Растот на БДП 3,3 отсто

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Изненадување е растов од 9,5%. За 43,8% пораснале Капитални производи, другото се си е во граници на нормала. Неможам да најдам што спаѓа во ова?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најверојатно Капитални инвестиции по егзотични острови.
Тоа спаѓа во Македонски инвестиции надвор од државата.

Апсолутно не постои дефиниција, што спаѓа во оваа точка кај нас. Па ако налета некој на ваков податок нека сподели живо ме интересира.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Тоа спаѓа во Македонски инвестиции надвор од државата.

Апсолутно не постои дефиниција, што спаѓа во оваа точка кај нас. Па ако налета некој на ваков податок нека сподели живо ме интересира.

Капитални производи

-Производство на метални конструкции

-Производство на цистерни, резервоари и садови од метал

-Производство на парни котли, освен котли за централно греење со топла вода

-Производство на оружје и муниција

-Производство на машини за општа намена

-Производство на други машини за општа намена

-Производство на машини за земјоделството и шумарството

-Производство на алатни машини за обработка на метали и машински средства (алати)

-Производство на други машини за специјални (посебни) потреби

-Производство на моторни возила

-Производство на каросерии за моторни возила, производство на приколки и полуприколки

-Производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила

-Изградба на чамци и бродови

-Производство на железнички локомотиви и шински возила

-Производство на воздухопловни и вселенски летала како и сродна машинерија

-Производство на медицински и стоматолошки инструменти

-Поправка на фабрикувани метални производи, машини и опрема

-Инсталирање на индустриски машини и опрема
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Зошто насловиве не се во наводници?.....или „Пуста желба растот да ни биде 3,3“.....или „Владата си замишља раст од 3,3%“ или „Државен завод за статистика ќе прикаже економски раст од 3,3%“?
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
64
Поени од реакции
79
не е никаков проблем да се направи раст од 3 посто, чак ни од 5 не е проблем, не знам зошто тоа се прикажува како успех. Други параметри се поважни.
 

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
не е никаков проблем да се направи раст од 3 посто, чак ни од 5 не е проблем, не знам зошто тоа се прикажува како успех. Други параметри се поважни.
На пр. ? Дај докажи се, нека живне дискусијава малце
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
64
Поени од реакции
79
На пр. ? Дај докажи се, нека живне дискусијава малце
Не дека не е важен бдп али не кажува многу. Многу битен е трговскиот дефицит, кој ни кажува дали една држава е конкурентна. Исто дефицитот на тековна сметка кажува кај одат парите. Голем дефицит на тековна сметка,може да значи дека се земаат кредити од странство, но ако кредитите ги зема приватниот сектор тоа не е проблем.
Тоа што е интересно е што се вели дека се иселиле 500 илјади луѓе. Значи ако бдп порасне за 3 посто, бдп пер капита треба нешто побрзо да расте што е ок.
Сепак брз раст на бдп може лесно да се креира и може да трае и година две три. На пример со многу кредити, инвестиции, инфлација, укинување на социјална држава, стррански инвеестции. Али со кредитите и инфлација доаѓаат и проблеми.
Сепак тоа што нас ни треба е во просек по 7% раст на бдп годишно едно 20 години. Тоа значи дека во 20 години би имале 4 пати повисок гдп што е доволно прифатливо.
Најважно е тој раст на гдп да се достигне со странски инвестиции кои ќе се во просек 15% од бдп годишно исто едно 20 години.Тоа е всушност единствениот начин да излеземе од ситуацијава. Али за такво нешто да се случи треба многу работи да се направат.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
На пр. ? Дај докажи се, нека живне дискусијава малце
БДП-то во суштина т.е најголем процент од него е колку пари се потрошени од страна на граѓанството. Што не е мерка, бидејќи може да имаме 100 тајкуни како Абрамовиќ и да потрошат азно неброено секоја година, а останатите ѕвонци со 100 евра и сите јадеме грав со колбаси е работата.
Ова е само гледање од страна на економистите за тоа што значи благодетен живот, а не од страна на луѓето што го живеат тој живот.
Подобра мера за благодетен живот е колку е минималецот за да можеш да си обезбедиш убав живот без кредити и колкав процент на луѓе го имаат тоа ?
А под убав живот се мисли на да можеш стабено да се обезбедиш, да поседуваш кола и тоа во рок од 5 години, да одиш на одмор, па макар тоа било и соседното село.
Ако втората мера се земе во предвид тоа не одговара политички, бидејќи јас не сум слушнал политичар кој е на власт да кажува секоја година дека животот е помизерен и затоа БДП се зема како покажател на успешност.
Затоа иако БДП-то експлодира во Кина и викаме дека е економски џин, во реалноста имаш празни цели градови (бидејќи нема кој да ги купи стан), минималецот е како кај нас, се самоубиваат на работа и ред други работи.
Затоа на економистите не треба да им се верува бидејќи нивните теории немаат докази
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Колкава е инфлацијата споредена со растот на БДП?
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Моментално инфлацијата е 0.3 , а во Јули сме биле во дефлација 1.1 % :)
Мислев на годишно ниво, затоа што растот е процентуално на годишно ниво.

едит. Погледнав на страната на Заводот за статистика. Варира од -1.1 до 1.3

Интересно е кога имало дефлација, има пад на индустриското производство. :)
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Индустриското производство во декември забележа раст од 9,5%

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 отсто, Капитални производи за 43,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,1 отсто.







- Ја истеравме некако годинава во плус.

Јан. -1.3 %
Фев. +4.5 %
Мар. +4.2 %
Апр. +4.0 %
Мај. -2.8 %
Јун. +1.9 %
Јул. +3.9 %
Авг. -1.2 %
Сеп. +5.1 %
Окт. +6.9 %
Ное. +3.1 %
Дек. +9.5 %

2013 во однос на 2012 +3.2%
Одлично е што преработувачката индустрија има пораст од +13,1% и капиталните производи од +43,8%, а под капитални производи се подразбираат и машининеријата (можеби од машините кои ги внесуваат новите странски инвеститори).
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Одлично е што преработувачката индустрија има пораст од +13,1% и капиталните производи од +43,8%, а под капитални производи се подразбираат и машининеријата (можеби од машините кои ги внесуваат новите странски инвеститори).
Зборуваш за индустриско производство, а го пишуваш зборот внесуваат. (увоз)

Индустриското производство во 2013та порасна за 3,2%.

Во 2012та имавме пад од 6,6%.

3,2% - 6,6% = ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom