спорови околу наследства, примери како брат на брат му вади очи на суд за бескорисна меѓа во нивата.... а мислиме дека некој таму руски Цар или диктатор како Путин ќе мисли на нас.... или некој наш ‘‘мал Путин - диктатор‘‘ ќе мисли на нас!? Тоа е, чудо од народ сме! Ние сме крш општество! Ние неможеме да сватиме предностите на демократијата, предностите на индивидуализмот, на правната држава, благодетите на конккуренцијата, на слободната на пазарната економија,...... Ние сме чипувани! Е тој програмиран чип, тој генетски код.... многу умешно го користат клептократиите кои ветуваат дека: мислат на народот, работат во име на народот, работат само за народот..... Ова нешто познато ми е од минатиот систем.... а оно клептократијата и нивниот прв-втор ешалон се расфрлаат со станови од по 100 квадрати низ Скопјево, летуваат на Сејшели.... возат Џипови од 500 коња, кои чинат колку дво-трособен стан....А НАРОДОТ СЕ ПОСИРОМАШЕН! Интересно е ова работење за наше добро нели!? А како тоа го прави власта.... велиме има РМ раст на БНП (GDP) 3,9%, нели еден од најголемите... ама се би било добро да не се постигнува тоа со занаетот и браншата на Берлускони! Градежништвото како бранша, за занаетот знаеме сите и цел Свет кој ‘‘занает‘‘ е: протекционизам, корупција тендероманија билдање сметки, недомакинско работење и тн...Ете го балонот наречен градежништво! Раст на оваа гранка од 14-15% па и повеќе во блиското минато! А до кога ќе се гради? И манипулира? Има ли потреба да се спомнат врбите од 500-600 иљади Евра секоја, Театарот кој со првата пресметка требаше да чини 5, а со анекси на договорот отиде над 50 милиони Евра.... стотици тони бронза во спомениците за кои никој незнае колку чинат..... и тн и тн. Или со последните инвестиции на пример во школата за пилоти за хеликоптери која не чинеше (ми се чини) блиску 50 милиони, а сите 5 хеликоптери кои ги има МК не чинат 10 милиони.... многу будалаштини во здравството, инвестиции кои прескапо не чинат, на пример отварање на детска кардиохирургија, а предходно немавме ни обична кардиохирургија освен во приватната пракса, центар за пресадување на органи од пациенти во клиничка смрт... ЕЕееј алоооо гледаат многу филмови! Милиони потрошени за тројца кои се во клиничка смрт од кои на двајца семејствата не дозволуваат да донираат орган поради религиски причини, а третиот не одговара на сите двајца пациенти што чекаат орган... Абе дуковци едни, тоа е можно во една 350 милионска Америка во Кина Русија, Франција Германија (каде што годишно имаат сообраќајки и такви случаи во клиничка смрт колку што Ск има жители), а таква една инвестиција во центар за трансплантација на органи од клинички мртви пациенти не чини неколку милиони! Пациенти едни .... немаме конци, за шиење, во болницине, дури и на кардиологија се шетаат буба-шваби големи колку мобилен.... во болницине во Велес или во било која од помало градче немаат елементарни услови за работа, услови исти како во затвор, кревети и ќебиња стари 50 години,... а оно у Скопјево Пет центри какви нема од Виена до Атина!.... Натаму Изградба на будалаштини како 27-8 милионската жичара, 17-18 милионското тркало (во најава) бродови, чуда врагови.... стотици и стотици милиони потрошени залудно! Ах да! Бисерите во облик на катни гаражи... незнам за другите, ама оваа во близина живеам на Макпетрол....катната од спроти МП направена на хектар најскапоцена земја, која можеби и 5-6 милиони би платил некој домашен или стран инвеститор на фер аукција, тендер.... кој инвеститор би направил или згради, од кои државата само од даноците за продадени станови би се офајдила дебело.... или центар некој трговски деловен, или штознам каков, кој би вработувал стотина луѓе - сто плати храна за 300-400.... оно напраија катна многу убаа, а чини САМО 11 милиони Евра, а прави промет ДУРИ колку Зуко семкарницата.... секогаш кога поминувам од капацитетот на гаражата (400 или 450 беше) значи секогаш 350-360 слободни места! Ќе се врати инвестицијава за 500 години! Станови градење станови и станови.... за секого, за млади брачни парови евтини кредити... бла бла..... ЗА КОГО БРЕ АЛОООО! Па Македонија живее во имплозија, во смалување.... нас од колевка уште, а камо ли младите брачни парови мислат како да збришат од овдека! Од овдека се иселуваат секојдневно, затоа не се прави попис! 200-300 иљади е бројката со која што располага ММФ врз основа на податоци на земјите каде што се отидени овие... од нашиот завод за статистика сигурно не! За кого градба на станови? ПА само во Скопје има 20-30,000 празни станови, да не зборувам во помалите градови...АЛООООО!
Вака не се прави раст на бруто домашниот производ.... вака само се билда истиот, балон...... со проектите градежништво и будалаштини кои не цинат од 5-6 па до 40-50 милиони....и нешто во производот од ‘‘зоните на самракот‘‘.... или ако се прави, од него никој нема корист, освен благонадежните и фамилијата!
Но не е се така црно! Како антипод на будалаштините... Еве на пример инвестицијата на ЕЛЕМ во Богданци.... ветропарк централа со ветерници! http://www.build.mk/?p=33479 убавина невидена... И корист! Еден помал град да се снабдува со струја! Инвестиција која е финансирана 47 мил од Германци, а 7 мил од ЕЛЕМ.... Еее ама од овој проект нема аванта.... никој нема да купи џип од 100К или стан! Сите трошоци ќе бидат следени од тој што финансира!
Ние даночните обврзници, токму тоа право го немаме.... затоа што не сме правна држава! Антикорупциска молчи... Обвинителството молчи, судовите молчат....
Кого уште радува раст од 3,9%.... има ли таков!?
 
Последно уредено:
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Ете токму за УЛАВАТА редистрибуција, распределба од клептократијава говорев.... не поминаа 5-10 дена успеава да го потврдат токму тоа! Два момента: Задолжувањето кај Кинезите за 250 милиони евра за нови брзи возови (композиции).... предходно нели ги добивме кредитите за патиштата (ете зошто ни дале нам кога сите бараа, не затоа што сме полични од Србите на пример) и уште претходно задолжувања кај нив за 100-тина дабл-декери во возниот парк на ЈСП, нели за да личиме на Лондон.... затоа реков дека набргу само на Кинезите ќе им должиме милијарда....
И вториот момент е театарот во Велес кој чини вртоглави 12 милиони Евра! Разбирам јас традицијата на Велес во театарската (драмската) уметност, па вложување во култура... и тн и тн.... ама се прашувам дали на град кој може да го собере на градски стадион Филип Втор, му требаше театар кој чини 12 милиони? Тоа ли беше приоритетот бр еден таму? Се е друго решено?.... По некоја моја глупава логика, по број на жители Њу Јорк Токио или С. Мексико нив театар би требало да ги чини 7,5 милијарди Евра 10 милијарди Долари! Дали на некој ќе му дозволат во кризава кога Детроид се распродава, кога во САД има 30 мил бездомници, 100 мил неосигурени.... да се вложат 10 милијарди $ во театар? Па толку чини светското првенство во Бразил!... А ако направиме една споредба колку таков еден театар би чинел во САД или Јапонија во однос на нивниот БНД (во однос на театарот во Велес према нашиот) па сигурно 200 милијарди би ги чинело! Алооооо бре... ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?
Или што би рекол Шекспир ДАЛИ ВО ОВА ЛУДИЛО ИМА СИСТЕМ? Не е обратно! Не во системот дали има лудило (тоа одамна беше) туку сега баш така - во лудилово дали има систем!?
Сме се распаметиле бе луѓе! Велес ТОТАЛНО МРТОВ ГРАД! Работеше порано Ѓорев, Кошулчеви, Поцеланка, Топилницата... кој друг капацитет!? Денес бојлерите, нешто мебел од плочести и град со само 45000 бараат работа 7000.... се шлепаат беспари по вагонине доаѓаат во Скопје, надничари, евтина работна снага, руина градот, болницата со полоши услови отколку затворот во Куманово.... а оно театар важно имаат! Неможам да поверувам што ни се случува....!? Неможам навистина, можеби и грешам... ама ова ми е скрос неприфатливо... еееј ово во Скопје новиот МНТ нели требаше да чини 5-6 милиони (без оглед што отиде на 50 и кусур) ама зарем Велешкиот поскап од првичните бројки на стариот - нов во Ск!? Не ми се верува, едноставно не ми се верува! Имаме убава катна гаража кај Макпетрол еден од најубавите објекти лани на нет прочитав во каква конкуренција незнам, ќе повторам од капацитетот 400 постојано над 300 празни слободни места... имаме Барокни згради на кејот кој не чинат неколку стотина милиони.... ОГРОМНИ ПАРИ ВЛОЖЕНИ во непродуктивен имот и тоа во време на криза, во време кога станавме први по мизерија, во време кога околу 300,000 се иселени, во време кога исто толку 300,000 луѓе живеат со помалку од 2 $ дневно.... Толку ли беше битно за театарот во град со 45000 жители да се издвојат 12 милиони Евра.... или пак комерцијален објект, еве да се задржиме на инвестицијата на Владата, токму катната гаража, која реков е направена на хектар најскапоцено земјиште во центарот (кое можеби чини и 5 милиони Евра, самата (зграда) гаража 11-12, милиони евра....и мораше ли да биде баш на таа локација!? Да се присетиме, Зелениот пазар се дислоцира за да се прават катни гаражи? Молам?:pos: На 18 метри од оваа која со плацот можеби и 20 милиони Евра не чини!? Сто години истите грешки се прават (ако ја исклучиме намерата која е многу очигледна)..... Преубави управни згради и фабрики правиме, преубави катни гаражи.... Ние упорно истата грешка ја правиме, не бегаме од лоши инвестирања.... Како на пример се прави индустриски капацитет во Италија, а како овде? Овде се прави убава зграда, а евтини стари или неефикасни машини (или промашена локација и нерентабилна инвестиција).... во Италија се прави обратно: евтина зграда скапи машини.... Абе напуштени касарни и складишта користат тие Талијаните, или градат од евтин материјал згради, магацини.... не прескапи армирани, бетони како овде.... со барок фасади! Па погледнете ја онаа на Американците ‘‘7-ма коњичка бригада‘‘ или наречена ‘‘Тексашка бригада‘‘... тоа е ‘‘сила небеска‘‘ најмоќната воена машинерија во Светот, на која неможе никој да и се спротистави ‘‘еден на еден‘‘ (така барем аналитичарите и познавачите кажуваат)... таа по цел Свет разорува. А истата е сместена во пустина во контејнери.... генералот со 5 ѕвезди е сместен во контејнер направен од нееколошка ОСБ плоча, исто и командата на америчката морнарица сместена е во дрвени бараки како и генералштабот и војската од Тексашката бригада....но имаат нови ефикасни тенкови ракетно оружје, Томахавки и останати чуда, а Генералот е сместен во пустина во контејнер.... овдека во новото МНР се шетаат курајбери рамковни, кои и не го знаат нашиот јазик, ама битно е во во барокни згради, сељандури наши некои тешки говорат акцент, исто во МНР или во Обвинителството со купени дипломи од ред! ... надувани и смрдени скопски фраерчиња и фуфи исто со дипломи од универзитети кои се наоѓаат на 2368 место на Шангајската листа (како проектите на Владата, толку ли беа!? 2368?), фатиле фотељи во барокнине згради кои не чинат 100-200 милиони.... веројатно и школата за хеликоптери и понекој генерал се кријат под скапи фасади од 50-60 милиони Евра.... а онаму хеликоптерите наши не палат или се нема пари за гориво па не ги летаат многу, посран хеликоптер нема на небово со трн да гаѓаш нема!... (тенкови и незнам дали имаме)....
ДАЛИ ВО ОВА ЛУДИЛО ИМА СИСТЕМ?
Не 3,9% раст на ГДП..... 13,9 ни се малку со ваква идиотска редистрибуција!
 
Последно уредено:

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Раст на индустриско производство

2013г. 2014г.
Јан. -1.3 % +6.4%
Фев. +4.5 % +4.1%
Мар. +4.2 % +0.6%
Апр. +4.0 % +2.2%
Мај. -2.8 % - +9.7%
Јун. +1.9 % -
Јул. +3.9 % -
Авг. -1.2 % -
Сеп. +5.1 % -
Окт. +6.9 % -
Ное. +3.1 % -
Дек. +9.5 % -

Јан. – Maj. 2014 година, во однос на Јан. – Maj. 2013 година, +4,5%
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
Сме имале поголем раст од сите земји на ЕУ, вау! Не може тие 3% раст на БДП на Македонија да се споредат со 3% на, да речеме, Германија или Велика Британија, или мега економии како Кина и САД. Како прво овие се веќе развиени земји кои имаат неколку пати во обем поголема економија од нас и тие 3% кај нив се многу потешко остварливи и имаат поголем импакт. Најпластично објаснето, една развиена земја треба да го испоти газот да оствари 3% раст додека за Македонија доволно е да оствари раст во една гранка, или да има спајк извоз на еден клучен производ (пр. челик) за да се одрази како раст за тој месец.

Од друга страна нашиот раст е неодржлив и вештачки пошто доаѓа највеќе од една гранка - градежништво. Балон - раст. Градежништвото на краток рок е добар буст и темел за развој, но да се гради инфраструктура која ќе и биде во корист на економијата а не мртви проекти од типот на фонтани и споменици. Значи градење на патишта, железница, карго аеродроми, обновлива и ефтина енергија и сл. Само тогаш ќе кажам дека градежништвото прави предуслови за одржлив развој.

Да имавме двоцифрен раст од месец во месец кој ќе беше генериран од мали и средни бизниси, од извоз на финални производи, ќе бев импресиониран. Вака сите green field инвестиции не плаќаат данок а користат атрактивни локации и инфраструктура а профитот си го изнесуваат во матичната земја. Од градежништвото само 2-3 компании добиваат тендери и се богатат. Единствена "светла" точка во целата ситуација е што се намалуваат социјалните трансфери. Луѓето од социјална помош од 2-3 илјади се унапредија на плати од 8000, го сменија статусот од социјалци во вработени ама во реалност се исто пошто инфлацијата како нормална појава кине, но највеќе се осеќа баш на оваа категорија. Јако е, ни се намали невработеноста но ни се зголеми армијата работници за минималец. Уште некоја мега експлоататорска компанија да влезе и ќе бидеме земја со најмала стапка на невработеност, хехе кој е како нас.

Минимален 3% раст за нас не значи развој и подигање на општа благосостојба. Тоа е тапкање во место, особено кога ќе се види од каде доаѓа тој раст.

Ситуацијава ни е како Матрикс филмот, само никако да се разбудиме од матриксот. Мед и млеко. Fuck the red pill!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Остајте ги овие вештачки зголемени проценти на БДП и тврдењата на владата дека економијата заздравува. Фактичката состојба на пазарот, односно кај граѓаните е сосема друга, поточно очајна. Најголем дел од граѓаните неможат да си дозволат да ги купат основните домашни производи за живеење после плаќањето на давачките кон државата. Малите фирми пропаѓаат и се отпуштаат работници а на сметка на тоа големите фирми, повеќето од нив овие најавуваните "инвестиции" цветаат и се вработуваат работници кои работат по 60+ часа неделно за плата од 8500 до 10.000 денари плата без право на одмор ниту пак право на жалба. Од почетокот на годинава најмалку 4000 фамилии се имаат иселено што е тотално разорувачка бројка за мала држава и економија како Македонија. Државата полека тоне, и во тоа неможе да ме разубеди ниту еден политичар. Ќе дојде ден за неколку години кога ќе паднеме во ептен тешка криза, и дури тогаш ќе осетиме што е тоа. Тогаш нема да може да се позајмуваат кредити од цел свет бидејќи ќе нема основа да ги даваат на држава која тоне, а ние не сме во ЕУ за да не спасуваат Германија и Франција како што тоа го правеа со Грците.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Сакате верувајте, сакате не, ама кога го прочитав насловот и потпишаната новинарка, веднаш знаев кои ќе бидат guest stars - почеток со анонимна припадничка на работниот народ, еден „независен“ левичар, еден „северозападен“ , плус двајца “експерти“ - високи поранешни функционери, две-три слободни стрели измеѓу, и крај посветен на мудрите зборови (поента со финта) на „опозицијата“ (кој од опозицијата?).

Дај бе сменете темплејт, ќе имате повеќе читатели и можеби некој ќе ви поверува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom