Зошто толку му се “отвораме” на форумов?

  • Креатор на темата Креатор на темата Болиглава
  • Време на започнување Време на започнување
Никој не ме слуша кога му зборам во реален живот.
Ете ми шанса да се искажам кога сакам без некој да сврти глава.
Или може ми ги скокаат постовите, али гајле ми е.
Јас тоа што имам си кажувам.
 
Можеби затоа шо олеснуе одкако ќе раскажеш на некој? А тука на форум баш и не мора секој да знае кој си така да :) Затоа ваљда :)
 
Извинувањето се прифаќа. Продолжете на темата. :)
 
Никогаш не сум почувствувала потреба да се "отворам" на форумов. Немам ниту еден пост на Драга Кајгана, Во врска со љубовта..., Љубовни проблеми и совети... Ниту пак читам што другите напишале. Не дека сум немала проблеми, меѓутоа форумов и воопшто виртуелниот свет е последно место каде што истите би ги искажала, што не значи дека ги осудувам оние кои го прават тоа, секој има право да одлучи за себе како да се ослободи од секојдневните маки, проблеми, негативната енергија. Некои го прават со искажување по гореспомнатите теми, некои со некоја друга активност надвор од виртуелниот свет. Јас спаѓам во оние вторите:smir:
 
Не би рекол дека премногу се отворам на форумов. Сакам да изнесувам свое мислење и да дискутирам со другите на некои теми, но дека ќе пишувам некои којзнае какви интимности тука тоа тешко.
Сепак секој е различен, некој нема проблем да збори за се и сешто со релативно непознати луѓе и јас немам ништо против тоа.
 
Реален живот
Јас: „Здраво
Околината: „Некој рече нешто? Ми се причини како да слушнав шумолење на лисја...“

Кајгана
Јас: „Здраво
Околината: „Здраво бре. Не викај толку, те слушаме...“



Заклучок: му се отвораме на форумов, зашто тука имаме начини да бидеме слушнати, како што не ни успева во реалниот живот. Ако некому му успева во реалниот живот, веројатно не се замара толку со форумов, но тоа е веќе друга тема.
 
Како форумски лик имало моменти кога сум пишувала затоа што никој не ме познавал, затоа што тие што треба ме познавале, затоа што немало на кој друг да му кажам или затоа што сум сакала на некој посебно нешто да му пренесам, секако имаше и фази кога кажував се и кога не кажував ништо.Со текот на времето научив дека нема потреба никој да знае што ми се случува во животот освен избрани три персони кои што навистина имаат поим што ми се случува во животот.
Секако, сите на различен начин ги кажуваме работите, но да ми е жив Бада на една тема многу убаво ги кажа некои работи, нормално дека пола од нас ќе се изразуваат во завиена форма затоа што пола форум ќе не оговара ако ги кажеме така како што навистина се, не дека без тоа нема да се случи собиранката во парк. :)
Личен совет кон оние што сега се впуштиле во некои води ми е да си ги држат прстите под команда и устата затворена ако не сакат да бидат форумски Казанови и Примадони, иако, ако некој нешто сака да каже, ќе го измисли без некој воопшто да се наоѓа во градот.:wink:

На крајот се се базира врз потреба за внимание и желба за промена, некои од нас се контролираат, некои не, битно сите сакаме да пренесеме порака, да насликаме лик кој што е доволно интересен, моите ставови се комплетно исти во реалноста, но Лејди Сатори и Вајо не се истата личност и е нормално да не бидат, зошто тогаш дошло до претопување на виртуелниот со вистинскиот лик а тоа не верувам дека е психички здраво.
Затоа, сите треба да прифатат дека сме дел од еден тип на виртуелна комуна и да не се жалат за тоа дека премногу се отвориле а некој тоа го искористил, т.е. во кратки црти:



 
Ретко го правам тоа, форумов не го гледам како место каде би ги кажала своите претерано лични работи и доживувања баш онака отворено, туку го гледам како место каде ќе ги кажам своите ставови на одредена тема.

Не ми е некое посебно задоволство кога ќе се жалам на Драга кајгана за тоа како денот ми бил лош зашто сум го изгубила црвеното пенкало (само рандом пример), дури и да ме прочита некој ќе остане само на прочитаното, сигурно никој нема да ме праша како ми е, а и да ме праша нема да дојде да ми помогне. Муабетот ми е, немам потреба од изнесување нешта кои останатите форумџии ќе ги сметаат за тотално небитни и не им врши никаква улога тоа како јас сум го поминала денот.

Не ги осудувам ни тие што го пишуваат тоа, можеби тука наоѓаат некаков издувен вентил, јас тоа го правам преку текстовите на зададена тема каде метафорично ги пренесувам чувствата што ги имам во моментов. Но затоа што не се јасно и директно кажани никој друг освен јас не знае да ги „декодира“ зборовите.
 
Реален живот
Јас: „Здраво
Околината: „Некој рече нешто? Ми се причини како да слушнав шумолење на лисја...“

Кајгана
Јас: „Здраво
Околината: „Здраво бре. Не викај толку, те слушаме...“



Заклучок: му се отвораме на форумов, зашто тука имаме начини да бидеме слушнати, како што не ни успева во реалниот живот. Ако некому му успева во реалниот живот, веројатно не се замара толку со форумов, но тоа е веќе друга тема.
Тотално се согласувам ,оние кои успеваат во реалниот живот воопшто немаат ни MSN ,Facebook или Hi5 ,а и сигурно не ни чуле за форумов.
 
Секој на интернет се отвара до одреден степен, најголем дел до најголем степен од причина што со тоа полесно би нашле сродни души за понатамошна комуникација и развивање на односи или само за подобрување на комуникацијата со останатите корисници на форумот, мирц, мсн итн... Предноста е дека доколку би биле осудени би немале ‘опасност‘ од усложнување на ситуацијата бидејќи е интернет дури може и да не се индентификуват со име а да си искажат се за себе како гарант дека се личности кои се добри и дружељубиви.

Пример на ирц скоро сите се отвараа и пишеа се за себе, а во живо најголем дел беа ни приближно отворени туку срамежливи и повлечени. Отварањето кон другите значи и недостаток од внимание и желба да бидеш сослушан па бараш некој кој би те разбрал.

И навистина, личностите чиј секојдневен живот е исполнет и има пријатели за цело време, кај да се друши и движи, тешко дека идат по форуми. Но сами се криви тие што по цели денови седат пред пц
 
Da vidam kako drugite razmisluvaat i sepak drugo e koga nekoj drug od strana spored napisanoto ke sogleda nekoi raboti sto ti nemozes...i ednostavno ke ti gi otvori ocinjata :wink:
 
Сепак 1во правило на сите форуми е приватноста.
Кажувањето свои мислења и пишување автобиографија се 2 различни поима.
 
зошто му се отвораме на форумот ?
епа веројатно оти ни е мн полесно да си напишиме вака и да го прочита некоја Х личност без да знај кој сме шо сме. Или до други зборој кажано, мн полесно е вака виртуелно да се „исповедиш“ отколку тет а тет, барем мене некако полесно ми е :toe: ... а и појќе критики и совети добиваш вака без да знат луѓето кој си и шо си , без никакви предрасуди
 
Во реалноста не успеав да станам ѕвезда. За жал, не успеав ни тука.
 
Се отварам затоа што така се чуствувам во моментот.Не очекувам некој да го прочита тоа но ако веќе сум го пишала значи дека не ми е ни гајле дали ќе го прочита некој или не.
епа веројатно оти ни е мн полесно да си напишиме вака и да го прочита некоја Х личност без да знај кој сме шо сме. Или до други зборој кажано, мн полесно е вака виртуелно да се „исповедиш“ отколку тет а тет, барем мене некако полесно ми е :toe: ... а и појќе критики и совети добиваш вака без да знат луѓето кој си и шо си , без никакви предрасуди
а и ова е неверојатно точно,бар за мене
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom