Зошто толку му се “отвораме” на форумов?

  • Креатор на темата Креатор на темата Болиглава
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно оти не не знаат како личности а и никогаш нема да не запознаат...си кажуваш некои работи што не би можел да ги кажеш у фаца на некој свој другар...те советуваат луѓе кои веројатно поминале низ тоа или се поискусни од тебе...форумот може да биде и рамо за плачење....
 
До толку се немам отварано...само кажувам некои случки шо сите мои блиски ги знаат и не кажуват толку за мојо карактер...
 
Можеби тоа се случува баш од таа причина што имаме потреба да се отвориме и да си кажеме што не лежи на душа едноставно имаме потреба да се изпразниме а немаме баш најсоодветна личност на која можеме да и веруваме и да и ги кажеме сите наши тајни и интимни ствари.Додека на кајгана можеш да си кажеш се.. и тоа шо треба и тоа шо не треба без никој да знае за тоа бидејки тоа го правиш со скриен идентитет односно скриен потпис и аватар а плус можеш да фаташ и некој совет гратис :wink:.
Иако јас форумов не го користам за тие работи бидејки сметам дека имам на кој да се потпрам и да му кажам што ме мачи.... повеке го користам за забава и споделување на различни мислења и искуства
 
Pa neznam dali se otvaram ne sum svesna za toa kolku se otvaram na forumov, mislam deka ne preteruvam... samo si ostavam moi mislenja na temive so mi se bendisuvaat:helou:
 
Некогаш се отворам на форумов,некогаш не зависи од расположението...

Но не се отворам толку да му ги кажам моите мрачни тајни :pos2:
 
Форумот служи за дебатирање во одредени теми со кои се искажуваат ставови кон одредени нешта, а не интимни работи од приватниот живот.
Тргнувајќи од македонскиот менталитет, ако знае човекот интимни работи за тебе тогаш ќе дебатира со нив, а не со твојот став.
 
А зошто да не кога ми се можи :icon_lol:.
 
Јас не се отварам на форумот ..не споделувам некои интимни детали кои попрво би ги кажала на некоја личност која го има заслужено тој статус како таква постоечка во мојот живот одколку да замaрам и да се лигавам по форуми (ко на некој да му е грижа). На Кајгана сум зошто имам корист пред се од неа потоа идат забавата и дружењето кои ретко се дел од интимниот живот на било кој член. Се на се имам два поста каде доаѓа до такво "отварање" и не си давам доволна јасна причина зошто да продложам со тоа а сигурно имам попаметна работа.
 
Не мора да значи дека сите се отвараат. Ќе зборам за мене - си кажувам се, што-како, и сметам дека е океј, затоа што глупо е по цел ден да си на едно место и да комуницираш со луѓе за кои не знаеш буквално ништо. Но има и дел од интимата кој треба да го зачуваме за себе, и не планирам да искажувам чувства/емоции/мисли/ставови/да давам ЕМБГ пред цела македонска јавност, со што автоматски ја нарушувам сопствената приватност. А приватноста е таква што би требало да остане само за една индивидуа, во спротивно е далеку од нешто приватно.
 
Штета што ми се избриша постот каде што објаснив што ми значи Кајгана.Но еве пак ќе кажам...
Кајгана ми помогна во едни од најтешките денови во мојот живот, кога немав на кого да се отворам и да кажам што ме мачи.Таа беше единствената која безрезервно ми делеше совети.Само читаш низ темите и многу работи заклучуваш.Читаш искусни луѓе кои доста поминале во животот и едноставно многу работи кои не ти биле јасни ти се разјаснуваат.Да не беше Кајгана и неисцрпните теми немаше јас да бидам денес ова што сум.Затоа толку и се отварам :pipi:
 
На Кајгана доаѓам чат-пат за да се опуштам, насмеам и да дадам некој добар совет. Според моето лично искуство по форуми се врткаат и квалитетни луѓе, па затоа сум фер кон сите што се фер спрема мене. Се на се, форумот е забава и ништо друго.
 
Не е страшно да му се отвориш на форумот и да истипкаш 3-4 реда околу тоа каков ден си имал ,што тргнало наопаку а што било во ред,да се самопофалиш...
Страшното се членовите кои го читаат тоа :) Порано не беше толку глобализирано местенцево,но сега речиси секој со секого се знае,од поактивната маса на форумџии ,па и оние закриените под ''неприметливи'' никови,за да читаат,затоа што само тоа им преостанало од мешањето во животот на нивната бивша/бивш/соперник/конкуренција. :S :D

Не премногу,повоздржан пристап. За се друго имате споменари,хартија се трпи ем е подискретна. Водете дневник ,be retro.

A зошто му се отвораме,од разни причини...можеби нема кој да не сослуша,сакаме сожалување,внимание,2 минути слава...:P
Или едноставно,не ни се допаѓа ракописот :) :)
 
Свето е ного покварен, неможеш да си најдеш салам другар шо може да те ислуша, барем само да те ислуша, за друго да не говорам. Може да зависе и од некои човечки карактериститки, на пример фалене и ч'лм :)
 
Кој рекол дека се отворам :wink:

Запамтете момци и девојки, ова е интернет...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom