Зошто вистинската љубов е кратка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Дури и онаа на Ромео и Јулија е вечна.Иако умреле прерано(ташаци,ја коа викам да не се заебаваат со аптекари и апчиња),сепак приказната останала и нивната љубов е сеуште мегу тие страници и може да ја почувствува секој кој што ке ја прочита книгата.Добро,веројатно и благодарение на тој што толку добро знаел да зграпчи љубовта во неговите зборови.Можда коа некој друг би ја пишувал нивната приказна,би читале за двајца идиоти шо не знаеле да го живеат животот како шо треба,слабаци без никаква волја,за кои единственото решение е смртта.Ама...нема веза тоа.


Ромео и Јулија биле занесени дечишта (колку имаа, по 16 или 18?), кои мислеле дека се сакаат. У принцип им било интересно дека им било забрането. Да им било дозволено сигурно ќе се раскинеле за пола година. Вистинска љубов мај ес. Шекспир е тој што ја направил вистинска, не тие двајца. Тие биле будалишта, кои умреле заради неспоразум. Поглуп начин да умреш има ли?
 
бидејќи не постои:baeh:
 
Постои вистинска љубов , ама толку е кратка бидејќи стануваме размазени,чувствителни и најмала глупост од страна на партнерот ќе ја сватиме како лична навреда и одма раскинување проследено со плачење,солзи...
 
бидејќи не постои:baeh:

Ај да појдам од прашањето:Што е вистинска љубов?
Секој различно би одговорил на ова. Според мене вистинската љубов е таа која личноста која ја сакаш, ја ставаш пред себе, заеднички ги решавате проблемите кои било кој од вас двајцата ги има, секогаш постои кругот на доверба меѓу вас двајцата (звучам ко Де Ниро ама така е:pos:. Дали постои вакво нешто? Убеден сум дека постои и дека е вечно. Само ако едниот од вас двајцата глуми веднаш сево ова паѓа во вода. Затоа единствен одговор за добра и стабилна врска е двајцата да бидете тоа што сте (ептен забегав од темава)
 
Ја би рекол за љубовта едно КРАТКО АМА СЛАТКО! па сеа била долга или не тоа незнаем.хехе
 
Еј па не мора да значи дека ако некоја љубов е вистинска, е кратка. Ако била кратка и сме останале без партнерот, тогаш таа воопшто не ни била вистинска.
Под вистинска подразбирам кога во еден пар се гледа љубов, разбирање, почитување.
Ама во случај пак темава да значи ,,Зошто кога вистински сакаме ретко има љубов,, тогаш така е дека не не засакале партнерите или дека не можат да бидат со нас...или нешто слично:)
 
Вистинската љубов е вечна ! Кратка е само онаа лажната, одглумената...:salut:
 
Понекогаш се случува во краток временски период емоциите,страста да кулминираат навистина силно.
После некое време кога ќе се спуштите на земја работите нема да се одвиваат како што сте посакувале, на пример доколку избрзано се решите на заеднички живот,постојано заедно, може да си сметате еден на друг,да нема заеднички јазик во однос на навиките итн. па и многу караници и сл.

Меѓутоа треба да се направи разлика меѓу љубов и врска, може да постојат силни чувства а сепак врската да биде проблематична неодржлива. Може да се јави и силна љубомора која ќе ги задуши чувствата.
Повеќе станува збор за усогласување на карактерите, хармонија или баланс во врската со што полесно ќе се одржат тие чувства.
Вистинската љубов не е дадена одржлива сама по себе,треба да се води грижа за неа.
 
Кратка е зошто е слатка. И вистинска.

Ретардирано прашање,

Ист таков одговор.
 
Љубов ??

Во почетокот.. кога сте вљубени, се изгледа совршено, но тоа привидно совршенство секогаш ќе се нарушува со се позначајна појава на караници, судири, незадоволство и емоционално или дури и физичко насилство.

Се чини дека повеќето љубовни односи стануваат односи љубов / омрза... Се смета дека тоа е природно.

Потоа односот осцилира извесно време, неколку месеци или неколку години, меѓу поларитетите љубов и омраза и ви дава исто толку задоволство колку што ви задава и болката.

Не е невообичаено паровите да станат зависни од тој циклус. Нивната драма им дава чувство дека се живи.

Може да ви се стори дека се би било во ред и дека односот прекрасно би цветал кога би можеле да ги отстраните негативните или деструктивните циклуси - но за жал, тоа не е можно. Поларитетите се во заемна меѓузависност. Не можете да го имате едниот без ругиот. Позитивниот веќе го содржи во себе сеуште неманифестираниот негативен поларитет.

На позитивната страна вие сте вљубени во својот партнер. На почетокот тоа е длабоко задоволувачка состојба. Чувствувате дека сте полни со живот. Вашето постоење ненадејно добило зошто некој има потреба од вас, ве посакува и придонесува да се чувствувате посебно, а вие го правите истото за неа или него. Кога сте заедно чувствувате дека сте комплетни. Тоа чувство може да биде толку силно што остатокот од светот станува безначаен.

Меѓутоа, можеби исто така сте забележале дека во таа голема љубовсе јавува чувство на потреба и еден вид преданост. Станувате зависни од тоа лице. Тој или таа ви дејствуваат како дрога. Во облаци сте кога дрогата е достапна, но дури и самата можност и помисла дека тој или таа можеби нема да биде тука за вас може да води кон љубомора, посесивност, емоционална уцена, прекорување и обвинување - може да води кон страв од губење.

Ако другото лице навистина ве напушти, тоа може да предизвика најсилно непријателство или најдлабока жал и очај.

Каде е тука љубовта??? Може ли љубовта за миг да се претвори во својата спротивност??? Дали тоа воопшто и било љубов или само зависничка преданост кон другото лице и грчовито држење за него ?
 
Кратко и јасно `се што е убаво кратко трае`,тоа важи и во љубовта за жал.
 
Ехх, баш тоа не важи за вистинската љубов.
Бракот не е од љубов? Трае со години и години, се` додека смртта не ги раздели.

Може е до мене, ама никако не можам да си сфатам како може љубовта да биде вистинска, а да биде кратка. Таа е вечна.
 
Ехх, баш тоа не важи за вистинската љубов.
Бракот не е од љубов? Трае со години и години, се` додека смртта не ги раздели.

Може е до мене, ама никако не можам да си сфатам како може љубовта да биде вистинска, а да биде кратка. Таа е вечна.

На почеток љубов......после е навика....едноставно тој е човекот со кој го поминуваш животот, заедно сте, сте створиле многу работи, имате деца....а љубовта? не дека исчезнала баш, ама избледела!

Токму и затоа вистинската љубов е кратка! На почеток ви е убаво, додека трае, после.....ја нема, се е навика!
 
На почеток љубов......после е навика....едноставно тој е човекот со кој го поминуваш животот, заедно сте, сте створиле многу работи, имате деца....а љубовта? не дека исчезнала баш, ама избледела!

Токму и затоа вистинската љубов е кратка! На почеток ви е убаво, додека трае, после.....ја нема, се е навика!
Ја снемува или бледее, не разбирам... Ок, твое мислење е тоа за бракот...
Баш децата се оние кои се плод на љубовта и децата ги зближуваат родителите. Можеби живеам во бајка, но така си гледам на работите. Во некои случаи, да, преминува во навика, но знам луѓе кои имаат по 70 и повеќе години, кои си се бакнуваат за добра ноќ, си кажуваат дека се сакаат, си се потсетуваат на старите добри денови...
Вистински се сакале, се сакаат, и ќе се сакаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom