Растот на БДП 3,3 отсто

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

пред 20 часа 0
Теми: бдп, државен завод за статистика, раст
Коментари: 0
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2013 година е 3,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Пораст е забележан во повеќе сектори, но најголем во градежништвото, 30,5 отсто, Сообраќај, складирање и врски, 5,8 проценти, и Трговија на големо и мало, Поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата, 2,8 отсто.​
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2013 година во однос на истиот период лани, номинално расте за 4 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 72,8 проценти. Извозот на стоки и услуги номинално се зголеми за 7,2 отсто, а увозот бележи намалување во номинален износ од 2,1 процент.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ако земат уште некој кредит да ја плаќаат ПРЕКУБРОЈНАТА администрацијата и пензионерите БДП ќе порасне и 10%
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Ако земат уште некој кредит да ја плаќаат ПРЕКУБРОЈНАТА администрацијата и пензионерите БДП ќе порасне и 10%

ако па изградат уште некој споменик има да порасне за 30%,кај ќе ни биде крајот :pos:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
ако па изградат уште некој споменик има да порасне за 30%,кај ќе ни биде крајот :pos:
На тепка ама го погоди растот во градежништвото :)

Според објавените податоци во второто тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите Градежништото 33,2 отсто, Сообраќај, складирање и врски од 7,5 отсто и Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 4,1 отсто.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Гледам добро ти е испран мозокот....или не, земаш некоја дневница за реклама?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тапа годинава ќе заврши. Трето тромесечие потфрли, го очекувавме најсилен. Четвртиот шта да ти причам кад све знаш.

Патем наплатата у Декември е денар не се движи, стоп, нула денари трансакции. Судовите преполни.

Сума сумарум позитивна рецесија и годинава :D

Трета или четврта по ред не бројам више. Тука па тука. Ајде следна ќе биде подобра! Мислам дека дното е допрено, само ме плаши под дното да не има дно.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Патем наплатата у Декември е денар не се движи, стоп, нула денари трансакции. Судовите преполни.

Сума сумарум позитивна рецесија и годинава :D
Аман бре, мислев Германија е поасална од нас, а ти ме разочаруваш :D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Аман бре, мислев Германија е поасална од нас, а ти ме разочаруваш :D
Немам раскрстено со Македонија јас, уште ги финансирам :D
Пензијата од Македонија ќе ја земам, така решив. За инат, досега што плаќав, сакам се да ми вратат.
 
B

Borg_Drone

Гостин
А извештај за долговите?Или пак да напишат нешто во врска со тоа колку должи по банките едно просечно македонско семејство?Или пак за тоа мораме да молчиме?!Ние сме феномен од држава, после осум години земаме кредит за градење на патишта, притоа запоставувајќи ги другите важни работи: енергетиката и железничката инфраструктура.За две години луѓето на Марс ќе стапнат, а ние ќе се расправаме тука за тоа на кој му е поголем...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
**LION**: "Растот оваа година се должи на минтагодишниот пад на БДП“

33% градежништво, балон што кога-тогаш ќе пукне...

Туку, Стефус во обид да си ги крене акциите на берзата се изнаотвара позитивни теми во Економија и бизнис иако веќе има една „генерална“ тема за БДП, ако не се смета, тогаш треба да се направи нова и да се стави горе.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
сега ко ќе навалат јапанци швицарци норвежани... да емигрираат македонија во потрага по поубава иднина
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
**LION**: "Растот оваа година се должи на минтагодишниот пад на БДП“

33% градежништво, балон што кога-тогаш ќе пукне...

Туку, Стефус во обид да си ги крене акциите на берзата се изнаотвара позитивни теми во Економија и бизнис иако веќе има една „генерална“ тема за БДП, ако не се смета, тогаш треба да се направи нова и да се стави горе.
Тоа Лион никад не го рекол. Лион вака би рекол: Годинава споредено со лани имаме 3,3% на бдп во второ тромесечие. Со овој показател Македонија е најдобра во Европа! Споредено со БДП на Европска Унија, Македонија е трета по ред според растот во двете тромесечија годинава. Македонија според Светска Банка е најдобра и во Еу според раст на БДП. Како растот во Македонија нема никаде. Невработеноста падна на замислете 28% тоа во историја на Македонија го нема! Инвестициите се на највисоко можно ниво. Владата најави изградба на автопати, Македонија ќе биде центар на Европа. Растот на БПД се должи и на милионите туристи по повод Скопје 2014. Милиони и милиони аранжмани распродадени. На Скопскиот аеродром кој воедно е најубав аеродром во 2012 во Еврпа милиони патни на ден пристигнуваат. Парите за скопје 2014 година се веќе вртаени. Џабе кукате, кога фактите говорат дека сме најдобри во се. Па дури и најзагадени.

А Стефус е еден фин дечко, шармантен кој ми недостига да пиеме едно кафенце во Ли и да си муабетиме. Далеку е он од пропаганда на вемеро ако така ви изгледа :)
 
Да, знам како би пишал Лион, само неговиот муабет кога имаше пад беше дека тоа се должело на минатогодишниот раст, а сега растов по таа логика се должи на минтагодишниот пад, со други зборови, еден напред, еден назад, и така во Вардар...

А Стефус не тера политичка пропаганда, он само се грижи берзата да се врати на 2007ма, знам дека е фин дечко, ако ми текне да инвестирам ќе станам и јас како него со позитивните гледања на ситуацијава и дека може ќе порасне берзава. :D
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Нешто што е поврзано со икономиката, растот и до колко надворешните пазари веруват во дадена икономика - тоа е кредитниот реjтинг. Еве во краjот на 2013 година какви беха кредитните реjтинзи во Европа според S&P.

Много е интересно да се анализират реjтинзите.
Повекето држави во источна Европа не са со инвестицки реjтинг.
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Индустриското производство во декември забележа раст од 9,5%

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 отсто, Капитални производи за 43,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,1 отсто.

- Ја истеравме некако годинава во плус.

Јан. -1.3 %
Фев. +4.5 %
Мар. +4.2 %
Апр. +4.0 %
Мај. -2.8 %
Јун. +1.9 %
Јул. +3.9 %
Авг. -1.2 %
Сеп. +5.1 %
Окт. +6.9 %
Ное. +3.1 %
Дек. +9.5 %

2013 во однос на 2012 +3.2%
 
Kajgana Shop

На врв Bottom