Растот на БДП 3,3 отсто

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Сакате верувајте, сакате не, ама кога го прочитав насловот и потпишаната новинарка, веднаш знаев кои ќе бидат guest stars - почеток со анонимна припадничка на работниот народ, еден „независен“ левичар, еден „северозападен“ , плус двајца “експерти“ - високи поранешни функционери, две-три слободни стрели измеѓу, и крај посветен на мудрите зборови (поента со финта) на „опозицијата“ (кој од опозицијата?).

Дај бе сменете темплејт, ќе имате повеќе читатели и можеби некој ќе ви поверува.
А што, тебе поарен темплејт ти е извештајот во вести на Шител, со новинар анонимус-труба вклучен линковски од пред Владата, кој му поставува нарачани прашања на шпиртосаниот Ставревски, кој по 100 пати ја мантра истата теза дека каматата на задолжувањето од пола милијарда не била висока..... или еден сегашен уредник-мегафон на МРТВа, кој пред 5-6 години крваво (на изглед) се бореше да опстане тогаш А1, како сега истиот тој во интервју на Самак, Мизо или на споменатиот Ставре, пред да му каже колку е убав и паметен му вели: Леле господине министре, колку странски инвестиции донесовте!? Дали Македонија има толку невработени, те дали ќе најдеме за сите тие фабрики работна снага!? Тој темплејт ти е поарен?
Која анализа не е издржана во текстот објавен во Дојче Веле?.... на пример онаа за ‘‘Џини коефициентот‘‘ - коефициентот на нееднаквоста (за кој поменав предходно на форумиве), по кој коефициент сме најлошо пласирани во Европа, вклучувајки ги и полу-приватните држави создадени од распадот на бившиот Советски Сојуз! Листа на која за 10 години, од 50 и некое, паднавме на 80-тото место! Албанија кога бевме ние на 60-то беше над стото место, сега со сите оние приватни енклави и села што одгледуваат Марихуана во износ од половина наш ГДП се подобро пласирани од нас! Ние сме бетер клептократска енклава! Тоа е факт... тоа неможе да се демантира, ете Џини (Gini factor) го кажува и докажува - факторот на нееднаквоста.... А дека не е ‘‘ташак-сармаси‘‘ оваа анализа, покажува фактот дека на неа работеле можеби и најголемите економисти на денешницава (Кругман и Штиглиц)... и истата е направена за потребите на UN.... што не е во ред со оваа анализа? И ова ли е нарачано од опозицијата?
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Ма 102,4 посто нека е точно, кога е еднострано ме фаќа алергија. Истото важи и за Шител.

Ако обвинуваш (а текстот врие од обвинувања) дај и' и на другата страна да каже што има, па фати ја во лага или демантирај ја. Еве, податоците се точни, ама измешани се со пропаганда, гледање на гравчиња (ова ќе биде, она ќе биде), имало ситуации што ја бунеле професионалната јавност, имало сигнали, здружението било непознато, а било познато кој обвинува („опозицијата“). Тоа е бајаги широк поим. Ако некој изјавил, кажи го со име и презиме, кај *** ќе го бараат читателите на ценетот Дојче Веле?! Ред податоци, ред пропаганда. Една продавачка, еден „од левичарското здружение тоа и тоа“, еден северозападен и двајца поранешни министри за финансии (кои по дефиниција ќе лупаат контра) се загрижената експертска јавност? Немав намера да анализирам ред по ред, но еве при секое читање наоѓам нови небулози.

И нема више да дискутирам на темава, преку глава ми е од загрижени ликови кои со години (Колку се? Осум? Која случајност...) предвидуваат clear and present bankrupt, ма кец у кец, а него го нема, па го нема. Имам попаметна работа.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Не гледајте кој го пишувал гледајте содржински за жал ситуацијата на терен е полоша од текстот а џини коефициентот ни е како од феудална франција пред револуција
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Со онаа теза кои ја вртат опозициски новинари или бивши министри ‘‘само што не сме пропаднале‘‘ (иако ми е сосем ступидно да ја фалат владината економска политика, па јас тоа и најмалку од нив го очекувам!).... ми паѓаат на ум две метафори. Првата е онаа со оптимистот кој паѓа од Empire State building, своевремено највисоката зграда, нели стокатницата во Њу Јорк, паѓа, паѓа, паѓа тој 40-50 ката 60 и некаде околу 30-тиот 20-тиот ги трие рацете и вели: ‘‘Добро е, уште ништо не ми се случило‘‘.... и втората е мислата на француската активистка за човекови права Офелија Латил, која вели: Ние мнозинството сме како жаби кои пливаат во топла вода (веројатно е познат на читателите феноменот на жабата на која и ја топлат водата до степен на вриење, а таа не превзема ништо мислејки дека се наоѓа во нормална средина!?) и предоцна забележуваме дека седиме во ‘‘тенџере за готвење‘‘ веројатно секому му е познато кој е ‘‘зготвениот‘‘....
И така ние сеуште не сме треснале, а температурата на водата во тенџерето не е +100*С... добро, ОК поштујем оптимисти!
Системов кој ни го наметнаа некои курајбери кои... како и многуте уметници или познавачи на уметноста го нарекуваат правецот во уметноста пост-модернизам, а не ни знаат што тој претставува.... така и курајбериве сегашни ни наметнаа еден нехуман систем кој го нарекуваат нео-либерален систем, заснован на доктрината на Џ.М Кејнз, па честопати на провладините медиуми можеме да видиме како владините труби кењаат како нашиот систем бил неолибералниот капитализам, за либертаријанството, за кејнзијанскиот модел.... и тн и тн, незнаејки ама баш ништо за поимите, како и неуките ‘‘познавачи на уметноста‘‘ кои говорат за пост-модернизмот.... а системов всушност фундира на две нешта: првата е брутална редукција на јавното... бастардите наметнуваат тези дека ни се руши личното: преку Фејсбук, преку картичките преку матичен број и дека тие биле одбраните кои ни го бранат личното - нашите човекови права, а гледаме со години колку повеќе ги бранат толку повеќе ги губиме (и оние малку што ги имавме)... и тн а тие (по принципот Држ‘ те го лоповот) го ‘‘однесоа јавното‘‘ ние бранејки го и фокусирајки се на личното, заборавивме да го сочуваме јавното, а поликратијата и тоа како умешно го направи тоа! И второто нешто е: зголемување на класните разлики, те богатите стануваат се побогати, сиромашните се посиромашни.... Токму тој сегмент е нарушен кај нас до коска! Токму таа нееднаквост ја мери Џини коефициентот. А таму како гледаме стоиме најлошо, полошо и од најлошите како што реков. И од Молдавија, Белорусија, Русија, Албанија.... и тн пад за близу 30 места за деценија! Браво за нео-либералците кејнзијанците и либертаријанците!
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Не ме интересира коефициент на остварување на Марксовите влажни соништа за бескласно општество.

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Човек од акција

ПОВРЗАНИ
ТЕМИ
коментарикоста петровтоп
Јас не сум учел факултет 5 години за да имам плата од 15,000 денари. Не можам да работам било што, ја чекам вистинската работа за мене. Овде брат не ја бива. Во странство сигурно ќе добијам плата од минимум 1,000 евра.

Ова се само некои од коментарите кои секојдневно ги слушам од луѓето во мојата околина.
Во исто време на друштвените медиуми фрчат статуси од Робин Шарма, Доналд Трамп, Нелсон Мандела и ред други лидери кои станаа наши херои на денешницата.

Се ова е во ред. Сите овие луѓе треба да ни служат како инспирација. Доказ дека соништата се остваруваат и причина да продолжиме да сонуваме. Но, позади успехот на сите овие луѓе, се крие една работа која малкумина ја практикуваат а тоа е дека за да ти се исполни сонот, треба да работиш за него и на него. Вербата е само почетокот. За да го доживееш неговото остварување треба да се окозиш од работа.

Една друга важна работа која не треба да ја заборавиме е дека последното поглавје од животот на некој човек не може да биде нашето прво поглавје.

Да, Ричард Бренсон е синоним за човек кој ги исполнил соништата ама не верувам дека пред 30 години тој седел дома и си велел самиот на себе- што е мое ќе си дојде. Или пак, дека не му било ни на крај памет да излезе од дома да работи за 100 фунти. Сигурно не го правел тоа.

За да успее Ричард Бренсон, работел се и сешто на почетокот. Исто како Доналд Трамп. Исто како и Робин Шарма. Не се разбудиле тие еден ден и добиле се и се разбира дека никој не им ги сервирал овие работи на послужавник. Не! Тие се бореле, ризикувале и најмногу од се не се плашеле да работат. Знаеле дека само преку макотрпна работа можат да си ги остварат сопствените соништа.

Вистината е драги пријатели дека ништо во животот не доаѓа само од себе. Целиот наш живот е делчиња од мозаик кои се собираат со секое работно искуство, со секој поминат предизвик, со секоја исплакана солза и неуспех. За да добиеш нешто треба да се бориш за тоа. Треба да ризикуваш за тоа. Треба да работиш на тоа. Бидејќи ако само седиме и чекаме чудото да тропне на нашата врата ќе го поминеме сиот наш живот чекајќи и жалејќи се дека животот е суров и дека се обидуваме но работите едноставно не ни одат од рака.

Сонувањето е прекрасно и да треба да се сонува но треба и да се разбудиме и да сфатиме дека секој почеток е тежок но и секоја тешкотија со себе носи лекција која ќе не однесе таму каде што живеат нашите соништа.
Кога ја земав мојата диплома, татко ми ме прегрна и ми кажа- сине, толку од нас, сега е време самиот да почнеш да заработуваш за себе. Мислев дека се шегува но фала му на бога што не се шегувал.

Ја мразев мојата прва работа. Продавав услуги за рефинансирање преку телефон во Англија. Луѓе ме пцуеја на телефон, ми се дереа, ми се закануваа но јас продолжив да вртам. Знаев дека сето ова е само едно искуство кое ќе ме однесе до местото каде што заслужувам да бидам. Не дојде тоа место туку така. Требаше да се случат многу предизвици, многу падови, за конечно да сфатам дека апсолутно се вредело бидеќи нема ништо поубаво од тоа кога си го остварил сонот и знаеш дека тој сон е твоја заслуга. Ти си се борел за него. Ти си работел и плачел за него. И продолжуваш да се бориш бидејќи сфаќаш дека секоја борба колку и да е тешка носи со себе благодети кои ќе те направат подобар и посреќен човек.

Ден денес се чудам кога некој ќе ми дојде на интервју и гледам дека на 25ти години, не само што завршил факултет, туку има и магистратура па и докторат. Искрено, не гледам ништо спектакуларно во тоа дека со твоите 25 години си успеал да докторираш а притоа немаш ни еден работен ден во твојот живот. Вистината е дека исто како сонувањето, и факултетот ништо не вреди ако не го ставите сето тоа знаење во пракса.

Време е да се разбудиме луѓе. Поминаа времињата кога брзо се правеа пари. Живееме во суров свет во кој има уште милијарди луѓе како нас. Она што ќе не направи поразлични од другите е само нашата трпеливост, издржливост и работливост. Само таквите луѓе ќе преживеаат и само на таквите луѓе соништата ќе им станат реалност. Другите 99% ќе продолжат да сонуваат и еден ден кога ќе ги снема ќе сфатат дека сиот живот го поминале спиејќи.

Затоа, не плашете се од работа. Не плашете се да започнете со минимална плата. Не срамете се од тоа што го работите бидејќи тоа што можеби сега ви изгледа како најмизерна работа, чекор по чекор ќе ве однесе до работата од вашите соништа.

Разбудете се и почнете да работите за вашите соништа.

Коста Петров е Основач и извршен директор на Пи Ворлд- глобална агенција за организирање на настани со канцеларии во Скопје, Прага и Баку и присустност во 30 земји во светот.
Тој е и автор на Се гледаме на врвот и Стравот.

Во 2013та година, пресижниот магазин Конгрес го прогласи за еден од 30те највлијателни луѓе во индустријата за настани во Европа.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
А веројатно и Исус бил марксист!? Како и Буда и Кофуцие.... или Ганди, Мартин Лутер Кинг, или Ајнштан или Чаплин, Мандела.... а уствари последниве биле! ;).... Веројатно се и UN кој го користи овој коефициент како параметар како показател за еднаквост, како и најголемите економисти на денешницава Кругман и Штиглиц марксисти!.... Ова епидемија! Сето комуњар до комуњара да му се сневиди!? Веројатно стремежот на луѓето за еднаквост е толку природна работа, колку и алчноста и лакомоста на оние што го трупаат богатството, кое неможат да го потрошат со генерации... и е малку постара идеа од Марксовите соништа...и веројатно ќе преживее и надживее и денес и во иднина, кога сосема се заборави Маркс и неговата филозофија, освен во некои изолирани енклави (Куба, Сев Кореа....)
Сосема легитимна е и другата филозофија, доколку има континуитет и носи резултати.... Ете либертаријанството на Јанко да речеме (оној истиот Јане, кој пред 15-тина години беше на социјална помош тогаш кога 90% функционираше, тогаш кога колку-толку личевме на држава... а денес ете заборавил и се фатил ко ќор за стапов за либертаријанството... да речеме би бил ефикасен тој систем, доколку: креира работни места, ја намалува невработеноста го намалува дефицитот, зголемува извозот и тн и тн.... ама ништо од тоа. Имаме САМО: зголемување на бедата, зголемување на јавниот долг, зголемување на миграција на младите..... и пад на таа листа (Џини коеф.) од 30-тина места за само деценија и пласман најнизок во Европа, пласман барабар со полуприватни земји - шеикати, султанати или диктатури...тоа е тотално распаметување, па би рекол дури и злочин!
Затоа реков.... со ваква редистрибуција, ваков систем, вакви вредности, вакви нееднаквости.... кого уште може да радува раст на БНД од 3,9% во првото тримесечје!?
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945

ЈБГ докторе,таа е..Вакво перење на мозок и заглупавување на масите од страна на елитите,мислам дека немало никогаш во историјата на човештвото.
Апсолутната контрола над медиумите од страна на елитите доведе до тоа младите,оние кои природно треба да размислуваат,даваат и прифаќаат нови идеи,да го прават спротивното.
Инаку,капитализмот кој широките народни маси го прифаќаат како крај на историјата,е мртов.Не постои веќе..Постојат корпорации и потрошувачи.Овој стадиум,кога ќе се створат моќни глобални корпорации и трустови,го предвидел и Mаркс.Го нарекол империјализам,што мислам дека не е баш најсоодветен назив,ама за жал никој не се ни обидува да најде подобар/посоодветен.
Еве една интересна статија за овие работи:
http://www.advance.hr/vijesti/analiza-neoliberalnog-instituta-aspen-pobune-bez-revolucije-koja-ce-promijeniti-postojeci-poredak-nas-nimalo-ne-plase-s-ljevice-odgovaraju-doci-ce-jednom-i-tahrir-koji-se-nece-istopiti-kao-prvi-snijeg-na-suncu/
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Да не бидам погрешно протолкуван сватен.... прифаќам дека либералната економија е поефективна (поефикасна) од било која друга, ниту пак имам нешто против тоа. Кога ќе дојде некој поефикасен систем тогаш ќе ја критикуваме оваа доктрина, но засега нема.... Ама нашево нема ни ‘‘Л‘‘ од либерална или ‘‘Н‘‘ од нео-либерална, кејнзијанска или каква сакате економија...Ова не е демос-кратија, ова е моно-кратија... или плутократија (власт на богатите) - клептократија (на лоповите), власт на одредена група луѓе, уредување во кое не функционират ниту политичка слобода, демократијата, ниту има поделеноста на власта (на законодавна извршна и судска), ниту има слободата во информирањето... а уште помалку функционираат економските закони.Значи држава во која нема слободен пазар, слободна економија, здрава конкуренција.... ниту може да се отствари главната идеја, те алгоритамот на нео-либералната економија: работи, штеди, инвестирај....работи-штеди-инвестирај.... кои услови на држави со таков систем на уредување, а бројност на жители колку Мк (или незначително поголем) им овозможува да прават и по 60-70 милијарди Евра БДП, за разлика од нас (највеќе поради наведените аномалии) се закопавме на едвај 10 млд.... Меѓутоа во такви држави нема ваков патерналистички систем, систем кој го контролира фамилија, систем во кој се врши редистрибуција на сосема неприоритетен начин, да не кажам на улав начин.... Ниту пак има такви социјални разлики кои што нас не ставаат повторно на последно место во Европа.... над 70 и кое место таму... Разлики има и мора да има! Нив ги има и во Данска на пример, ама таа земја ја сврстува меѓу првите 10 на Џини коефициентот Шведска Норвешка и тн.... Претпоставувам истите (како и овде) социјални разлики ги има и во Србија на пример, еве погоре еден линк за Србија која е пред банкрот (по текстот) а веројатно и по фактите!? Држава која веројатно исто како и ние (претпоставувам реков) се наоѓа на многу ниско место на Џини коефициентот.... Има 7,2 мил жители а БНП од 35 милијарди.... за разлика од неа Данска (ја спомнав) со 5,5 милиони прави бруто нац доход 320 милијарди Евра! Е што? Либералниот систем и големата доцијална нееднаквост, ќе го зголеми ЏДП-то на Србија? Будалаштина! Дека не им цветаат и ним рози и дека текстот од линкот има темел нека послужат и следниве факти...
U Srbiji više penzija nego plata
IZVOR: BLIC
Beograd -- Broj penzionera i zaposlenih je skoro izjednačen, pošto je broj onih koji primaju penzije dostigao 1.689.124, dok je zaposlenih 1.734.000.
Kako najmanje 50.000 radnika plate prima sa zakašnjenjem, u Srbiji se trenutno svakog meseca isplati više penzija nego plata
.
Во јавната администрација ние незнаеме кај нас колку работат, но во Србија се претпоставува дека е тоа бројка од 700-750,000...!
Директно во производство имаат вработено само 300,000
Надворешниот долг на Србија е блиску 70%
Трговскиот дефицит на Србија е 5,5 млд Евра....
Србија има најмало учество на извозот во БНП на државата (најмало со Албанија) Уделот на извозот во целиот производ е само 35%.... Кај нас по податоци од заводот за статистика од 2012 учеството на извозот во ЏДП-то е 53,6% (последниве две години веројатно те се надевам поголемо!?
И сето тоа, иако по некои податоци од 2001 до денес им се дадени (знаеме зошто) неповратни средства во износ од 6 милијарди.... ако не се лажам избришани старите ЈУ кредити, барем од Париски и Лондонски клубови....
И уште еден куриозитет (незнам колку е точен, ама тврдат нивни еминентни економисти) за северниот ни сосед: Знаеме дека приватизацијата (од познатите причини најдоцна ја почнаа и имаа можност да учат на туѓите грешки и на нашата.... но вредноста на нивната приватизација, сето она што продадоа, приватизираа... чини толку колку третата по големина бугарска банка, толку колку што чинат хрватска INA или словенечки LEK... просто неверојатно звучи, ама неколкупати го имам чуено на нивни телевизии!
Нешто ми е познато ова со распродажбата.... и со тобоже: либерал-кејнзијанската- ах да и како советник го ангажираа Штрос Кан, претседател на светска банка беше ли што сурат, па и се фрли на собарка во хотел..... па и го викаа неколкупати држеше семинари предавања обуки големиот економист Кругман.... Џабе!
И нив и нас, само Дејвид Коперфилд би можел да не спаси! ;)
 
А ако направиме компарација со линкот што го постирав и ситуацијата кај нас мислиш дека сме слични со Србија?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
А ако направиме компарација со линкот што го постирав и ситуацијата кај нас мислиш дека сме слични со Србија?
Крајот со вакви политики е само техничко прашање, не е прашањето дали, туку кога..... !?
Повторно ќе кажам (иако личи на клише и сите го знаеме).... се додека не си ја свати секој својата улога... а државата и политичарите најмногу, дека нивната улога не е да ја градат економијата, не е да креираат работни места те да вработуваат, не е да се мешаат во другите власти (на пример во судската) или во медиумите и информирањето.... туку да овозможат да се направи мала, демократска, евтина држава, со мала но ефикасна администрација, власт која ќе овозможи да се врши редистрибуција и финансирање проекти по приоритети, власт која ќе овозможи владеење на правото - на легислативата и регулативата, со што ќе се овозможи развивање на слободен пазар, слободна економија, конкуренција, власт која би го стимулирала производството и извозот, финансирала науката и здравството, одбраната.... само тоа би овозможило добар темел на државата и развој на економијата, секако и креирање на нови работни места, зголемување на националниот производ..... Не е должност на власта да гради згради, мостови, споменици, жичари... туку да гради евтина и пред се ефикасна држава која ќе функционира долгорочно. Не е нејзина задача да вработува, туку да создава услови за креирање на нови работни места... А со мешање на државата во сите сфери на живеење: со укинување на независни медиуми и редуцирање слободата на говор, единствени во Европа со политички затвореници во 21 век, со протекционизми во бизнисот, местени тендери, набилдани до бесвест со анекси проекти, неефикасно и зависно од власта судство, вработувања по партиски линии, расфрлање на првиот нивни ешалон со станови и џипови и станување преку ноќ могули, додека 300,000 се невработени, исто толку иселени, исто толку кои живеат со помалку од 2$ дневно!.... во тој случај крајот е само техничко прашање. Таква политика не е одрржлива ни на среден, а камо ли на подолг рок и далеку од тоа дека носи развој.
Значи видовме и се уверивме дека не еден, туку повеќе такви проекти на ‘‘Рес-привата‘‘, (наместо Рес-публика), не успеава и таму крајот на 90-тите пропаднава....декларативно барем се бориме против против Комунизмот (Социјализмот), со негови методи... ова е антикомунистички Комунизам.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=791F20A5C18574409B19457B9D49A276

Не се нормални демек во скопје за 100 квадрати во Љубљана ќе сте купеле 38 квадрати а сигурно земале цени од зградите во најскапиот дел таму само за да прикажат дека во македонија демек се ефтини. Абе абдали едни во Дизелдорф во населба од типот на Аеродром е 1200 еур квадрат а е петти град по стандард на живот во светов а во аеродром испод 1000 еур нема стан ама ако пумпајте цени кога ќе ви пукне тој градежниот меур и за 300 еур ќе давате само ќе ги унаказите тие што платиле по 1200 не ќе можат ни пола пари да си ги вратат. Во Македонија не смее да има стан поскап од 800 еур ама ајде ќе видиме до кога вештачки ќе ги држат а неможат да ги продадат.[DOUBLEPOST=1406182954][/DOUBLEPOST]http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=7&vest=15245
 
Последно уредено:

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Раст на индустриско производство

2013г. 2014г.
Јан. -1.3 % +6.4%
Фев. +4.5 % +4.1%
Мар. +4.2 % +0.6%
Апр. +4.0 % +2.2%
Мај. -2.8 % - +9.7%
Јун. +1.9 % -+4.9%
Јул. +3.9 % -
Авг. -1.2 % -
Сеп. +5.1 % -
Окт. +6.9 % -
Ное. +3.1 % -
Дек. +9.5 % -

Јан. – Јун. 2014 година, во однос на Јан. – Јун. 2013 година, +4,5%
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Раст на индустриско производство

2013г. 2014г.
Јан. -1.3 % +6.4%
Фев. +4.5 % +4.1%
Мар. +4.2 % +0.6%
Апр. +4.0 % +2.2%
Мај. -2.8 % - +9.7%
Јун. +1.9 % -+4.9%
Јул. +3.9 % -+5.9%
Авг. -1.2 % -
Сеп. +5.1 % -
Окт. +6.9 % -
Ное. +3.1 % -
Дек. +9.5 % -

Јан. – Јуl. 2014 година, во однос на Јан. – Јуl. 2013 година, +4,7%
 
Kajgana Shop

На врв Bottom