Зошто религијата се меша во науката?

  • Креатор на темата Креатор на темата OFcp&&&
  • Време на започнување Време на започнување
На „овој„ вториов, местото Му е оддесно на Отецот, како што е проречено уште во Стариот Завет:„Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои„:
Вториов, Христос, откако воскресна, седи оддесно на Неговиот Отец, во Небесниот свет.

нема никакви докази за тоа, што значи дека не е вистина,
се додека не се докаже дека е вистина..
Или, имаш некои материјални докази за тоа што го кажуваш?
 
Да имаше материјални докази немаше ох да ти го кажува тоа, ти веќе ќе си знаеше :smir:
 
Уште ли се дискутира на темава?!? Мики друже ти да не си Јарец у хороскоп па инат да не те фатило а? :smir:
Ајде малце гледај факти, не само да тресеш безвезе! Размисли дека античките грци (не овие денешниве) имале поголемо знаење во сите полиња на науката него да речеме пола од луѓето што живееле на планетава земја у 9 век.... и зашто е тоа така? Пошто додека се развивала античката наука, немало некоја наметната монотеистичка религија туку имало политеистичка во која луѓето не биле присилени да веруваат и да и слугуваат, како што е случајот со христијанскава во горенаведениот период! Науката бележи т.н. блекаут токму во периодите кога со светов владеела црквата!

Толкувањево тие промашено во поим. Ај да обајснам зашто.
Во времето кога е основано христијанството, истото тоа христијанство веќе било опседнато и со други религии кои постоеле или пред него или паралелно со него. Вистината е сосема друга: никој не ги принудувал луѓето да бидат христијани освен ако тие тоа самите не го одбирале. Да не зборувам за гонењето на Црквата кое го имаат спроведувано римските цареви и кралеви, касапејќи ги првите генерации ид христијани. Ни тогаш ни сега,христијанската вера небила едниствена религија па ни тогаш ни сега луѓето не биле/се принудени да ја прифат. И пред 2000 г имаше будисти како што има и сега. Тоа што науката бележи „пад„ во изразито христијанскиот период, е уште едно погрешно толкување. Верата и науката немаат ништо заедничко, понајмалку нивното видување за смислата и целта од овој свет. Во времето од ренсансот и по него, вкупното христијанско видување за иднината и крајоот од светот кој објективно ќе се случи, заменето е со идејата за убавата иднина од утопистот Сен Симон. Тоа е еден досега невиден парадокс: стварноста е заменат со идејата за стварноста! Одтогаш па наваму, почува подемот на науките. А колку се науките „хумани„ и добронамерни, го видовме во најкрвавите светски војни досега, кои се случија токму во времето на „највисоките„ знаења кои човекот ги достигнал. Кога Ајнштајн го испрактикува своето знаење за произведување на првата атомска бомба, тоа беше навистина „хуман„ потег од негова страна. Според тоа, дали една категориа е добра или лоша, најлесно може да се заклучи според плодовите кои таа категорија ги дава. Злото, барем според мене, не е добар плод од нечие однесување. А според тебе?

нема никакви докази за тоа, што значи дека не е вистина,
се додека не се докаже дека е вистина..
Или, имаш некои материјални докази за тоа што го кажуваш?

Хммммм...еве уште еден форумџија кој бара докази. Оние кои бараат докази, и да ги видат, пак нема да поверуваат па ќе бараат уште повеќе докази за веќе докажаното. Под поимот „вера„ се подразбира верувањето во невидено/неслушнато/искуствено непроверено. Во спротивно, верата би се нарекувала физика и хемија а не вера.
Само би потсетил на еден евангелси настан кога евреите, искушувајќи го Христам бараат од Него да им направи „чудо„ поради кое тие (можеби) и би поверувале дека Он е Месијата. Но Христос им одговара и вели:„Род прељубодејствен бара чуда„. И, секако, не им направил „чудо„, зашто нивните матни умови и на тоа „чудо„ не би поверувале, иако би го виделе „чудото„.
 
Мики друже, дали не палеле луѓе заради тоа што кутрите дошле до заклучок дека земјата се врти?
 
Тоа што науката бележи „пад„ во изразито христијанскиот период, е уште едно погрешно толкување. ..............Одтогаш па наваму, почува подемот на науките. А колку се науките „хумани„ и добронамерни, го видовме во најкрвавите светски војни досега, кои се случија токму во времето на „највисоките„ знаења кои човекот ги достигнал
Бележи пад благодарејки на немилосрдниот и најсуровиот прогон на се што е напредно од страна на црквата.
И немој да напредокот го кривиш за сите бељи низ историјата....секоја работа има две страни на медалот...некој ќе го искористи за добро некој за лошо. За среќа тие што го користат за деструктивни работи се во малцинство, (ама за жал имаат брзи резултати) додека користењето во добронамерни работи е побавно, континуирано но сепак резултатите му се видливи и големи
 
Мики друже, дали не палеле луѓе заради тоа што кутрите дошле до заклучок дека земјата се врти?

Оби, друже, за тоа обрати се кај Бенедикт во Ватикан.

Бележи пад благодарејки на немилосрдниот и најсуровиот прогон на се што е напредно од страна на црквата.
И немој да напредокот го кривиш за сите бељи низ историјата....секоја работа има две страни на медалот...некој ќе го искористи за добро некој за лошо. За среќа тие што го користат за деструктивни работи се во малцинство, (ама за жал имаат брзи резултати) додека користењето во добронамерни работи е побавно, континуирано но сепак резултатите му се видливи и големи

Каде е тука среќата. жив ти све? Па денес со една атомска можеш да извршиш етноцид, нешто кое пред 5 века било незамисливо. Но, и ота е , секако, дел од „напредокот„.
Се солгасувам дека резултатите се видливи, толку се видливи што напросто очи вадат. Аналитичарите кои веќе имаат грижа на совеста, на цел глас укажуваат за тоа колку животнски видови се неповратно збришани од Земјава, колку се исцрпени океаните и морињата, каква е загаденоста на воздухот, почвата и водите, а ние овде зборуваме за „големи„ резултати? Тоа е лицемерие невидено: оние кои најмогу трошат и загадуваат и несакаат да си скратат на комодитетот, воедно се најзагрижените екологисти на Земјава.
 
Ти мики да не сакаш да кажеш дека науката е крива за се, и дека подобро да се подржува религијата него науката зошто така е подобро зза човеката егзистенција ? Си нашол алтернативно решение? ако така размислуваш, ок прифаќам дека може и до негде си во право! Ама сепак, глупоста човекова е таа што ги прави сите глупости, нит науката нит религијата немаат никаква поврзаност со тоа а уште помалку господ и ѓаволот! така да религиозното гледиште пак паѓа во вода, и иде оној францускион филозоф Русо кој во своето учење проповеда да човештвото се осврне на своите корени и да се припои кон природата, од каде што и потекнува нели?
 
1. Науаката е апстракетен поим а Ајнштајн и Опенхајмер (и нивните соработници) кои ја створија првата атомска бомба (за која Ајнштајн лееше крокодилски-покајнички солзи) се конкретни личности кои го злоупотребија своето знаење.
2. Да, најдов алтернатива а тоа е секако Севишниот.
3. Од Бога доаѓа доброто а од ѓаволот доаѓа злото.
4. Религиозното-христијанско гледиште сеуште постои зашто сеуште постои Оној Кој го создаде.
5. Жан-Жак Русо е одамна покоен (едно 250-300 г, одприлика) и никој кој го послушал, не отишол во Рајот.
6. Бог ја созаде и природата, која пак е создадена заради и за Човекот (Адам).
 
Големо разидување во ставовите имаме тука..... Многу непоткрепени факти (не за Ајнштајн и другар му)...... Напротив, религијата е аБстрактен поим! верувај дека тие од хирошима и нагасаки ја видоа бомбата која била креација на науката, а никој не го видел господ (креација на религијата)!
Уф..... Жан Жак Русо накратко е филозофот кој ми оставил најголем впечаток! Природата ако е дар од бога, зашто тогаш да ја уништуваме? Има ли верници кои не придонесуваат да го направат овој свет уште понеподнослив за живеење?
"In God We Trust"-познато ти е ова? Сум ги посетил Америте и сум видел какви слепи верници се и као се палат на оваа изрека коа буш ке го каже ова на крајот на некој говор! ама..... тука е проблемот.... Ако веќе го споменуваш ѓаволот, не ли го пронаоѓаш кај сите тие "слепи" верници кои го оправдуваат тоа зло што нивната држава го сее околу светот? Или пак за тоа е крива науката? :) Абе мики мики..... Лесно е кога неќеш да го тргнеш превезот од очите!
 
1. Атомската бомба сама по себе е факт. Недај Боже да ја видиме!
2. Бога го виделе и сеуште Го гледаат само оние кои се достојни (максимално чисти) за да Го видат.
3. И јас, кога читав философија, сметав дека философите се многу мудри луѓе, што е неспорно, Кога почнав да го читам Светото Писмо,Христовите порповеди и Светите Оци, сега философите ми личат на наивни дечиња.
4. Јасно ми е што пишува на доларската банкнота како што ми е јсано и во кој бог тие веруваат. Тоа што амерканците се палат на Бушовите изјави е само показател дека се работи за фанатици и ексклузивци со напумпана гордост („многи сме гоелми,. многу сме јаки„) па затоа и така се однесуваат, а не се однесуваат како искреи верници кои имаат толеранција и кон оние кои не веруваат.
5. Не е крива науката. Ние веќе знаеме повеќе од колу што треба а не сме дораснат за тоа знаење. Затоа цело човештво е веќе забегано во „црвено„. прашање е на момент кога моторот ќе „прокува„

Ај сеа морам да одам. Ќе го продолижиме муабетов.
 
JOJ mikica uporno i uporno izbegnuvash da gi svatish poentite vo moite postovi! Ili gi svakash ama ne ti odgovara da komentirash i da dadesh soodveten odgovor na moite prashanja???
 
JOJ mikica uporno i uporno izbegnuvash da gi svatish poentite vo moite postovi! Ili gi svakash ama ne ti odgovara da komentirash i da dadesh soodveten odgovor na moite prashanja???

Повели, постави ги прашањата. Секако дека какво е прашањето, таков ќе биде и одговорот. На стетовни/рационални прашања, следува и рационален одговор. На верски/духвоно-етички прашања, следува црковен одговор.
П.С. Религијата воопшто не е апстрактен поим! Верните го прифаќаат Божјото постоење како што го прифаќаат и постоењето на очигледниот/рационално и искуствено спознателниот свет.
 
Верниците го прифачаат апстрактното како што го прифалаат и постоењето на очигледното/рационалното и искуственосо со спознателниот сфет.

Заклучок: Не си 100% во право, значи, религијата е апстрактен поим!!!!
 
Ич не е у право него ајде......
 
Верниците го прифачаат апстрактното како што го прифалаат и постоењето на очигледното/рационалното и искуственосо со спознателниот сфет.

Заклучок: Не си 100% во право, значи, религијата е апстрактен поим!!!!

Религијата е конкретен поим затоа што има резултати кои се конкретни и видливи, а би рекој и измерливи.
Апстрактни поими се аритметичките и геометриските идеалитети, оти ниакде во Вселената нема бројки, кругови, квадрати и триаголници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom